verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Владо Ѓорчев

Кога од новинарството се прави меана

на 5. 09. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Лицемерието на СДСМ: Цела фамилија Медарски вгнездена во судството]

  Ова е текст кој не е етички и професионален. Во напад на една личност се вклучува цело семејство и тоа без основа. Сите се наведени со име и со презиме и со функција, но со ништо не е покажана никаква нивна вина. Единствено се виновни поради нивната припадност на одредено семејство. Затоа ова не е професионален текст, каков што се бара од една новинарска редакција. Линк до оригиналниот наслов: Лицемерието на СДСМ: Цела фамилија Медарски вгнездена во судството Датум и време на објавување: 02.09.2015, 12:50 Датум на рецензија: 03.09.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев Поради тоа што некој е адвокат на опозициска политичка партија, на напад и на понижување се

Весела математика преполна со манипулации

на 4. 09. 2015 | |
 

[Рецензија: Од народни пари, опозиционерите зеле 50 милиони за неработење]

  Текстов нуди весела математика. Изнесува податоци кои не се поткрепени со ништо. Со тоа се замајуваат читателите и не им се кажува вистината. Бројките што овој текст ги прикажува како плата на пратениците од СДСМ се со сите додатоци и со платени придонеси. Поради тоа, ова е текст кој само сака да ги прикаже во негативно светло пратениците на СДСМ, кои на 1 септември се вратија во Собранието. Линк до оригиналниот напис: Од народни пари, опозиционерите зеле 50 милиони за неработење Датум и време на објавување: 31.08.2015, 16:22 Датум на рецензирање: 02.09.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев „Граѓаните кои гласале за нив воопшто немаа свои претставници во Законодавниот дом. Од

Шпекулација со изнасилен наслов

на 1. 09. 2015 | |
 

[Рецензија: Заев не им дава пратеничка група на Тито и на Милевски]

  Овој текст е направен на база на шпекулација со силен наслов. Секако дека во новинарството е дозволено информација од извор кој нема да се открие, но тој извор мора да биде посочен (место, функција). Да се каже само извор од СДСМ е премногу широк поим за да може текстот да биде веродостоен. Инаку, насловот е премногу изнасилен, а кога ќе се прочита целиот текст, може да се заклучи и дека не е вистинит. Линк до оригиналниот напис: Заев не им дава пратеничка група на Тито и на Милевски Датум и време на објавување: 30.08.2015, 20:09 Датум на рецензирање: 31.08.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев Тоа што текстот го

Можно ли е јахтата да е изнајмена?

на 1. 09. 2015 | |
 

[Рецензија: Дали ова е приватна јахта на Радмила Шеќеринска?]

  Линк до оригиналниот напис: Дали ова е приватна јахта на Радмила Шеќеринска? Датум и време на објавување: 16.08.2015, 12:47 Датум на рецензирање: 20.08.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев Веста не е вистинита. Тоа го потврди и заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска на гостувањето во емисијата Топ тема на телевизија Телма. Таа рече: Овие плукачи, оваа власт, со овие институции владее девет години. Дај боже да имам, ама не е така. Нешто да докажеа, нешто да најдеа, точка, запирка. Ме слушале десет години, нешто ќе дознаеја. Првото правило, кое е и основа на новинарството, е веста да се провери. Тоа не е сторено. А, што требало да направи новинарот? Секако, да ѝ

Можеби сметката на „Макпетрол“ ќе биде деблокирана, ама тоа сè уште не се случило

на 19. 08. 2015 | |
 

[Рецензија: Одблокирана сметката на „Макпетрол“]

  Ова е текст кој не е комплетно вистинит. Насловот е целосно неточен, иако текстот е коректно пренесено соопштение од Јавното обвинителство околу случајот со „Макпетрол“. Но, кога се прави еден новинарски текст, тој мора да биде вистинит во целост. Информацијата мора да се провери. Новинарот не смее да прејудицира. Да, можеби сметката на „Макпетрол“ ќе биде деблокирана, ама во моментот кога е пишуван текстот, тоа не е така. Линк до оригиналниот напис: Одблокирана сметката на „Макпетрол“ Датум и време на објавување: 18.08.2015, 13:27 Датум на рецензирање: 19.08.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев Станува збор, најверојатно, за забуна. Инаку во соопштението од Јавното обвинителство стои дека до судијата на претходна постапка доставило предлог да биде одблокирана

Голо нафрлување тези што не можат да се оправдаат

на 18. 08. 2015 | |
 

[Рецензија: Тоа што го бара Заев од ВМРО-­ДПМНЕ и државата нека го спроведе во СДСМ и Струмица]

  Ова е текст како и сите други на оваа тема, а кои како печурки по дожд се појавуваат во редица медиуми за да го омаловажат СДСМ или неговите функционери. Како и во претходните вакви слични написи, во него нема ниту факти, ниту аргументи, туку се работи само за голо нафрлување тези што не можат да се оправдаат. Поради тоа текстов е невистинит, несодржаен и необјективен. Линк до оригиналниот напис: Тоа што го бара Заев од ВМРО-­ДПМНЕ и државата нека го спроведе во СДСМ и Струмица Датум и време на објавување: 14.08.2015, 18:00 Датум на рецензирање: 18.08.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев  

КАКО

Зекири: Политичките партии нема да успеат да ме уплашат

на 17. 08. 2015 | | sq
За заканите од ДУИ: „Игноранти игнорирам и немам време да губам за нив и со нив“. Мухамед Зекири, главен и одговорен уредник на „Алсат-М“. Фото: лична колекција  

„Соработката со функционерите Албанци од власта е коректна“, вели главниот уредник на „Алсат-М“, Мухамед Зекири. „За жал, тоа не можам да го кажам за функционерите од власта кои се членови на ВМРО-ДПМНЕ. Тие најчесто избираат да нè игнорираат“, додава тој.

  Пишува:

Ниту извор, ниту аргументи и факти, туку само гола шпекулација

на 15. 08. 2015 | |
 

[Рецензија: СОРОС со ново движење самостојно ќе оди на избори?]

  Вест во низа за да се омаловажи Фондацијата „Отворено општество“ – Македонија (ФООМ – дел од мрежата Сорос-фондации). Овој медиум последниве денови врши огромна хајка против оваа фондација и против невладините организации во земјава, пошироко. Па, таков е и овој текст, кој нема ниту извор, ниту аргументи и факти, туку само гола шпекулација, која во никој случај не може да се земе за сериозна и за вистинита. Линк до оригиналниот напис: СОРОС со ново движење самостојно ќе оди на избори? Датум на објавување: 11.08.2015, 16:23 Датум на рецензирање: 12.08.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев Овој напис прави многу почетнички грешки. Не е спорно ништо во тоа еден медиум да шпекулира

Пример на засилена пропаганда, новинарството тргнато настрана

на 14. 08. 2015 | |
 

[Рецензија: Опозицијата и соросовите експоненти згрозени што Владата испорачува проекти за граѓаните]

  Текстов е скаран со фактите и со смислата во новинарството. Лесно е да се нападне некој без да имаш поткрепа за своите обвиненија. Но, секако, тешко е тоа да се оправда. Токму тоа е и овој напис. Тези без основа, без факти, само голи навреди. Линк до оригиналниот напис: Опозицијата и соросовите експоненти згрозени што Владата испорачува проекти за граѓаните Датум и време на објавување: 10.08.2015, 16:00 Датум на рецензирање: 11.08.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев  

НЕРАЗБРАНА КРИТИКА

„Фрапантно е што опозицијата и соросовите експоненти не сакаат да се работи во интерес на народот. Потонати во жолчноста и омразата, тие сега негодуваат зошто владините преставници се меѓу

ТВ-дневник кој потсетува на 70-тите години од минатиот век

на 13. 08. 2015 | |
Разгледување, изјава, пак изјава, говор, сечење лента, фрлање лопата и така едно шест и пол минути. Фото: скриншот, колаж: СПФМ  

[Критички осврт врз ТВ-дневникот на телевизија „Канал 5“, 12.08.2015 од 18 часот]

 

Иако има уште осум-девет месеци до изборите, предизборните активности се во полн ек. И тие будно се следат од медиумите. Но, тоа не значи дека известувањето треба да биде како во кампања или, уште полошо, да

Претплатете се за најнови вести