verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Дознајте кој личи на вас кога ќе го погледнете в лице, а не по некој број во личната карта

on 7 - 07 - 2015       

recenzija-licna-karta-crop-resize

 

[Рецензија: Дознајте колку луѓе личат на вас според контролниот број на личната карта]

 

Овој текст неколку месеци се појавува низ македонските медиуми. Тој на ниту едно место не е критички опсервиран, туку се пласира информација која тешко може да се каже дека е вистинита. Сепак, написот и понатаму се преобјавува, а нема ниту изјава од надлежна институција што ќе каже дали е тоа точно или не. Вака останува да биде само напис кој служи за замајување на јавноста.

recenzija licna kartaЛинк до оригиналниот напис: Дознајте колку луѓе личат на вас според контролниот број на личната карта

Датум и време на објавување: 03.07.2015, 14:22

Датум на рецензирање: 06.07.2015

Рецензент: Владо Ѓорчев

Еден од броевите што се наоѓаат на вашата биометриска лична карта открива колку луѓе од вашата земја имаат слично лице како вашето“, пишуваат српските медиуми.

Во овој пасус, всушност, се наоѓа и главната вест на текстот. Во него, пак, никаде нема ијзава, на пример, од Министерството за внатрешни работи (МВР), во чија надлежност е издавањето лични карти и да се праша за коментар околу тврдењето кое, според овој напис, е преземено од странски медиуми. Нема критички осврт, нема разговор со некој аналитичар. Само гола преведена вест и оставена без дополнителна обработка.

Тоа што е најбитно за да се разобличи оваа невистина, секако, се законите. А во Законот за лична карта, во член 5, стои:

„Образецот на личната карта содржи: натпис „Република Македонија“, назив „лична карта“, натпис „MKD“, место за фотографија, грб на Република Македонија и машински читлив дел.

Во образецот на личната карта се запишуваат следниве податоци: презиме и име на граѓанинот; државјанство; пол; датум на раѓање; матичен број на граѓанинот; датум на издавање на личната карта; датум на важење на личната карта; место на раѓање на граѓанинот; живеалиште и адреса на граѓанинот; надлежен орган кој ја издал личната карта; број на личната карта и потпис на имателот на личната карта.“

Значи, ова е валиден доказ за тоа што има на лична карта, а тука не пишува дека некоја бројка значи колку луѓе имаат слично лице со нашето. Сè друго е гола шпекулација.

Ова е текст кој нема голема важност во новинарството. Има цел да пополни празно место и ништо повеќе. Затоа и така треба да се третира. Како вишок.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести