verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Текст објавен во јавно гласило треба да им робува на фактите

on 5 - 07 - 2015       

FireShot-Screen-Capture-034-Вечер-vecer_mk_ekonomija_se-otkazhuvaat-aranzhmanite-za-grcija

 

[Рецензија: Се откажуваат аранжманите за Грција]

 

Текст – пример за народната „Прле пред магаре“. Грција уште небанкротирана, некој ја банкротирал. Да, вистина, финансиските проблеми на јужниот ни сосед се огромни, ама, сепак, дента кога е пишуван написот (28 јуни 2015 година) земјата сè уште не е банкротирана. Затоа ќе кажеме, четиво што треба да ја информира публиката не треба да се излетува со формулации кои, всушност, се шпекулации.

FireShot Screen Capture #034 - 'Се откажуваат аранжманите за Грција I Вечер' - vecer_mk_ekonomija_se-otkazhuvaat-aranzhmanite-za-grcijaЛинк до оригиналниот напис: Се откажуваат аранжманите за Грција

Датум и време на објавување: 28.06.2015, 22:23

Датум на рецензирање: 30.06.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

„ПРЛЕ ПРЕД МАГАРЕ“ – ТЕКСТ

Вистинитоста и прецизноста не се јака страна на овој материјал. Веќе напоменавме, се тврди дека Грција банкротирала, но, еве, пак ќе повториме – на 28 јуни, денот кога е објавен текстот, Грција не е банкротирана. Поголемиот дел од јавноста, секако, е свесен за финансиската криза во оваа земја, ама не може да се очекува сите во детали да знаат до каде е процесот со отплаќањето на долговите или преговорите со меѓународните кредитори. Оттука, кога еден медиум ќе прогласи една држава за банкротирана, без разлика дали тоа и навистина би се случило за неколку денови, а тоа во дадениот момент не е така, тогаш зборуваме за класична манипулација и за дезинформирање на публиката.

Почитувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите, новинарите ќе бидат чесни, објективни и точни – Кодекс на новинари.

Затоа, враќајќи се на почетокот, со ова ја аргуметирам тезата за новинарство според народната „Прле пред магаре“. Да, би било во ред да се каже дека земјата се соочува со банкрот, што и е реално сценарио и една од можните варијанти, ама, сепак, текст објавен во јавно гласило треба да им робува на фактите.

Ако ова го утврдивме, тогаш одиме понатаму. Сецирањето на производот покажува уште низа слабости, како нејаснотии, непрецизности, до крај недефинирани извори на информации и, конечно, атмосфера на ширење паника. Се вели дека има „масовни откажувања на летните одмори во Грција, е првата реакција на граѓаните во Македонија и во регионот, јавуваат медиумите на Балканот“. Аха, а притоа како линк не само што се посочува некој релевантен извор на информации, туку нема каков било извор. Кои се тие „медиуми на Балканот“? Не знаеме. Не се прецизира кои тоа „граѓани од регионот“ се пишманат. На пример, такво нешто во Србија нема. Конкретно, за Македонија и тврдењето дека се откажуваат аранжмани – ова не само што не е аргументирано, туку судејќи според изјавите од Здружението за туризам и угостителство при Стопанската комора, е невистиниото. Значи некој „од ракав си фрлал работи“ и потоа ги пласирал како кредибилни информации. Нема ниту една изјава од соговорник, нема официјални извори, нема тур-оператори со име и со презиме кои би ги потврдиле формуалциите дека „поради тешката ситуација ќе бараат помош од државата“, нема ни став од државните институции, нема ниту некои анонимни туристи „заглавени“ во Грција… Нема ништо, освен нагаѓања и шпекулации. Ова нè упатува на констатацијата дека текстот е правен од канцеларија, без какво било истражување и со никаков професионален ангажман. Затоа, конечниот продукт е таков каков што е – исклучително слаб. Не треба се изземе од вид и фактот дека начинот на кој е пишуван текстот, а и е пристапено кон целата исклучително сложена тема, како да оддава некаков ефект на ширење паника. Не велам дека тоа е направено со умисла или цел, но, сепак, премногуте дупки во содржината на крај доведуваат до таков впечаток – дека во Грција речиси со сигурност ќе следи катаклизма и хаос.

Затоа, конечната оцена е дека ова е лош материјал за публиката кој, ако се сакало, можел да биде добар.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

лажни информации

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

квалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести