verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Кога од новинарството се прави меана

on 5 - 09 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

recenzija-medarski-crop-resize

 

[Рецензија: Лицемерието на СДСМ: Цела фамилија Медарски вгнездена во судството]

 

Ова е текст кој не е етички и професионален. Во напад на една личност се вклучува цело семејство и тоа без основа. Сите се наведени со име и со презиме и со функција, но со ништо не е покажана никаква нивна вина. Единствено се виновни поради нивната припадност на одредено семејство. Затоа ова не е професионален текст, каков што се бара од една новинарска редакција.

recenzija medarskiЛинк до оригиналниот наслов: Лицемерието на СДСМ: Цела фамилија Медарски вгнездена во судството

Датум и време на објавување: 02.09.2015, 12:50

Датум на рецензија: 03.09.2015

Рецензент: Владо Ѓорчев

Поради тоа што некој е адвокат на опозициска политичка партија, на напад и на понижување се изложува една цела фамилија.

„Имено, според информациите, мајката на Филип Медарски, Елица Медарска е обвинител во Вишо ЈО Скопје, а сопруга на Филип Медарски е Софија Медарска, порано Спасова, судијка во Основен Суд 2, која пак е ќерка на Ристе Спасов, секретарот на Судот. Ова значи дека мајката на Медарски обвинува, а неговата сопруга пресудува.“

Ова е еден од пасусите во текстот. Сите роднини на посочениот адвокат се наведени, а се тврди дека информациите се вистинити. Оваа фраза воопшто не нуди сигурност за веродостојноста, туку изгледа дека е ставена колку да ја има. Инаку, како со полициска истрага се изнесуваат податоци кои не се од јавен интерес. Притоа, уште еден кикс е што нема изјава од никого во текстот, од ниту едно име кое е наброено. И, на крајот на краиштата, каде да работат овие луѓе? Ако се правници, што е спорно тоа да бидат судии и обвинители? Или ако се критички настроени кон власта не смеат да работат никаде?

„Со ова се потврдува лицемерието во кое адвокатот на Заев, Филип Медарски го покажува силното влијание на СДСМ во судството во кое на одлучувачки позиции се неговата мајка која работи во Вишото јавно обвинителство, таткото на неговата сопруга е секретар на судот Ристе Спасов, а и сопругата Софија која е судика во Oсновен суд 2 Скопје.“

Вака завршува текстот. Повторно со набројување на имиња од потесното семејство. Во написот нема ништо за нивната професионална кариера. Дали и како дошле до овие позиции? Колку трудови имаат? Каде учеле? Не е кажано кога спомнатите лица станале судии и обвинители, кога им почнал мандатот и има ли нивното именување или избор каква било врска со СДСМ или, можеби, тоа се случило во време на претходното или актуелното владеење на ВМРО-ДПМНЕ? Дали адвокатот Филип Медарски ја застапува опозицијата отсега или од порано? Што е проблемот со тоа што адвокатот на опозицијата (во овој судски случај) потекнува од правничко семејство? Ова не е единствен случај семејствата да имаат фамилијарна професија. Или, можеби, две лица не смеат да стапат во брак зашто припаѓаат на иста професија? Што значи синтагмата „партиски адвокат“? Тој не е вработен во СДСМ и има и дурги клиенти кои немаат никаква врска со СДСМ.  Единственото зло кое му се зема и нему и на неговите блиски е нивнотo презиме.

Тешко дека еден текст треба да изгледа баш како овој. Ова е „рекла-кажала“ муабет за кафеана. А, ако новинарството беше меана, во него ќе работеа келнери, а не новинари.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести