verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Весела математика преполна со манипулации

on 4 - 09 - 2015       

recenzija-SDSM-pari-crop-resize

 

[Рецензија: Од народни пари, опозиционерите зеле 50 милиони за неработење]

 

Текстов нуди весела математика. Изнесува податоци кои не се поткрепени со ништо. Со тоа се замајуваат читателите и не им се кажува вистината. Бројките што овој текст ги прикажува како плата на пратениците од СДСМ се со сите додатоци и со платени придонеси. Поради тоа, ова е текст кој само сака да ги прикаже во негативно светло пратениците на СДСМ, кои на 1 септември се вратија во Собранието.

recenzija SDSM pariЛинк до оригиналниот напис: Од народни пари, опозиционерите зеле 50 милиони за неработење

Датум и време на објавување: 31.08.2015, 16:22

Датум на рецензирање: 02.09.2015

Рецензент: Владо Ѓорчев

„Граѓаните кои гласале за нив воопшто немаа свои претставници во Законодавниот дом. Од пратениците на СДСМ немаше никаква иницијативност, ниту еден законски предлог, но парите од сметката на државата секој месец легнуваа на нивните приватни сметки.“

Вака почнува текстот, секако, со невистина, а исто така и завршува. Познато во јавноста е дека СДСМ бараше да им бидат одземени мандатите, но тоа не го сторија пратениците од владејачкото мнозинство. Исто така е познато и тоа дека пратениците од СДСМ донесоа бланко оставки на местото за пратеници. И тоа не им беше прифатено. Значи, ако се сакало, можело да им се одземе мандатот и тие повеќе да не примаат плата. За тоа не се виновни од СДСМ. Машата била во рацете на власта.

„Понатаму, со парите кои опозиционерите ги земаа за неработа, преку проектот Јавни работи ќе можеа да се вработат 500 невработени граѓани. За 50 милиони денари, колку што зеле сопартијците на Заев за ниту еден сработен ден, ќе можеа над 7000 пензионери да отидат на бесплатна бања. Со парите кои пратениците на СДСМ ги земаа од државата, 12.000 дечиња од социјално-ранливи категории ќе можеа да отидат на бесплатен одмор. Или 300 лица ќе довиеја грант за самовработување и ќе можеа да отпочнат свој бизнис.“

Текстот понатаму продолжува со набројување на проектите што би можеле да се реализиираат со овие пари. И, во ред, точно е, можеби е така. Можат да се направат овие работи. Но, има и една друга вистина која, исто така, не е спомната во текстот. На пример, написот можел истата паралела да ја направи и со парите потрошени за проектот „Скопје 2014“ кои достиганаа 600 милиони евра.

„Милионските суми кои пратениците на СДСМ ги земаа од државна каса ќе можеа да покријат исплаќање на 40.000 поливалентни вакцини за дечињата, а можеше и 11 различни градови да бидат опремени со по еден мамограф.“

Текстот и понатаму, до крајот, набројува и прави споредба што сè би можело да се направи со тие пари.

Сепак, споредбата не е направена на научна и на аналитичка основа, туку само со нафрлени бројки. Особено е проблематично што написот се занимава со работи „што би било кога би било“, а тоа не е работа на новинарството. Истите тие работи кои се наброени во текстот можеле да се реализираат и без парите што им се бројат на опозициските пратеници. На пример, со тоа што нема да се изгради панорамското тркало?! Или шпанските скали да се жртвуваат за мамографи низ болниците во државата. Значи, ако сакаме да правиме паралели, би отишле до недоглед.

Затоа и секој новинарски текст мора да биде содржаен. Не се прави споредба само со тоа што му одговара на авторот или на уредникот, туку на тоа што му одговара на новинарството. Тоа е професија која си има стандарди. Не е паушална, ниту несодржајна. Напротив, еден новинарски текст мора да ги има сите атрибути кои се пропишани со пишани правила. Тоа, во овој текст, не е сторено. Има само нафрлени факти кои не можат да се оправдаат. Затоа и текстот е само лоша реклама за власта.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести