verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Можеби сметката на „Макпетрол“ ќе биде деблокирана, ама тоа сè уште не се случило

on 19 - 08 - 2015       

recenzija-Makpetrol-crop-resize

 

[Рецензија: Одблокирана сметката на „Макпетрол“]

 

Ова е текст кој не е комплетно вистинит. Насловот е целосно неточен, иако текстот е коректно пренесено соопштение од Јавното обвинителство околу случајот со „Макпетрол“. Но, кога се прави еден новинарски текст, тој мора да биде вистинит во целост. Информацијата мора да се провери. Новинарот не смее да прејудицира. Да, можеби сметката на „Макпетрол“ ќе биде деблокирана, ама во моментот кога е пишуван текстот, тоа не е така.

recenzija MakpetrolЛинк до оригиналниот напис: Одблокирана сметката на „Макпетрол“

Датум и време на објавување: 18.08.2015, 13:27

Датум на рецензирање: 19.08.2015

Рецензент: Владо Ѓорчев

Станува збор, најверојатно, за забуна. Инаку во соопштението од Јавното обвинителство стои дека до судијата на претходна постапка доставило предлог да биде одблокирана сметката на „Макпетрол“ и на „Оилко“, бидејќи, по доплнителните докази, била утврдена „потребата од ослободување на сметките на друштвото за овозможување непречена работа“.

Во соопштението се вели:

„Основното јавно обвинителство – Скопје постапувајќи по допрен глас (информации објавени во медиумите) во текот на вчерашниот ден прибави дополнителни докази од Макпетрол АД – Скопје, од кои се утврди потребата од ослободување на сметките на друштвото со цел овозможување непречена работа, како на Макпетрол АД Скопје во рамките на исполнување на веќе преземените обврски за снабдување со енергенси на други субјекти, така и со цел овозможување на работата на трети правни лица во кои Макпетрол АД Скопје се јавува како единствен содружник и извор на финансиски средства за нивното работење. Од тие причини во рамките на жалбената постапка што се води пред Основниот суд Скопје 1 – Скопје, по повод изјавената жалба од правните лица Макпетрол АД и ОИЛКО КДА – Скопје против донесеното решение на судијата на претходна постапка за обезбедување на имотот и за привремено запирање на извршување определени финансиски трансакции, доставен е одговор на жалба од Основното јавно обвинителство – Скопје, во кој е даден предлог жалбата на решението во делот на ослободување на банкарските сметки да биде уважена.“

Поради ваквиот напис (и други слични написи) реагираа и од Основниот суд Скопје 1:

„За Судот зачудува пласирањето на дезинформации во јавноста кои не коренспондираат со правната процедура и законот без оглед дали се пренесени или изворно дадени. Нејасно е каков ефект ќе дадат ваквите информации насочени кон јавноста и граѓаните во Република Македонија, кога сите од правната фела знаат дека Јавното обвинителство не уважува жалби и не носи одлуки за одблокирање на сметки како што тоа беше пласирано во текот на вчерашниот ден, туку како странка во постапката пред Судот само дава предлози.

Ја информираме јавноста дека од страна на Јавното обвинителство доставен е одговор на жалба против донесеното решение на судија на претходна постапка за обезбедување на имотот и за привремено запирање на извршување определени финансиски трансакции, во кој одговор се предлага жалбата по однос на опстојувањето на изречената мерка – забрана за подигнување парични средства од сметките во повеќе банки, од обжаленото решение да биде уважена и решението на судијата на претходна постапка по однос на оваа точка да биде укинато. Судот по однос на наводите наведени во жалбата на Макпетрол АД и по наводите во одговорот на жалбата на ОЈО, дополнително ќе одлучува при што сеуште не е донесена судска одлука дали сметката ќе биде одблокирана по повод жалбата.“

Вака како што е напишан (особено насловот), написот предизвикува забуна и кај читателите и кај вработените во оваа компанија, но и кај нејзините коминтенти. Поради тоа, мора да се отворат „четири очи“ кога се пишува некоја вест или барем тоа да го прави некој кој се разбира во правото и во судските процедури.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести