verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

И со илјадиници студија за јога, таа била „забранета во Русија“

on 5 - 07 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

recenzija-joga-09876-098-crop-resize

 

[Рецензија: Јогата забранета во Русија, вежбањето личело на секта]

 

Целта на овој напис е една и единствена. Да се поткрепат изјавите на свештеници од МПЦ кои тврдат дека јогата е одрекување од православната црква.

recenzija jogaЛинк до оригиналниот напис: Јогата забранета во Русија, вежбањето личело на секта

Датум и време на објавување: 01.06.2015, 10:25

Датум на рецензирање: 01.06.2015

Рецензент: Владо Ѓорчев

„И во Русија јогата е непожелна.“

Вака почнува текстот и со оваа полуреченица веднаш се навестува намерата да се даде позитивна конотација на изјавата на МПЦ со намера дека, еве, не е само во Македонија јогата непожелна, туку тоа е случај и со „големата“ Русија. Ама, за волја на вистината, ова нема врска со реалноста. Ни најмалку. Во Русија има илјадници студија за јога и илјадници учители по јога.

Точно е дека јогата беше табу-тема во советско време, но многу е прифатена од елитата на Русија. Поранешниот претседател на Русија, Димитри Медведев, дури во една пригода изјави дека е „мастеринг јога“ и дека таа активност му помага да се справи со стресот на политичките обврски.

Без дилеми, јогата е во тренд во Русија.

„Најмалку две студија во кои се вежба јога добиле заканувачки писма од властите во кои се нагласува дека мора да престанат да одржуваат часови во општинските зграда. Двете студија за јога одржуват часови по хата јога, најпопуларниот облик на оваа древна вештина во Европа.“

Инаку, точно е дека две студија од градот Нижневартовск добиле писма да се забрани еден тип јога, наводно поради поврзување на оваа дисциплина со некакви култови. Но, двете студија (а, во текстот тоа не е наведено) практикуваат хата-јога, најбарана дисциплина од јога-вежбите во Европа. Но, сето ова, во овој пасус на текстот е испревртено и недоволно разбрано. Значи, се работи на конкурентска битка во градот помеѓу две студија. Едните плаќаат закуп на просторија и се противат на одлуката на општинските власти, без надомест, да им даваат простории во општинската зграда на здружение кое практикува друг тип јога. Тоа е почеток и крајот на приказната.

Поради една случка да се генерализира проблемот, навистина е непрофесионално. Кога еден текст, пак, ќе се напише без притоа да се разбере суштината, навистина е проблем во новинарството. Тоа, пак, кога ќе се искористи во одбрана на некаква цел е надвор од сите норми и правила. Затоа не смее да се дозволи да остане овој напис незабележан – се разбира по лошо.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести