verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Владо Ѓорчев

Игор Трајковски, Time.mk: Размислуваме да го преполовиме бројот на страниците што ги агрегираме

на 29. 06. 2015 | |
Д-р Игор Трајковски, основач и директор на Time.mk. Фото: Мартин Ивановски
 

За некоја веб-страницата да биде агрегирана на „Тајм.мк“, таа треба активно да работи минимум три месеци. Во моментот на аплицирање треба да достави извештаи од „Гугл аналитикс“ (Google Analytics ) за последните три месеци, а во последниот месец веб-страницата треба да има минимум 100.000 посети или во просек 3.000 посети дневно.

  Пишува: Владо Ѓорчев   „Тајм.мк“ (Time.mk)

Рецензија: Страотна глетка од несреќната девојка во Градски парк (ГАЛЕРИЈА)

на 25. 06. 2015 | | sq

Првичната верзија на овој текст претрпела неколку измени подоцна во текот на денот и ноќта откако е објавена. Имено, првиот текст (види принтскрин) беше шпекулативен, без многу информации и на база на анонимни извори. Подоцна во текстот повторно анонимно, но, сепак, е додадена изјавата од сведок кој ја раскажал случката за тоа што видел. И во оваа верзија на текстот нема податок дали девојката се самозапалила пред очите на сведокот или сведокот го пронашол само јагленосаното тело. Нема ниту информации од МВР за да се дознае што точно се случило. Главна причина заради која текстот е на рецензија се фотографиите кои се експлицитни, без назнака „вознемирувачки фотографии“, што предизвика и многу негативни коментари низ социјалните мрежи. Линк до оригиналниот напис:

Текст по принцип „кој поверува – поверува“

на 25. 06. 2015 | | sq
 

[Рецензија: СДСМ повторно се премисли, сега за нив важи договорот од 2-ри јуни]

  Уште една невистина е изнесена во овој текст, иако тезата можела многу лесно да се провери. Сепак, тоа не е сторено и е оставено на тоа „кој поверува – поверува“. Многупати досега и СДСМ и претседателот на партијата, Зоран Заев, соопштиле која е целата вистина, но во написот не се нашло за потребно да се пренесат мислењата и текстот да биде барем објективен, за разлика од овој кој е несодржаен, невистинит, необјективен, без новинарски стандарди направен производ, кој сака да биде третиран како новинарски. Линкуван наслов на анализираниот напис: СДСМ повторно се премисли, сега за нив важи договорот од 2-ри јуни Датум и време на

Запознајте го најцрното бебе или, уште поверојатно, запознајте се со обична измама

на 18. 06. 2015 | | sq
   

[Рецензија: ФОТО: Запознајте го најцрното бебе во светот]

  Ова е текст за кој не се знае дали ја објавува вистината или не. Сепак, кога се преминува границата на добро однесување и вкус во новинарството, мора да се реагира зашто ова не е само текст на кој тешко може да му се верува, туку е и напис кој навлегува во зоната на расизмот, а тоа го потврдуваат и

И терсене и наопаку

на 15. 06. 2015 | | sq
   

[Рецензија: Хаос во опозицијата: Заев ги демантираше медиумите на Сорос]

  Овој напис, кој претендира да биде текст, тоа не може да биде и тоа од една единствена причина. Ова е коментар кој не е означен. Притоа, нема вистина во сето тоа што е напишано. По тоа што не е содржаен, се гледа дека ова е некаква нарачка која морало да се стави, без притоа многу да се

Стандардно омаловажување, недостига објективност, цaрува пристраност

на 12. 06. 2015 | |
Половина дневник напади врз опозицијата во сите форми. Колаж: СПФМ  

[Критички осврт врз ТВ-дневникот на „Сител“ од 11.06.2015 година, четврток, 18 часот]

 

Ова е, може да се каже, едно „нормално“ издание на ТВ-дневник на оваа телевизија. Во него стандардно доминираат прилози со омаловажување, недостига објективност, а цaрува пристраност. Можеби затоа и многу често дневниците на оваа телевизија се наоѓаат на оваа страница и се рецензирани

  Пишува: Владо

Бајачи и јасновидци повторно и повторно

на 10. 06. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Што точно предвиде Баба Ванѓа за спас на Македонија!?]

  Текстови во кои има приказни за тоа што предвиделе бајачите и јасновидците низ историјата, се појавуваат речиси постојано во македонските медиуми. Тоа, најверојатно, покажува и до кое дереџе ни е дојдено новинарството, кога главните теми ни се баба Ванѓа, Нострадамус, Иван исцелителот, јасовитката Клеопатра… Инаку, овие текстови немаат никаква врска со вистината, објективноста, содржајноста и слично, туку се

Како една невистина станува новинарски текст

на 9. 06. 2015 | |
Недостига уште само медиумите да изберат нов претседател на СДСМ. Фото: скриншот. Колаж: СПФМ  

Новинарството не е пуста желба на поединци. Напротив, тоа е сплет на информации, докази и на аргументи кои треба да се потврдат за да може еден напис да се објави

  Пишува: Владо Ѓорчев    Провладините медиуми деновиве упорно ја туркаат темата за наводна смена на претседателот на СДСМ, Зоран Заев. И како на лента,

Фејсбук-пропаганда

на 7. 06. 2015 | |
   

[Рецензија: Албанците бараат од Заев да ги исполни ветувањата упатени до нив (ФОТО)]

  Ова е текст кој има малку зборови, а многу принтскринови од социјалните мрежи, најмногу од „Фејсбук“. Притоа, „Фејсбук“ се користи како извор, иако во новинарството тоа не би требало да биде така. Можно е социјална мрежа да биде некаков показател за некаво однесување, но во никој случај не смее да се користи како релевантен

Небото се смени? Да, поцрвене кога го виде овој текст!

на 5. 06. 2015 | |
 

[Рецензија: „Луѓе, небото се смени! Нешто опасно се случува со нашата планета!“]

  Вакви вести сè почесто се појавуваат во македонските медиуми. Таму, пак, ниту им е место, ниту заслужуваат да бидат. Сепак, ете, реалноста е таква – ги има иако е за неверување. Овој текст тешко дека има врска со вистината и повеќе наликува на шега. Се гледа дека е преведен од некој странски медиум (има извор на

Претплатете се за најнови вести