verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Претпоставките за жртви не треба да се објавуваат

on 14 - 08 - 2015       

 

 

[Рецензија: Вријат социјалните мрежи, дали Хазби Лика и Фатмир Деари ќе бидат следните жртви? (ФОТО)]

 

Објавувањето информации кои немаат друга основа освен анонимните објави на социјалните мрежи, е против секаква новинарска и професионална етика. Рецензираната вест пренесува анонимни претпоставки од „Фејсбук“, кои сугерираат на можни жртви меѓу некои јавни личности, но не нуди ниту еден факт или дополнителен аргумент кои на оваа објава би ѝ ја дале вредноста што ја има една вест.

LAJM   Vlojnë rrjetet sociale  a do të jenë Hazbi Lika e Fatmir Dehari viktima të radhës   FOTOЛинк за оригиналниот текст: Вријат социјалните мрежи, дали Хазби Лика и Фатмир Деари ќе бидат следните жртви? (ФОТО)

Датум и време на објавување: 14.07.2015

Датум на рецензија: 30.07.2015

Рецензент : Бењамин Арифи

По неколкуте трагични настани кои се случија во една недела во разгранокот во Куманово, каде што беше убиен Командант Шќипоња, и во разгранокот во Струга, каде беше убиен Аргетим Асани, познат како Артан Муслиу, на социјалните мрежи кружи мислењето дека преостанатите живи команданти на ДУИ може да ги снајде иста судбина, пренесува „Лајмпрес“.

Такви претпоставки со фатални последици за некоја јавна личност, основани само врз статуси во социјалните мрежи кои се достапни за секого и секој може да напише што ќе посака, не се својствени за едно професионално новинарство. За да се поддржи веста, основана на една анонимна објава на „Фејсбук“, во текстот е опфатена и изјавата на аналитичарот Алајдин Демири дадена за еден друг медиум.

„Ако ја анализираме добро ситуацијата, од 2001 година до денес убиени се повеќе команданти од редовите на ДУИ одколку во 2001 година. Ова кажува за непринципиелната и неконзистентната политика на ДУИ“, вели Демири.

Оваа изјава на аналитичарот Алајдин Демири во ниту еден збор не алудира на контекстот што го третира овој текст. Тој ја коментира политиката на една политичка партија и жртвите во 2001 година и по конфликтот во 2001 година, но не спомнува ниедно од имињата што авторот на оваа вест ги спомнал како „идни жртви“.

При известување за вакви чувствителни случаи, новинарот треба да ги следи стриктно правилата и професионалните и моралните новинарски принципи, како и да води сметка за  човечкиот аспект на спомнатите лица и на нивните семејства.

 

(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни,

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема говор на омраза

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести