verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Пример на засилена пропаганда, новинарството тргнато настрана

on 14 - 08 - 2015       

Опозицијата и соросовите експоненти згрозени-crop-resize

 

[Рецензија: Опозицијата и соросовите експоненти згрозени што Владата испорачува проекти за граѓаните]

 

Текстов е скаран со фактите и со смислата во новинарството. Лесно е да се нападне некој без да имаш поткрепа за своите обвиненија. Но, секако, тешко е тоа да се оправда. Токму тоа е и овој напис. Тези без основа, без факти, само голи навреди.

Опозицијата и соросовите експоненти згрозени што Владата испорачува проекти за граѓанитеЛинк до оригиналниот напис: Опозицијата и соросовите експоненти згрозени што Владата испорачува проекти за граѓаните

Датум и време на објавување: 10.08.2015, 16:00

Датум на рецензирање: 11.08.2015

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

НЕРАЗБРАНА КРИТИКА

„Фрапантно е што опозицијата и соросовите експоненти не сакаат да се работи во интерес на народот. Потонати во жолчноста и омразата, тие сега негодуваат зошто владините преставници се меѓу народот. Нивната најнова критика е зошто Владата и Груевски постојано се на терен и реализираат проекти, што во суштина е максимално неодржлива и детски наивна теза.“

Веќе се навикнавме во секој политички текст во провладините медиуми да се спомнуваат „соросоиди“ и со жолчни навреди да се пишува против луѓето од невладините организации. Тоа не е ништо ново. Втората работа што не ја разбрале од овој медиум, кој критикува зошто критичарите на власта се против пропагандата на премиерот, која е засилена во изминатиов период, е тоа што смислата на Договорот од Пржино е да се имплементираат препораките од извештајот на експертот Рајнхард Прибе. Во него се посочени сите слабости со кои се соочува Македонија и прецизно се скицираат сите неопходни реформи за да се надмине политичката криза. Една од главните задачи за овој транзициски период до новите избори е конечно да престане злоупотребата на народните пари за партиски кампањи.

Тоа значи дека ваквотo однесување на Груевски е директно и грубо кршење на реформскиот дух на договорот за надминување на политичката криза.

 

НЕРАЗБРАНА И ЛОГИКА

„Во изминативе неколку дена, премиерот Груевски реализираше проекти од кои директна полза ќе имаат граѓаните. Груевски пушти во употреба реконструирано училиште што е дел од досега рекоунструираните вкупно 350 училишта, пушти во употреба водовод, беше поставен камен-темелник на колекторски систем, ја посети ТИРЗ Охрид- Струга каде што наскоро ќе влезат 2 фанрики и ќе отворат 2.000 работни места, го посети Плаошник каде се гради капитално дело, пушти во употреба 2 згради со 40 социјални станови, беше предадена во употреба нова плажа, најави дека се почнува со изградба на пет регионални патишта- инвестиција вредна 22 милиони евра, како и дека продолжува проектот за бесплатен одмор на деца од социјални семејства.“

И со овој пасус се гледа дека не се разбрала логиката на извештајот на европските експерти предводени од Рајнхард Прибе, во кој се посочува голема загриженост за несоодветното раздвојување на државата од партиските активности, неуспехот на медиумите да направат разлика меѓу покривањето на државните функционери во нивните ангажмани како министри (премиери) и кандидати, што придонесе кон поткопување на линијата меѓу партијата и државата.

„Со ваквата изјава, Заев всушност потврдува дека СДСМ ќе продолжи со салонска политика и црна кампања како единствен начин да дојдат на власт и да ја оцрнат Владата. Проектите, идеите, предлозите и нудењето на сериозна програма нема да биде нивен начин на работа.  Слични критики испратија и соросовите експоненти меѓу кои и Бранко Героски, кој обвинува дека Груевски е постојано на терен, а со слични тези излегоа и комуникологот близок на СДСМ, Петар Арсовски и новинарот Драган Антоновски.“

Инаку, вистината е дека Груевски со предизборната кампања што ја води сега, е со надеж дека сето ова што го прави како предизборна кампања ќе биде запомнето идната година во април. А, го прави сега зашто сигурно не ќе може од јануари натаму, кога нема да биде премиер, а можеби и не ќе може откако ќе биде избран специјалниот обвинител зашто тој може да го вика секој ден на распит. Инаку, смислата на критиките од критичарите на власта се стравот дека премиeрот ќе се однесува вака подло и дека ќе ги изигрува договорот од 15 јули и препораките на Прибе, а тоа се виде со преземањето куп мерки во Собранието, без да се чека СДСМ да се врати во него, туку намерно се преземаат мерки како ребаланс на буџет, укинување на лустрацијата, итн., за да се претекне враќањето на СДСМ и да му се нанесе што повеќе штета или да му се одземе што повеќе муниција за да не може да се оспоруваат некои работи, туку да бидат завршени пред СДСМ да дојде во Собранието. Сето тоа е изигрување на договорот од 15 јули. Тоа е и тезата на критичарите на власта, која овој текст не сака или не може да ја разбере.

Што се однесува на фотографиите од странските државници, кои ги има во текстот, споредбата е лоша. Во тие држави ниту имало политичка криза, ниту, пак, таму има мешање на државата со партијата. Затоа, сета таа споредба е погрешна. Освен, секако, за премиерот на Србија каде од светски организации, исто така, има забелешки за мешање на државата со партијата.

Текстот е навредлив за интелигенцијата. Не знам зошто, ама не сака да се сфати дека проблемот е што сето ова не е демократски, а сите овие мерки чинат пари кои ние ќе ги плаќаме и што го изигруваат духот на демократијата.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

премногу фотографии, толку многу што не можат да се догледаат

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести