verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Женењето и куќите

on 6 - 07 - 2015       

recenzija-Vlado-Gerogiev-crop-resize

 

[Рецензија: Родителите на познатиот пејач ја продаваат куќата за да го оженат]

 

Овој медиум речиси во сите наслови настапува со таканаречен „тизер“. Така е и со овој наслов, со кој привидно сака да ги манипулира читателите дека настанот се случува во Македонија, а кога ќе го отворите, сфаќате дека, всушност, станува збор за пејач од Србија. И сè би било во ред кога медиумите би биле рекламни агенции. Па, за да се зголеми посетеноста, се применува вакoв метод. Но, тука станува збор за медиум кој претендира да биде професионален. А, единствен допир со професионалноста е повеќе кликнувања. Жално!

recenzija Vlado GerogievЛинк до оригиналниот напис: Родителите на познатиот пејач ја продаваат куќата за да го оженат

Датум на објавување: 02.07.2015, 11:14

Датум на рецензирање: 03.07.2015

Рецензент: Владо Ѓорчев

Оваа вест, која е манипулативна според насловот, има и други недоследности. Прво и најважно е тоа што тешко може да се поверува на нејзината веродостојност. Нема извор. Има само гола шпекулација.

Владо Георгиев ќе остане без својата куќа на море, бидејќи, како што велат неговите родители, сакаат да му обезбедат да си купи стан. Неговата мајка Борка и таткото Драгољуб ја продаваат куќата за да му обезбедат покрив над глава во Белград.

Во овој пасус, категорично се тврди дека пејачот ќе остане без ќуќа, а тоа го велат неговите родители?! А, каде го изјавиле тоа? По соседи? На „Фејсбук“? Во некоја изјава во медиум? Тоа го нема во текстот. Затоа и тешко може да се поверува на веродстојноста на напишаното.

И втората теза е шпекулативна. Дека ја продаваат куќата за да му обезбедат покрив над глава. Тоа е само тврдење без поткрепа, исто како и првата теза.

Подолу во текстот стои дека пејачот бил против оваа идеја. Со тоа написот излегува комплициран за разбирање. А, можело да биде поинаку. На пример, да се добиела изјава од Георгиев, кој би ја потврдил или демантирал оваа приказна. Вака, текстот е муабет на двајца на пазар.

Ова не е ништо друго туку манипулативен напис. Нема допирни точки со професионалноста, а некако и мрзливо е направен. Најверојатно е преведен од странски медиум, но не се внимавало премногу што ќе излезе од сето тоа. Па, излегло вакво четиво кое е погрешно од новинарски аспект.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести