verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Расте спинот за „раст на поддршката за мнозинскиот изборен модел“

on 1 - 09 - 2015       

КАНАЛ 5 Телевизија-crop-resize

 

[Рецензија: Расте поддршката за мнозинскиот изборен модел]

 

Еден од прилозите на актуелните прашања на оваа телевизија ни ја претставува поедноставената слика за дилемата околу изборниот модел по кој ќе гласа народот на следните парламентарни избори. Според овој прилог, моделот за кој е премиерот (мнозински) е тој кој добива сè поголема поддршка како меѓу политичките партии, така и меѓу експертите и политичките аналитичари. Од прилогот не можеме да добиеме каква било основа за таков заклучок кој се сугерира со насловот.

КАНАЛ 5 ТелевизијаЛинк до оригиналниот напис: Расте поддршката за мнозинскиот изборен модел

Датум на објавување: 28.08.2015, 14:29

Датум на рецензирање: 31.08.2015

Рецензент: Љубомир Костовски

„За мнозинскиот изборен модел како што предлага премиерот Никола Груевски и неговата партија ВМРО ДПМНЕ се изјаснија и од Социјалистичката партија. Оттаму, велат доколку се прават измени на изборниот модел треба да се избере мнозинскиот и сметаат дека предлогот за опозицијата за една изборна единица ќе ги остави помалите политички партии надвор од Собранието.“

Од прилогот се гледа дека предлогот на лидерот на владејачката партија за мнозинскиот изборен модел одвај добил поддршка од само еден коалиционен партнер, при што се прескокнува дека сите други делови од владејачката коалиција практично се „во растур“ по ова важно прашање. И партијата ДОМ на пратеничката Лилјана Поповска и ДС на пратеникот Павле Трајанов се против тој модел, дури се иницијатори за моделот со една изборна единица (!), потоа ВМРО-НП, Либералната партија и многу други, речиси целата политичка сцена во која се токму малите партии за што го препорачуваме прилогот на „Дојче веле“ или прилогот на „Телма“ токму на оваа тема. Прилогот на телевизијата што е предмет на рецензијата прескокнува каква било форма на набројување (ако веќе се тврди дека предлогот на Груевски има така голема поддршка), туку по очевидното „тегнење“ на ставот на социјалистите на Љубисав Иванов Ѕинго, да фати „доволен простор“, не споменува ниту една, иако бројот на невладини организации кои се за поинакви изборни модели е тешко доброив.

Уште е почудно што не се споменува ДУИ, како најважен коалиционен партнер, каде еден дел од партијата е за постојниот, а еден дел за сосема поинаков модел (цела земја – една изборна единица), што покажува дека владините сили и во Собранието можат да доживеат „хаварија“ при евентуалното изјаснување за мнозинска опција, поради ерозија на сегашното големо мнозинство!

Навистина се споменува и партијата ГРОМ, која, иако е за мнозинскиот модел, сепак, е и за радикална промена (гласање за понудени личности, а не за партии), што објективно не значи поддршка за премиерот по ова прашање. Лидерите во такви услови не можат да ги местат имињата на идните пратеници!

Прилогот има и две изјави на поединци, од кои еден е поранешен член на ДИК и еден актуелен гласоговорник на ВМРО-ДПМНЕ – Илија Димовски, што не може „да се признае“ како експертско мислење.

Други експертски имиња нема, да не говориме за оние кои мислат спротивно на претходните двајца.

Класичен спин кој треба гледачите на оваа телевизија да ги убеди да не размислуваат со своја глава – премиерот мисли за нив и во принцип го избира она што е најдобро за народот.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не се прикажани спротивните ставови поистот прашање, дури и дека тие постојат

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

се работи за тв прилог

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести