verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Заев е виновен и за Полска, Германија…

on 5 - 07 - 2015       

Заев-преку-нереални-барања-бега-од-соочување-со-народот-crop-rezsie

 

[Рецензија: Заев преку нереални барања бега од соочување со народот]

 

Неуспешен обид за маскирање на коментаторските елементи со мислења на експерти кои не се споменуваат со име и со презиме. Се прават констатации за наводно очигледни работи во обид да се оправда спинот. Во новинарството нема „очигледно“. Има само „кој, каде, зошто, кога и како“.

Заев преку нереални барања бега од соочување со народотЛинк до оригиналниот напис: Заев преку нереални барања бега од соочување со народот

Датум и време на објавување: 29.06.2015

Датум на рецензирање: 30.06.2015

Рецензент: Александар Пешев

Во случај да не сте знаеле, целата јавност е убедена во очигледната констатација дека Зоран Заев бега од избори. Штета ако веќе имате мислење кое не се совпаѓа со убедувањето на авторот на оваа објава која наликува на залутано партиско соопштение.

Силниот навивачки елемент се согледува во неуспешниот обид да се препише став на мислења на аналитичари и на граѓани кои никаде не се споменуваат за потоа да се оди на директно коментирање:

„Задача на опозицијата е да бара избори и да се бори со понуда, нешто што не го прави СДСМ, туку купува време и одолговлекува со нерални барања.“

Се поставува прашањето во чие име се направени ваквите констатации? Кои се тие аналитичари? Колкумина граѓани се анкетирани? Да не е случајно ова партиски став?

Како и да е, опозицијата е прозивана за предизвикување на политичката криза во земјава, а во текстот не е обезбеден простор за каква било изјава на партијата што се обвинува. Од друга страна, не изостанува изјавата на премиерот Груевски, што сведочи за политичката пристрасност во пишувањето.

Спинот се изведува во втората половина на текстот. Забелешките на извештајот на американскиот Стејт департмент се релативизираат преку споредби со други земји. Интересно е што во ниту еден дел не е цитирана барем една забелешка од документот. Авторот нуди оправдание без да понуди информации околу тоа за што се правда, поради веројатна автоцензура.

Во овој сегмент, можеби читателот останува неинформиран околу американските забелешки за состојбите во земјава, но затоа има детален преглед околу забелешките за Бугарија, Германија, Полска – нели, во случај да сте позаинтересирани за тамошните проблеми, а не за домашната криза.

На крај авторот резимира со конечен спин.

„Сето ова покажува дека Заев единствено бара сламка за спас, на својата кариера и кариерите на своите најблиски соработници, преку избегнување на изборите што се сметаат за столбот на едно демократско општество.“

Каква врска има ова со извештајот на САД и со претходно нотираните состојби во Германија, Словенија и во Србија? Којзнае, можеби авторот на текстот е убеден дека токму лидерот на македонската опозиција е виновен за состојбата во овие земји бидејки во Македонија „бега од избори“.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести