verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Купи ден, продај“ настан и толку

on 5 - 08 - 2015       

recenzija-Centar-09876-098-crop-resize

 

[Рецензија: ТАБЕЛА: Проект на Жерновски, вработување на партиски кадри во Центар и ПОЦ (ФОТО)]

 

Овој текст е полн со нафрлени тези, а ниту една од нив не може да се оправда. Иако се работи за продолжување на хајката против градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, стилот како таа се води не е променет, од првиот до последниот текст во провладините медими. Згора на тоа, во оваа вест е објавен и список на вработени во Oпштината со цели имиња и презимиња, што е и нетички, кога станува збор за најголем дел од нив, зашто тие не се јавни личности, односно лица од јавен интерес (политички личности избрани на избори или именувани функционери), туку за обични административци.
recenzija CentarЛинк до оригиналниот напис: ТАБЕЛА: Проект на Жерновски, вработување на партиски кадри во Центар и ПОЦ (ФОТО)

Датум на објавување: 30.07.2015, 15:58

Датум на рецензирање: 03.08.2015

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ЌОР-ФИШЕК ОД ТЕКСТ

Во текстот нема ништо со што би се поткрепила тезата во насловот „Проект на Жерновски, вработување на партиски кадри во Центар и ПОЦ“.

Точно е дека во оваа Општина има вработено звучни имиња на кои сака да се повика текстот и врз кои наводно се базира целата приказна, но целта им е промашена. Зошто некој кој вреди не би работел во некоја институција? Нормално дека секоја институција или компанија, без разлика дали е јавна, државна или приватна, сака кај себе да ги има најдобрите кадри. Зошто тоа тогаш би било спорно за овие неколку лица неведени во текстот? Башка што од Општина Центар неколкупати имаше и демант на ваквите текстови во кои стоеше дека секој вработен е примен преку конкурс објавен во медиумите.

„Андреј Жерновски и СДСМ, Општина Центар ја преплавиле со поранешни новинари на проопозициските А1 и Фокус, Нови вработени кои се членови на СДСМ и ЛДП, бивши советници на СДСМ во Општина Центар, членови од семејствата на високи функционери на ЛДП и СДСМ како и членови на семејства на луѓе блиски до опозицијата.“

Пасусов сака да каже нешто, ама тоа е ќор-фишек. Која му е идејата? Дека овие луѓе кои биле новинари или работеле во медиуми не можат да работат во Општина Центар? Зошто ако сака да спори со нив не излезе со аргументи за нивните квалификции? Имаат или немаат? Примени се на конкурс или не? И ако се примени како што треба, зошто да не можат да работат таму? Зошто текстот не нуди одговор на овие прашања? Едноставно е: поради тоа што ги нема. Затоа што целта не е да се одговори на вообичаено новинарско прашање, туку само да се нафрлаат имиња и медиуми преку кои ќе се каже дека оваа општина вработува партиски кадри.

„Со вработувањето на партиски војници изостана ниту ЈП Паркинзи – Центар кое иако се соочува со превработеност не беше никаква пречка за Жерновски да вработува членови на СДСМ и ЛДП, но и фамилии на актуелни советници во Општина Центар и роднини на директорот на ЈП Паркинзи – Центар Саша Богдановиќ.“

И овој пасус не нуди никакви аргументи зошто е напишан. Каде пишува дека некој и да е член на некоја партија не смее да се вработи? Тоа не го пишува никаде. Но, текстот спори со тој момент, а не со некој за кој можеби би имал право.

Целиот текст е плукачки и навредлив. Притоа е невистинит и недокажлив за некои работи. Сè на сè, ова е текст за напад. Ама, ваквите текстови, пак, воопшто немаат никава врска со новинарството. Служат само за „купи ден, продај“ настан и толку.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести