verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Никаков новинарски текст, ама фино партиско соопштение

on 6 - 07 - 2015       

ВИДЕО-Активистите-од-Беса-Press24-crop-resize

 

[Рецензија: ВИДЕО: Активистите од Беса не знаат зошто протестираат, соросовите медиуми им кажаа која е целта]

 

Една, можеби, едвај две реченици од целиот текст може да се опишат како вест, додека сè друго е коментар со навивачки предзнак. Се прозиваат „соросовите медиуми“ со доза сарказам, по шаблонот што често се употребува во партиските соопштенија на владејачката партија.

ВИДЕО  Активистите од Беса не знаат зошто протестираат  соросовите медиуми им кажаа која е целта   Press24Линк до оригиналниот напис: ВИДЕО: Активистите од Беса не знаат зошто протестираат, соросовите медиуми им кажаа која е целта

Датум на објавување: 29.06.2015, 18:11

Датум на рецензирање: 03.07.2015

Рецензент: Александар Пешев

Во секој случај, добар почеток – уште во првата реченица имаме одговор на прашањата: Кој што прави ?

„Неколкумина приврзаници на здружението БЕСА денеска излегоа да протестираат во пресрет на лидерската средба.“ 

Толку. Оттука натаму, авторот како да станал креативен и се инспирирал од фрази што се користат во партиски соопштенија. Евидентно е забатален професионалниот принцип на известување и се оди со коментирање.

„Секако, тука беа соросовите медиуми за да му посочат на активистот за што точно протестира.“

Понатаму имаме виден обид за дискредитација на субјектот за кој се известува, со тоа што се прави спин: Беса учествувала на протест на СДСМ на кој, според „Прес 24“, биле „веени замиња со поддршка на 113-та косовска бригада чии команданти беа дел од кумановската акција“. Од формулацијата не е јасно дали токму активистите на здружението ги вееле знамињата, но, во секој случај, ако целта на овој текст била дискредитација на организацијата, таа е видно постигната.

Текстот продолжува со повеќе коментирање, што веќе јасно ја покажува политичката пристрасност на објавата и навивачкиот предзнак на авторот.

„Сепак, фактот дека тие слепо и послушно ги следат директивните од централата се гледа и во тоа што на прашањето на еден од соросовите медиуми зошто протестираат.“

И на крај, драги читатели, подгответе се за „гранде финале“:

„Ова претставува уште еден доказ за површноста и злоупотребата која СДСМ ја прави манипулирајќи ја јавноста и сакајќи лажно да прикаже дека постои широк граѓански фронт, зад кој всушност стои СОРОС и неколкумина од раководството на СДСМ.“ 

Имаме чисто коментаторска објава, која не ги следи професионалните новинарски стандарди. Или авторот се инспирирал од партиски соопштенија или самиот текст е резултат на инспирација од некоја партија – тоа, на крај, останува непознато. Не се ни забележува вложен репортерски труд за ова дело, имајќи предвид дека промовираниот видеозапис во насловот е со ознака од друг медиум – ќе да е од „Соросовите“, судејќи по тонот во текстов.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести