verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Голо нафрлување тези што не можат да се оправдаат

on 18 - 08 - 2015       

recenzija-Zaev-SDSM-crop-resize

 

[Рецензија: Тоа што го бара Заев од ВМРО-­ДПМНЕ и државата нека го спроведе во СДСМ и Струмица]

 

Ова е текст како и сите други на оваа тема, а кои како печурки по дожд се појавуваат во редица медиуми за да го омаловажат СДСМ или неговите функционери. Како и во претходните вакви слични написи, во него нема ниту факти, ниту аргументи, туку се работи само за голо нафрлување тези што не можат да се оправдаат. Поради тоа текстов е невистинит, несодржаен и необјективен.

recenzija Zaev SDSMЛинк до оригиналниот напис: Тоа што го бара Заев од ВМРО-­ДПМНЕ и државата нека го спроведе во СДСМ и Струмица

Датум и време на објавување: 14.08.2015, 18:00

Датум на рецензирање: 18.08.2015

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

КАКО ПОЧНУВА, ТАКА ЗАВРШУВА

„Плановите на СДСМ и Заев кои ги објавија деновиве се нивна желба за тивок државен удар: преземање на Судски совет, Врховен суд, Обвинителство, Агенција за медиуми, УЈП, Завод за ревизија, контрола врз приватни медиуми… е обид на еден олигарх со дебело досие (Зоран Заев) со соросоидите да постави комплетна власт во државата без победа на избори, спротивно на Уставот и независноста, судските и медиумските институции, пишува Вечер.“

Вака почнува текстот, а исто така и завршува. И веднаш уште од првата реченица се гледа невистината. Во пасусот стои дека желбите на СДСМ се тивок државен удар. Оваа фраза е земена уште од говорот на премиерот Никола Груевски на 31 јануари 2015 година, кога го обвини лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за насилство врз претставници на највисоките државни органи. Оттогаш па до денеска оваа теза постојано се врти во провладините медиуми. Таа, пак, не може да се оправда никако. Ако и веќе е така, досега Заев требаше да заврши во притвор, се разбира ако имало доволно докази за тоа. Поради тоа што Заев сè уште е на слобода, малку чудни се идеите кои овој текст сака да ги прокламира. Дека се работи за тивок државен удар, е уште една будалаштина. Државен удар значи преземање на власта и тоа нелегално. Досега такво нешто нема. Напротив, се гледа дека власта цврсто чекори кон избори. Исто така, напомената за наводно прземање на некои државни институции е невистина. Тие забелешки се вметнати во извештајот на Рајнхард Прибе, а не се желба на СДСМ за преземање на власта.

Во целиот текст провејува тезата дека Заев е олигарх со дебело досие. Прво, тој досега не е осуден во ниту еден процес за да може да се каже дека има дебело досие. Значи, целосно е прекршена презумцијата на невиност. И второ, ако за некој кој е приватен стопанственик се каже дека е олигарх, тогаш излегува дека половина македонски граќани се олигарси.

„По редослед, до 15 септември треба да се изгласа новиот специјален обвинител за што во моментов се крева најмногу врева и пропаганда. Така, пропагандистите од СДСМ и Сорос исфрлаат пробни балони дека ќе има посебен закон за специјален обвинител и формирање на целосно нова институција паралелна на сегашното Јавно обвинителство. Потоа се објавува дека новиот специјален обвинител ќе биде од редот на соросоидите, нормално со формулација стручен човек прифатлив за јавноста и граѓанскиот сектор.“

И овој пасус е полн со невистини. Никаде Заев не изјавил дека ќе се менуваат судии и обвинители.

Со самото тоа што во Договорот од Пржино стои дека ќе се избере специјален јавен обвинител, се подразбира дека тој ќе работи на случајот со прислушуваните материјали. Впрочем, така пишува и во Договорот. Ако владејачката партија (што може да се прочита и од текстот) не сака специјален јавен обвинител, тоа значи прекршување на Договорот. Инаку, ако се формира посебно обвинителство (на еден обвинител му треба цел тим), тоа секако подразбира посебни простории, посебни ингеренции… И, секако, невистина е дека некој сака тоа да биде име од редовите на „соросоидите“… Впрочем, и во Договорот од Пржино стои дека тој мора да биде прифатлив за сите политички партии, потписници на Договорот.

 

НИКАКО СО ИЗЈАВИ

„Досега во јавноста се вртеа имињата на професорите од Правниот факултет Гордана Бужаровска и Гордан Калајџиев кој беше дел и од Хелсиншкиот комитет. Сите овие листи на желби на Заев и на СДСМ се добри за нивните уши и моќта на оваа пропаганда завршува тука.“

Текстот шпекулира и со имиња. Од нив не е побарана ниту изјава, па затоа текстот е несодржаен. Ако имало изјава од нив, тогаш можеби и би имало оправдување за спомнувањето на нивните имиња.

„ВМРО-­ДПМНЕ во секој момент може да го запре овој обид за државен удар со наметнување на елементи кои не се во договорот, може да го напушти парламентот и да објави дека ќе ги бојкотира изборите со што пропаѓа целиот проект на Вашинготон, Брисел и еврокомесарот Хан и се создава, овој пат реална политичка и етничка криза која ВМРО­-ДПМНЕ ќе ја решава од улица бранејќи ја македонската демократија, изборната волја на граѓаните и македонската нација од наметната влада составена од претежно криминалци и соросоиди кои загубиле на избори.“

На крајот на текстот, во овој пасус, се гледа отворена закана за продлабочување на политичката криза. Се навестува дека ако не е по „нивно“, можно е да се случи нова криза. Тоа би значело нови преговори и нови договори. Новинарот во текстот, патем, заборавил да спомене дека Договорот е потпишан пред претставници од меѓународната заедници и потпишувачите, меѓу другото, одговараат и пред нив.

Целиот текст е коментар, но не е потпишан од никого. Ставен е во рубрика „Македонија“. Целиот е со нафрлени тези, без поткрепа. Текстот е класичен производ на стратези за односи со јавноста и нема никаква врска со новинарството.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

неофицијални

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, наведен извор со линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести