verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Врамување“ на премиерот во светло на позитивен настан

on 6 - 07 - 2015       

ааааа000-0987-0980-crop-resize

 

[Рецензија:  ФФМ: Суперкупот ќе ја промовира Македонија во светот, имавме апсолутна поддршка од Владата и државните институции]

 

„Пронајдете го натрапникот“ – така би го нарекол овој материјал. Имаме релативно коректен текст, кој, севкупно гледано, губи, и тоа исклучително, само поради еден аспект, а тоа е употребената фотографија. Некој ќе рече малку е само поради тоа целиот производ да биде лошо оценет. Јас на тоа ќе одговорам: „Погледнете ја фотографијата и сè ќе ви стане јасно“.

аааааЛинк до оригиналниот напис: ФФМ: Суперкупот ќе ја промовира Македонија во светот, имавме апсолутна поддршка од Владата и државните институции

Датум и време на објавување: 30.06.2015, 15:36

Датум на рецензирање: 02.07.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

ПРОНАЈДЕТЕ ГО НАТРАПНИКОТ!

Ова е пример за тоа како целиот труд паѓа во вода поради лошо избрана и пласирана фотографија. Навистина не знам што се барало да се чепка во фотоархивата и да се извлече слика која нема врска со темата што се обработува во написот? Хм, но дали навистина е така, дали е превид, брзање? Не би рекол. Имаме јасна намера и цел од еден исклучително позитивен настан да се направи и политичко-партиска реклама. Како поинаку би се аргументирало мешањето на премиерот таму каде што не му е место. Внимавајте, Скопје ја добива организацијата на Суперкупот на УЕФА за 2017 година и не само што за илустрација го добиваме стадионот каде ќе се одржи натпреварот, туку и првиот човек на Владата како од претседателот на ФФМ добива фудбалски дрес со неговото име. Прво, станува збор за бајата фотографија, второ што, пак, премиерот во конкретниот случај има врска со УЕФА и со фудбалот? Никаква. Во текстот никаде и не се споменува неговото име и оттука дилемата, или нелогичноста, зошто со таква фотографија да се „зачини“ текстот. Можеби ако се каже „Влада“ се мисли само на нејзиниот шеф? Ок, во написот се цитира изјавата на претседателот на ФФМ, ама, па, се морало ли, по секоја цена, да се стави слика од него и од премиерот? Како да нема Илчо Ѓорѓиоски други фотографии во својство на претседател на федерацијата. Во новинарството подолг период се води дебата за (зло)употребата на дигиталното време од политичарите. Еве еден сегмент од интересен текст на таа тема (примерот е од Канада):

„Во дигиталното време новинарите стануваат поподложни на „спакуваните“ видувања на политичарите кои надлежните за фотографиите ги туркаат во обид за заобиколување или влијание врз меинстрим-медиумите… Овие фотографии се наменети за врамување на субјектот во позитивно светло и за промовирање на стратешки имиџ.“

Токму тоа го имаме во овој случај. Обид за т.н. „врамување“ на премиерот во светло на позитивниот настан – добивање на организацијата на Суперкупот 2017. Потврда дека навистина се работело за политички фотореклама. Некои паметни од ова одамна направиле добар бизнис, па дури и упатства како тоа да се стори. Ако ова некому не му е доволен аргумент, ќе понудиме уште еден, секако од новинарски аспект, аргумент дека материјалов е „местенка“. Насловната конструкција јасно ја исцртува нишката-водилка по која некој одел при креирањето и при визуелизрањето на продуктот. Од целите два, и тоа доста долги, пасуса, цитати на претседателот на ФФМ, во насловот место, секако, нашла и неговата благодарност до Владата:

„ФФМ: Суперкупот ќе ја промовира Македонија во светот, имавме апсолутна поддршка од Владата и државните институции“

Сметам дека целото пакување, пред сè, со фото-илустрацијата, е во колизија со сегменти од Кодексот на новинари:

Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти – член 14.

Што повеќе да се каже. Навистина, ако се може „дури и од фрижидер да ни излезе ликот на премиерот“.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

делумно

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

да, но со тенденција

некреативен

несензационален

има одредена тенденција

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести