verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Владо Ѓорчев

Како Земјата да се подготви за катастрофата што ја носат вакви написи

на 6. 08. 2015 | |
 

[Рецензија: Протекоа документи на ЦИА: Земјата има 12 часа за да се подготви за катастрофа]

  Да беше вистинит текстот, денеска немаше да можете да ја прочитате оваа рецензија. Ама, ете, Земјата сè уште се врти околу Сонцето, има ден и ноќ, има и Сонце и Месечина и ѕвезди. Па, зошто тогаш овој текст бил пуштен во јавност? Просто е! За повеќе кликнувања. Линк до оригиналниот напис: Протекоа документи на ЦИА: Земјата има 12 часа за да се подготви за катастрофа Датум и време на објавување: 29.07.2015, 17:20 Датум на рецензирање: 06.08.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев  

НЕ ГРЕЕ ЛИ УШТЕ СОНЦЕ?

Текстови кои наводно нудат податоци од ЦИА има постојано, особено на интернет-порталите. Ако, пак, сè она што се

За новинарските текстови и за новинарските срамови

на 6. 08. 2015 | |
 

[Рецензија: СРАМ: „Го викале Илинден, биејќи бил лузер“]

  Текстов е хаос од почеток до крај. Земен е еден твит и од него е направен цел напис. Крајно непотребно, лошо и, секако, невистинито. Во текстот се напишани многу навреди, нелогичности, а никаде не е проверен ниту, пак, е наведен вистинскиот сопственик на твитер-профилот, со оглед на тоа што се работи за псевдоним. Линк до оригиналниот напис: СРАМ: „Го викале Илинден, биејќи бил лузер“ Датум на објавување: 02.08.2015, 06.55 Датум на рецензирање: 03.08.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев   КАША-ПОПАРА ОД ТЕКСТ Никаде во текстот нема ни збор за тоа дали е ова вистински твитер-профил. Текстот го зема здраво за готово и плете приказна за него. Крајно недоветно, пак, е тоа што

„Купи ден, продај“ настан и толку

на 5. 08. 2015 | |
 

[Рецензија: ТАБЕЛА: Проект на Жерновски, вработување на партиски кадри во Центар и ПОЦ (ФОТО)]

  Овој текст е полн со нафрлени тези, а ниту една од нив не може да се оправда. Иако се работи за продолжување на хајката против градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, стилот како таа се води не е променет, од првиот до последниот текст во провладините медими. Згора на тоа, во оваа вест е објавен и список на вработени во Oпштината со цели имиња и презимиња, што е и нетички, кога станува збор за најголем дел од нив, зашто тие не се јавни личности, односно лица од јавен интерес (политички личности избрани на избори или именувани функционери), туку за обични административци.
Линк до оригиналниот

„Опасна мафија се шета низ градот“ – низ градот Белград. Можеби!

на 10. 07. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Граѓани внимавајте, опасна мафија се шета низ градот – ќе се смрзнете кога ќе прочитате што прават]

  Еден медиум ѝ се обраќа на публиката во земјата каде што излегува. Или, пак, најчесто е така. Во спротивно, ако сака да се чита и надвор од границите на Македонија, би требало да има и верзии на јазикот на земјата во која што претендира да го има. Инаку, која е логиката вие на македонски јазик да ги информирате читателите на Србија за тоа дека опасна мафија „хара“ по улиците на Белград? И спротивно на тоа, која е логиката Македонците да бидат предупредени дека некоја мафија во Белград е опасна за граѓаните? Освен ако не се сака само да се информира,

Единствено нешто „отцепено“ е насловот на овој текст

на 10. 07. 2015 | |
 

[Рецензија: Америка почна да се распаѓа: Тексас ќе се отцепува од САД!]

  Кога ќе го прочитате насловот, помислувате дека нешто се случило и дека тоа нешто е навистина голема вест. Сепак, како одите подолу во текстот, гледате дека насловот воопшто го нема или бил изнасилен до таа мера што овој напис мора да дојде на рецензија во „Сервисот за проверка на факти во медиумите“ Линк до оригиналниот напис: Америка почна да се распаѓа: Тексас ќе се отцепува од САД! Датум и време на објавување: 24.07. 2015, 18:19 Датум на рецензирање: 08.07.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев Оваа вест не е вистинита. Ниту Тексас се отцепил од САД, ниту наскоро тоа ќе се случи. Еден текст пренесен од странски медиум

Новинарството не е судски орган за да суди

на 7. 07. 2015 | | sq
 

[Рецензија: СДСМ во параноја и недостиг на капацитет креира лажни профили]

  Оваа вест делумно е точна. Навистина постои лажен твитер-профил на Мартин Протоѓер. Сепак, пристапот како е пласирана веста е непримерен и непрофесионален. Написот е напишан само за да ја нападне опозициската партија и тоа е направено без основа. Згора на тоа, веста е необјективна и несодржајна. Затоа е и денеска на рецензија. Линк до оригиналниот напис: СДСМ во параноја и недостиг на капацитет креира лажни профили Датум и време на објавување: 5.07.2015, 22:15 Датум на рецензирање: 07.07.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев Твитер-профил со вакво име навистина постои. И сите се согласни дека профилот е лажен. Единствено што е непознато, а тоа ниту текстот не се труди убедливо да

Дознајте кој личи на вас кога ќе го погледнете в лице, а не по некој број во личната карта

на 7. 07. 2015 | |
 

[Рецензија: Дознајте колку луѓе личат на вас според контролниот број на личната карта]

  Овој текст неколку месеци се појавува низ македонските медиуми. Тој на ниту едно место не е критички опсервиран, туку се пласира информација која тешко може да се каже дека е вистинита. Сепак, написот и понатаму се преобјавува, а нема ниту изјава од надлежна институција што ќе каже дали е тоа точно или не. Вака останува да биде само напис кој служи за замајување на јавноста. Линк до оригиналниот напис: Дознајте колку луѓе личат на вас според контролниот број на личната карта Датум и време на објавување: 03.07.2015, 14:22 Датум на рецензирање: 06.07.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев „Еден од броевите што се наоѓаат на вашата биометриска

Женењето и куќите

на 6. 07. 2015 | |
 

[Рецензија: Родителите на познатиот пејач ја продаваат куќата за да го оженат]

  Овој медиум речиси во сите наслови настапува со таканаречен „тизер“. Така е и со овој наслов, со кој привидно сака да ги манипулира читателите дека настанот се случува во Македонија, а кога ќе го отворите, сфаќате дека, всушност, станува збор за пејач од Србија. И сè би било во ред кога медиумите би биле рекламни агенции. Па, за да се зголеми посетеноста, се применува вакoв метод. Но, тука станува збор за медиум кој претендира да биде професионален. А, единствен допир со професионалноста е повеќе кликнувања. Жално! Линк до оригиналниот напис: Родителите на познатиот пејач ја продаваат куќата за да го оженат Датум на објавување: 02.07.2015, 11:14

И со илјадиници студија за јога, таа била „забранета во Русија“

на 5. 07. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Јогата забранета во Русија, вежбањето личело на секта]

  Целта на овој напис е една и единствена. Да се поткрепат изјавите на свештеници од МПЦ кои тврдат дека јогата е одрекување од православната црква. Линк до оригиналниот напис: Јогата забранета во Русија, вежбањето личело на секта Датум и време на објавување: 01.06.2015, 10:25 Датум на рецензирање: 01.06.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев „И во Русија јогата е непожелна.“ Вака почнува текстот и со оваа полуреченица веднаш се навестува намерата да се даде позитивна конотација на изјавата на МПЦ со намера дека, еве, не е само во Македонија јогата непожелна, туку тоа е случај и со „големата“ Русија. Ама, за волја на вистината, ова нема врска со реалноста. Ни најмалку. Во

Нешто се шушкало, ама не се дошушкало

на 2. 07. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Македонска свадба без српскиот зет: Тамара се омажи, Тијана се разведува?]

  Ова е текст која е напишан на база на шпекулација. Притоа изгледа како муабет рекла-кажала, без поткрепа од никого. Нешто се шушкало, ама не се дошушкало и излегло вака како што го читаме. Текст кој нема врска со логиката, здравиот разум и со новинарската етика и стандарди. Линк до оригиналниот напис: Македонска свадба без српскиот зет: Тамара се омажи, Тијана се разведува? Датум на објавување: 29.06.2015, 13:02 Датум на рецензирање: 30.06.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев Иако постојат луѓе што сакаат вакви четива, тоа не значи дека треба да ги среќаваме на секој чекор. Но, настрана тоа, тука зборуваме за текст кој не е објективен, не е содржаен,

Претплатете се за најнови вести