verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Како Земјата да се подготви за катастрофата што ја носат вакви написи

on 6 - 08 - 2015       

recenzija-CIA-crop-resize

 

[Рецензија: Протекоа документи на ЦИА: Земјата има 12 часа за да се подготви за катастрофа]

 

Да беше вистинит текстот, денеска немаше да можете да ја прочитате оваа рецензија. Ама, ете, Земјата сè уште се врти околу Сонцето, има ден и ноќ, има и Сонце и Месечина и ѕвезди. Па, зошто тогаш овој текст бил пуштен во јавност? Просто е! За повеќе кликнувања.

recenzija CIAЛинк до оригиналниот напис: Протекоа документи на ЦИА: Земјата има 12 часа за да се подготви за катастрофа

Датум и време на објавување: 29.07.2015, 17:20

Датум на рецензирање: 06.08.2015

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

НЕ ГРЕЕ ЛИ УШТЕ СОНЦЕ?

Текстови кои наводно нудат податоци од ЦИА има постојано, особено на интернет-порталите. Ако, пак, сè она што се пишува е точно, тогаш ЦИА треба веднаш да се затвори. Каква е таа разузнавачка агенција, нели најсилна на светот, од која секојдневно протекуваат информации.

Ништо од овој текст не е вистина. Ниту има докуметни од ЦИА, ниту ќе ѝ се случи нешто на планетата Земја. Не верувам дека некој сè уште се паничи на вакви измислени вести, но, еве, за секој случај, да кажеме дека нема ништо да се случи. Ова е текст од оние, кои одвреме-навреме се појавуваат, за да се привлече внимание при веројатниот пад на посети, особено во летниот период.

Иако дури е и срамно да се рецензира новинарски текстов, мора да се каже дека нема одредница кога ова би се случило. Вчера, денеска, утре… Нема фотографија, ниту некаква назнака за наводниот документ од ЦИА. Нема линк, нема цитати… Веста е преведена од српски медиум, но тоа не значи дека требало да ѝ се поверува здраво за готово. Можело, на пример, да се направи критички осврт. Ама, тоа не е направено.

Што друго да се каже за текстов. Дека не е вистинит се гледа од авион. Дека е лошо новинарско четиво – исто така. Дека ќе има и понатаму вакви глупости, исто така, е факт. Сепак, мора да се каже и некаде да биде запишано дека вака вест не се работи. Овие текстови „копи-пејст“ се измислица од поново време. Затоа и постои оваа рецензија, некаде да биде запишано дека ова не е новинарство.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

Не

извртување на вистина (спин)

лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести