verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Шпекулација со изнасилен наслов

on 1 - 09 - 2015       

recenzija-pratenicka-grupa-crop-resize

 

[Рецензија: Заев не им дава пратеничка група на Тито и на Милевски]

 

Овој текст е направен на база на шпекулација со силен наслов. Секако дека во новинарството е дозволено информација од извор кој нема да се открие, но тој извор мора да биде посочен (место, функција). Да се каже само извор од СДСМ е премногу широк поим за да може текстот да биде веродостоен. Инаку, насловот е премногу изнасилен, а кога ќе се прочита целиот текст, може да се заклучи и дека не е вистинит.

recenzija pratenicka grupaЛинк до оригиналниот напис: Заев не им дава пратеничка група на Тито и на Милевски

Датум и време на објавување: 30.08.2015, 20:09

Датум на рецензирање: 31.08.2015

Рецензент: Владо Ѓорчев

Тоа што текстот го тврди во првиот пасус, веднаш го побива во вториот. Имено, во првиот стои:

„Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз, Зоран Заев, е против волјата на помалите партии кои фигурираат во неговата коалиција да се обединат во посебна пратеничка група во Собранието со свој координатор. Kако што дознаваме од партиски извори, првиот социјалдемократ не дозволувал тие да работат посебно од пратениците на СДСМ, кои веројатно ќе функционираат настрана од малите, со Горан Сугаревски на чело на групата. Наш соговорник од СДСМ вели дека непосредно пред влегувањето на опозиционерите во законодавниот дом, меѓу нив се зголемува и тензијата. Веројатно тоа се должи на недовербата на Заев кон коалициските партнери, односно на стравот на лидерот на СДСМ по влегувањето да не преминат на другата страна и токму затоа инсистира да функционираат сите обединети. Но, и покрај тоа, речиси е сигурно дека НСДП и ЛДП, кои заедно исполнуваат услов за посебна пратеничка група со пет народни избраници, ќе се обединат во посебна пратеничка група. Тоа практично значи дека Горан Мисовски, Љупчо Јосифовски и Соња Мираковска од НСДП и Горан Милевски и Дуфе Kуковски од партијата на Андреј Жерновски со свој координатор ќе дејствуваат во парламентот настрана од групата на СДСМ.“

И веднаш во вториот пасус се вели:

„Официјално од НСДП, пак, велат дека тоа е техничко прашање и оти ќе биде одлучено по влегувањето во Собранието, односно народски речено кога теренот ќе биде опипан директно од собраниските клупи. Оваа партија пред три дена одржа и Извршен одбор за прашања врзани за влегувањето во Собранието, но и за тековни работи.

– Kога ќе влеземе во Собранието, ќе одлучиме каква ќе биде стратегијата. Тоа е техничко прашање, што дополнително ќе се разгледува – ни изјави пратеникот Горан Мисовски од НСДП.“

Затоа нелогично е да се тврди дека СДСМ или нејзиниот лидер не им дава на помалите партии да формираат пратеничка група кога веднаш во вториот пасус имаме демант на овие тврдења од изјавата на претседателот на НСДП, Горан Мисовски. Како тогаш може да се извлече ваков наслов? Само со грубо новинарско манипулирање.

Исто така, тоа што недостига во написот за тој да биде содржаен е и немањето изјави од првите луѓе на СДСМ. Правило е ако некој се напаѓа, да му се даде можност да се одбрани, или во овој случај да се земе една изјава. Можеби изјавата би била „тоа не е вистина“, ама новинарот би имал алиби за напишаното.

Инаку, и понатаму текстот е полн со шпекулации и со полувистини, а за ништо нема побарано став од СДСМ.

Ова е напис кој не е новинарски добро сработен. Почнувајќи од наднасловот, па до крајот. Наднасловот вели: „Ортаците на СДСМ се жалат“, а никаде во текстот нема такво нешто. Дури и има изјава од претседателот на НСДП, но тој ништо не кажува на оваа тема. Дури и негира дека има некаков проблем и вели дека сè е работа на договор откако ќе се вратат во Собранието. Тие, пак, влегоа во парламентот на 1 септември, два дена откако е објавен текстот, па затоа написот може да се каже дека има прејудицирачка димензија или, просто, по нашки – тој е гатачки.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести