verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Приватна објава на „Фејсбук“ претворена во официјална партиска политика

on 8 - 11 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

1111-0988765-098770-crop-resize

 

[Рецензија: Еве како СДСМ ја замислува демократијата (ФОТО)]

 

Ете и тоа го видовме – нечија индивидуална објава на „Фејсбук“, „станала“ официјална политика на главната опозициска партија?! Нема што, медиумската магија која некои или некој ѝ ја продава на публиката како да нема граници. Само што во овој случај, масовната илузија за „народните маси“ е класична политичка „местенка“, која нема врска со магионичарки трикови и со слични занаетски зафати. Ова се партиски матракуки и обиди за печалење на „ситно“, реализирани од веќе „вообичаените виновници“ – медиумските експоненти.

111Линк до оригиналниот напис: Еве како СДСМ ја замислува демократијата (ФОТО)

Датум и време на објавување: 06.11.2015, 14:00

Датум на рецензирање: 07.11.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

КАКО ДА СЕ „ДЕМОНИЗИРА“ СÈ УШТЕ НЕИЗБРАНИОТ ПРВ ПОЛИЦАЕЦ

Видете, некој на „Фејсбук“ објавил фотомонтажа, невкусна и апсолутно неприфатлива, која покажува надгробен споменик со ликот и со името на поранешната министерка за внатрешни работи, а тоа е проследено со текст „СДСМ тргнува во конечна победа“. Таа фотографија, пак, ја споделил човек за кој во овој текст се тврди дека е вработен во МВР. Е, сега, доаѓа главната „финта“ – сево ова е врвен аргумент дека така „опозицијата ја замислува демократијата“. Да не беше смешно, ќе беше трагично, а можеби да не беше трагично, ќе беше смешно ваквото тврдење. Навистина слаб пример за индукција.

Да разјасниме, конкретната фотомонтажа е, пак ќе кажам, за секоја осуда, ама нејзиното „закачување“ на социјалните мрежи од индивидуалци, кои најверојатно навиваат за опозицијата, не може да се изедначува со официјалните позиции и политики на СДСМ. Од професионален аспект тврдењето:

„Фотографијата е споделена од Зоран Блажевски, инаку вработен во МВР, па се чини дека уште неофицијализиран новиот министер Оливер Спасовски ги даде првите задачи.“,

ама ич не држи вода. Нема какви било јасни поткрепи, докази или, пак, извори кои би направиле директна врска меѓу фотомонтажата и некакво си опозиционерско официјализирање на политика на физичко расчистување на сметките со власта. Таквите наводи не само што се несериозни, туку се и опасни. Плус, не зборуваме за, барем не е наведено, видни партиски функционери кои стојат зад објавувањето и зад споделувањето на фотографијата, а таквиот чин апсолутно не води кон идниот министер за внатрешни работи како некој си „главен организатор“.

Во денешно време социјалните мрежи секому му ја даваат можноста себеси да си се произнесе, и позитивно и негативно, и квалитетно и неквалитетно… Се согласувам, моќта на индивидуалниот глас сега е каде-каде поголема, ама тоа, сепак, не значи и дека тој еден глас го артикулира мислењето на еден поширок збир на луѓе, во овој случај една партија со илјадници членови и симпатизери. Тој што го пишувал написот тоа сосема јасно го знаел, но сепак, ја искористил, или ако сакате ја злоупотребил објавата со несреќната, и за осуда, фотомонтажа само со една цел – уште невлезен во министерскиот кабинет да се „демонизира“ идниот шеф на МВР.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

најверојатно е оригинал

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

селективно наведен автор (извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести