verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Објавени снимки од нуклеарни проби во САД од 1995 (видео)

on 6 - 10 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

ааааа-09876-0980-706-crop-resize

 

[Рецензија: Објавени снимки од нуклеарни проби во САД од 1995 (видео)]

 

1955 или 1995 година?

аааааЛинк до оригиналниот напис: Објавени снимки од нуклеарни проби во САД од 1995 (видео)

Датум и време на објавување: 02.10.2015 11:13

Датум на рецензирање: 03.10.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

„ФАБРИЧКА ГРЕШКА ВО ГОДИНАТА НА ПРОИЗВОДСТВО“!

 Пак ќе прашаме 1955 или 1995 година? Токму тука е проблемот со оваа вест. Ни се пласираат разни години како одредници за видеоматеријалот што прикажува нуклеарни проби на САД извршени во Невада. Искрено, ме збуни насловот, впрочем тоа и ми го привлече вниманието – дека во 1995 година Вашингтон спровел проби на нуклеарно оружје на американско тло?!? Во најмала рака симптоматично тврдење, имајќи ги на ум строгите закони и еколошки правила на САД, дека најмоќната воена сила на крајот од 20 век на своја територија би вршела тестови со најсмртоносното оружје некогаш измислено. Плус, не треба да се заборави дека САД, заедно со тогашниот СССР и со Велика Британија, уште во 1963 година го потпишува Договорот за ограничено нуклеарно тестирање, кој јасно забранува какви било надземни, атмосферски или подводни нуклеарни проби, а снимките со кои написот е проследен прикажуваат експлозија која не е подземна. Натамошното читање на текстот не ја појаснува темата, туку дополнително ја проблематизира. Пак се споменува 1995 година, за на крајот да се наведе дека одобрувањето на тие проби било со потпис на американскиот претседател Двајт Ајзенхауер во 1954 година. Аха, еве ја сржта на „фабричката грешка“. Да, видеозаписот е од нуклеарни проби, да тие се вршеле во Невада, но не во 1995, туку во 1955 година. Имено, Ајзенхауер е претседател на САД од 1953 до 1961 година, период што се совпаѓа со времето кога тој ги одборил тестовите во Невада. Изненадува што ваков превид ѝ се случува на една агенција, извештена во пласирање ваков тип информации, а дополнителен отежнувачки фактор е што оваа преземена вест, што е јасно наведено во оригиналното „пакување“, ја има изнесено вистинската година – 1955.

Ненамерна грешка, превид од брзање, како и да е, сепак е грешка.

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации… – член 1 од Кодексот на новинари на Македонија.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

има грешна информација

балансираност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија (агенциска вест)

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести