verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Владимир Мирчески

Новинарството не смее да биде продолжена рака на власта

на 26. 09. 2015 | |

[Рецензија: Неспособниот Трифун се упати кон скутот на СДСМ]

  Што работа е ова политиката, не само што е неморална, па нели велат дека е проститука, туку е и, како што покажува овој текст, строго наменска. Така, сѐ додека некој ѝ треба на елитата, него „ќе го играат“, ама кога ќе му помине рокот на траење тој, како потрошна стока, ќе биде „пуштен низ вода“. Најверојатно, тоа не е невообичаено и за држави со далеку поголема политичка култура, ама разликата е што во Македонија степенот на „пуштањето низ вода“ соодветствува на плакнење тоалетна школка. Линк до оригиналниот напис: Неспособниот Трифун се упати кон скутот на СДСМ Датум и време на објавување: 19.09.2015, 12:53 Датум на рецензирање: 22.09.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

Новинарството и приватните роденденски честитки

на 19. 09. 2015 | |
 

[Рецензија: СРЕЌЕН РОДЕНДЕН: На денешен ден Сашо Мијалков полни 50 години!]

  Медиумско кабадахиско однесување и присвојување на информативниот простор за лично потпикување и величење на политичка фигура. Ова „ремек-дело“ од материјал нема каква било, ама баш каква било, допирна точка со новинарство. Линк до оригиналниот напис: СРЕЌЕН РОДЕНДЕН: На денешен ден Сашо Мијалков полни 50 години! Датум и време на објавување: 15.09.2015 Датум на рецензирање: 18.09.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

„HAPPY BIRTHDAY MR. EX CHIEF OF SECRET POLICE“

Што да се каже за четиво кое не ги исполнува основните критериуми за информативност. Кажете каква вест е тоа дека на 15 септември бил роденденот на сега веќе поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков? Одговорот е никаква. Оваа т.н. „новина“

Ако прашаш, ти си „на дрога или нервно растроен“, ако тепаш, ништо не ти е

на 15. 09. 2015 | |
 

[Рецензија: Саше Политико на дрога или нервно растроен]

  Плукачки производ наменет само за омаловажување на опозицијата, но, пред сè, на личност која, да бидеме реални, практикува, во најмала рака, контроверзно известување од настани на кои се појавуваат владини челници. Но, начинот на кој тој работи, а очигледно е дека тоа не му е по мерак на властодржецот, никому не треба да му дава за право јавно, повторувам јавно, да ја преиспитува неговата здравствена или ментална состојба и паралелно да дели дијагнози, без притоа да даде некаков саглам доказ. Линк до оригиналниот напис: Саше Политико на дрога или нервно растроен Датум и време на објавување: 10.09.2015, 17:14 Датум на рецензирање: 12.09.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

НАПАДЕН Е, МОЖЕ ДА

Пристрасноста и кредибилното новинарство не одат рака под рака

на 11. 09. 2015 | |
 

[Рецензија: БУГАРИЈА СТАНА СОЈУЗНИК НА ИСИС: Бугарите забранија прелет на руските хуманитарни авиони за Сирија!]

  Исклучително тенденциозно и пристрасно четиво. Класично извртување на фактичката ситуација и спинување за јавно да се оцрни една држава зашто, меѓу другото, не му оди по ќефот на поранешниот „голем газда“ од поранешниот „голем блок“. Пример за тоа што се случува ако помешате сопствени, во случајов проруски сентименти, и вест, а резултатот не е ниту боршч, ниту кредибилно информирање, туку едноставна медиумска папзјанија. Линк до оригиналниот напис: БУГАРИЈА СТАНА СОЈУЗНИК НА ИСИС: Бугарите забранија прелет на руските хуманитарни авиони за Сирија! Датум и време на објавување: 08.09.2015 Датум на рецензирање: 10.09.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

СО ЉУБОВ ОД (ЗА) РУСИЈА

Да не се залажуваме,

Напис според народната поговорка „гладна кокошка просо сонува“

на 7. 09. 2015 | |
 

[Рецензија: Свилениот гајтан на Сорос почна да се стега околу Заев]

  Текстов многу наликува на народното „гладна кокошка просо сонува“. Некој ептен се измачил за некако да протолкува конкретен јавен настап на политички аналитичар, ептен неомилен кај владејачката структура, како јасен и недвосмислен сигнал дека „семоќните Сорос-инсталации“ во Македонија му готват манџа зад грб на лидерот на опозицијата?! И оттука тргнува работата – задкулисни игри, тајни финансиери, свилени гајтани, сите потребни мирудии за холивудско сценарио. Арно ама, новинарството и „правењето филмови“ се две целосно различни работи. Линк до оригиналниот напис: Свилениот гајтан на Сорос почна да се стега околу Заев Датум и време на објавување: 06.09.2015, 12:32 Датум на рецензирање: 06.09.2015  Рецензент: Владимир Мирчески  

ИСТРАЖУВАЊЕ ПО ФАКТИ,

Во отсуство на докази, најлесно е да се искористи „дежурен виновник“

на 4. 09. 2015 | |
 

[Рецензија: Опозицијата фалсификува – решението на Судот за бомбите не го донела Лаличиќ]

  Силни зборови, непоткрепени со докази. Така изгледа и звучи овој материјал кој, забуната што беше внесена преку социјалните мрежи за тоа која судијка го донела решението дека опозициските „бомби“ не може да се користат во судска постапка, ѝ ја припишува токму на опозицијата. Значи, имаме медиумско „цврсто обвинение“ ама непоткрепено со какви било аргументи. Линк до оригиналниот напис: Опозицијата фалсификува – решението на Судот за бомбите не го донела Лаличиќ Датум и време на објавување: 02.09.2015, 12:29 Датум на рецензирање: 03.09.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

„ДЕЖУРНИОТ ВИНОВНИК“ ПРОНАЈДЕН, АМА БЕЗ ДОКАЗИ

Врз основа на што веднаш е утврден виновникот за „лажното“ судско соопштение проширено преку социјалните

Страшни предвидувања со лежерен пристап кон фактите

на 1. 09. 2015 | | sq
 

[Рецензија: 28 септември поплави и земјотреси – во иста вечер Крвава и Супер Mесечина]

  Лесен текст за опуштена летна консумација. Таков би требало да биде, ама некаде работите тргнале по погрешен пат. Така, наместо освежување од горливите политички теми во домашната жешка атмосфера и од регионалните и глобалните проблеми, имаме напис-матеница кој не само што не релаксира туку по читањето внесува нервоза од површноста, паушалноста и од контрадикторностите што го карактеризираат. Линк до оригиналниот напис: 28 септември поплави и земјотреси – во иста вечер Крвава и Супер Mесечина Датум и време на објавување: 30.08.2015, 11:45 Датум на рецензирање: 01.09.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

СЕНЗАЦИОНАЛИЗАМ И ПО ЦЕНА НА САМОРАНУВАЊЕ

Сензационализмот лесно се „продава“ и во тоа нема нити

Партиско-политички ЕПП памфлет не е легитимно новинарско четиво

на 31. 08. 2015 | |
 

[Рецензија: Ветувањата дадени од премиерот Груевски се исполнуваат – граѓаните од полошкиот регион задоволни]

  В рака имаме форма на автопромоција со „глазура“ на некаков си новинарски „производ“. Сепак, треба да бидеме на чисто дека не може да се очекува непристрасна и објективна информација која ќе се базира само на „фали ме усто оти ќе те раскинам“ – пристап. Сè во текстот, мислејќи на сите наведени „постигнувања и напредоци“, се темели само на изјавите на еден политичар, се разбира, премиерот. Значи, неговите настапи се единствената потврда и некаква форма на апсолутната вистина дека фактичката состојба на теренот навистина е таква – розова во изградба.  Линк до оригиналниот напис: Ветувањата дадени од премиерот Груевски се исполнуваат – граѓаните од полошкиот

Збирштина на обвинувања, говор на омраза, отсуство на аргументи, непримерен вокабулар

на 27. 08. 2015 | |
 

[Рецензија: БРУТАЛНИ НАЦИФАШИСТИ: Погледнете како грчката полиција брутално тепа и се изживува со мигрантите!]

  Дека нема дно во „слободниот“ пад на стандардите во домашното новинарство, докажува овој материјал. Ако треба да се окарактеризира со еден збор, тогаш тој збор би бил страшно. Невидена збирштина од обвинувања, омраза, отсуство на аргументи, непримерен вокабулар, сè она што еден новинарски текст не смее да го има. Но, ова не се вообичаени времиња и овој напис не е новинарски производ. Линк до оригиналниот напис: БРУТАЛНИ НАЦИФАШИСТИ: Погледнете како грчката полиција брутално тепа и се изживува со мигрантите! Датум и време на објавување: 25.08.2015 Датум на рецензирање: 26.08.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

ОВА НЕ Е НОВИНАРСТВО, ОВА Е СТРАШНО!

Да тргнеме со ред.

Класична дезинформација

на 24. 08. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Лежел на улица во крв – мигрант прободе полицаец кај Гевгелија]

  Пласирање вест неточна „до коска“. Не само што со ваквото непроверено „кроење“ на еден настан се заблудува публиката, туку и се придонесува за појава на негативни чувства кај јавноста во еден крајно сложен и тензичен период низ кој минува државата. Линк до оригиналниот напис: Лежел на улица во крв – мигрант прободе полицаец кај Гевгелија Датум и време на објавување: 21.08.2015, 09:49 Датум на рецензирање: 24.08.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

„ТРЧАЊЕТО“ ПО СЕНЗАЦИЈА ДОВЕДЕ ДО ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Во овој материјал прекршено е светото новинарско правило – да се објавуваат вистинити и проверени информации. На крајно сензационалистички начин се пласира преземена вест за наводен напад врз полицаец во

Претплатете се за најнови вести