verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Во отсуство на докази, најлесно е да се искористи „дежурен виновник“

on 4 - 09 - 2015       

5555-09876-098709-090-crop-resize

 

[Рецензија: Опозицијата фалсификува – решението на Судот за бомбите не го донела Лаличиќ]

 

Силни зборови, непоткрепени со докази. Така изгледа и звучи овој материјал кој, забуната што беше внесена преку социјалните мрежи за тоа која судијка го донела решението дека опозициските „бомби“ не може да се користат во судска постапка, ѝ ја припишува токму на опозицијата. Значи, имаме медиумско „цврсто обвинение“ ама непоткрепено со какви било аргументи.

5555Линк до оригиналниот напис: Опозицијата фалсификува – решението на Судот за бомбите не го донела Лаличиќ

Датум и време на објавување: 02.09.2015, 12:29

Датум на рецензирање: 03.09.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

„ДЕЖУРНИОТ ВИНОВНИК“ ПРОНАЈДЕН, АМА БЕЗ ДОКАЗИ

Врз основа на што веднаш е утврден виновникот за „лажното“ судско соопштение проширено преку социјалните мрежи, според кое токму судијка чиј избор е споменат во „бомбите“ е одговорна за отфрлање на тие исти „бомби“ како можни докази во постапката? Нема одговор! Очигледно, некому му било најлесно тоа да ѝ го „тури“ на врат на опозицијата. Можеби е така, а можеби не, но ако силно „удираш“ на барабанот, покажувајќи со прст кон сторителот, тогаш треба барем да имаш со што тоа да го поткрепиш. Во ред е да се напише дека дописот кој, да бидеме искрени, малку поискусно новинарско око од авион ќе види дека е сомнителен, е лажен зашто тоа е така, а сосема друга работа е да се врши некаков си „лов на вештерки“ и отворено да се лицитира кој стои зад документот. Најверојатно, мотивот бил во фактот дека спомената судијка во „соопштението“ фигурираше во прислушуваните разговори објавени од СДСМ и е земена како пример за тоа како експресно се напредува во македонското судство ако имаш моќен пријател. Значи, ако опозицијата го обелоденила разговорот на идната судијка, тогаш мора таа да стои зад фалсификат-соопштението?! Не, тоа ништо не значи ако претходно таквата можност не е проверена, испитана и врз основа на факти е утврдено дека навистина опозиционерите лажирале допис што треба да наликува на официјален судски документ. А, што правиме ако е само шега, мајтап на лик кој сака добро да се забавува на социјалните мрежи? Кој ќе одговара за медиумското валкање на низа политички субјекти кои потпаѓаат под категоријата опозиција. Вакво нешто сигурно не би можело и не би смеело да се случи во држави со развиена медиумска култура и со јасни правила на игра. Мислам, не дека во Македонија нема еснафски кодекс, ама него малкумина го „вртат“.

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации…

 

Доколку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.

 

Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно – член 1 од Кодексот на новинари.

Има водилки, ама не се следат.

Значи, ако се проверило дека соопштението пласирано на дел од медиумите и на социјалните мрежи е лажно, што е во согласност со Кодексот, тогаш зошто не се проверило и кој е одговорен за него што, исто така, го наложува Кодексот? Ако тоа, сепак, е сторено, тогаш зошто во текстот нема докази дека опозицијата е виновна за фалсфикатот како што јасно се тврди? Добар дел од фејсбук-заедницата за овој документ за неверување се информираше од постовите на лица кои се сè, само не опозиционери. Напротив, тие се гласни поддржувачи на власта. Ама, сепак, тоа што тие „паднале“ на лагата не значи дека тие и ја создале.

Очигледно, во отсуство на докази, најлесно било да се најде „дежурниот виновник“, кој за дел од медиумите е виновен за сè во државата, иако девет години друг раководи со неа.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

можеби

непотврдени информации

наклонетост

политичка пристрасност, комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести