Плукни и залепи му етикета на адвокатот
Објавено во Рецензии
on 5 - 09 - 2015 Автор: Зоран Бојаровски[Рецензија: Ефтов: Специјалниот јавен обвинител ќе има мандат за да нема судење за Заев]
Како да се спои тоа што не се спојува? Тоа е една од најпосакуваните вештини, бидејќи им дава право на тие што се надарени за неа, да ги пронаоѓаат суптилните, скриени врски меѓу елементите кои за најголем дел од луѓето „не се видливи“.
Но, кога некој го нема тој дар, а има желба да манипулира, го прави тоа на еден робусен, груб начин и спојува нешто што воопшто нема никаква врзивно заедништво. Таквите продукти се франкенштајновски производи, кои повеќе говорат за нивниот креатор, отколку што имаат говор, односно логична порака во самите себеси.
Така е и со медиумските конструкции што спојуваат неспоиви елементи. Тоа го имаме како пример во медиумската содржина што ја рецензираме. Авторот зел фејсбук-статус на еден новинар кој тврди дека:
„На крајот Специјалниот Јавен Обвинител ќе има мандат каков што му беше предвиден: Да нема судење за Зоран Заев и неговите блиски роднини. Се останато се приказни за мали деца.“
Како што можеме да видиме, се работи за еден крајно паушален и неаргументиран став. Тој став го понижува докрај политичкиот договор од кој произлегува идејата за специјален обвинител, како дел од решенијата за разврска на длабоката политичка криза во која се наоѓа земјата. Договор кој ги вклучува во полн капацитет четирите најголеми политички партии кои ги застапуваа(т) нивните лидери. Посредник и гарант на овој договор е меѓународната заедница застапувана од ЕУ и од САД.
И покрај сето претходно, да се заземе еден таков став каков што искажал споменатиот новинар, е резултат на една крајно проблематична политичка инсуфиниенција.
На авторот на медиумската содржина што ја рецензираме не му пречи тоа и од тој исказ прави новинарски текст и порака.
Но, очигледно е дека, сепак, сфатил оти оваа изјава нема во себе информација вредна да биде вест и направил обид на таа безвредност да ѝ додаде вредност, со тоа што ја споил со една претходна изјава на адвокатот Тортевски во врска со одлуката на Основниот суд Скопје 1 да ги отфрли како неосновани сите докази во предметот „Прислушување“.
Линк до оригиналниот напис: Ефтов: Специјалниот јавен обвинител ќе има мандат за да нема судење за Заев
Датум и време на објавување: 03.09.2015, 10:40
Датум на рецензирање: 04.09.2015
Рецензент: Зоран Бојаровски
И наместо нова и логична целина, пред читателите се наоѓа текст кој „нема ниту глава, ниту опашка“.
Тука влегуваме веднаш во вивисекција и во елаборација на една многу посуштинска постапка на авторот – постапка да создаде нова реалност и „вистина“ со манипулација и со конструкција.
Конструкцијата се состои во тоа што од споментите изјави на адвокатот Тортевски за „Радио Слободна Европа“, се издвоени парчиња кои се залепени без нивната суштинска врска и поента. Еве ја целосната и точна изјава на Тортевски:
„Тие веќе се пуштени во етерот, од нив произлегуваат сериозни показатели и индиции за сторен криминал и секој обвинител што го почитува законот врз основа на допрен глас има појдовна основа од каде треба да тргне и што да истражува. Инаку и без ова решение тие докази не можеа да се користат во постапката и на нив не може да се заснова судска пресуда.“
Сосема очигледно е дека со земањето на само еден дел од изјавата на Тортвески, авторот на текстот што го рецензираме сака да наметне заклучок дека и тој и медиумот што ја објавува содржината, се согласуваат дека снимките не можат да се користат како докази.
Сосема предумислено е забошотен делот од изјавата на адвокатот дека тие (прислушуваните материјали, н.з.) треба да се користат како појдовна точка во доказната постапка, врз основа на која треба да се копа и да се прибават докази.
Медиумот што ја објавува оваа конструкција тоа никаде не го спомнува и со тоа креира погрешен манипулативен впечаток дека за ова прашање и Тортевски и „Нетпрес“ се сосема на иста страна.
Тоа е апсолутно неточно.
Во завршницата на оваа рецензија нема да навлегуваме во наведување на прекршените новинарски стандарди. Тие се сосема очевидни. Само ќе потсетиме дека членот 16 од Кодексот на новинарите препорачува:
Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.
Ова го наведуваме зашто, освен што ја искасапиле и исконтруирале нов, непостоечки контекст, за изјавата на адвокатот Тортевски, авторите и уредникот на оваа медиумска содржина не пропуштиле и да го етикетираат. Го нарекуваат опозициски адвокат.
Таа етикета повлекува лекција за оние што имаат уши да ја слушнат: секој новинар мора да поседува лична етика и одговорност – сопствен морален компас. Секој новинар мора да биде подготвен, ако тоа го бараат новинарскиот фер плеј и точност, да им дава шанса на разликите. Медиумите треба да ги негуваат независноста на мислењето и слободата на изразувањето за да се разбере едно изразито мултикултурно општество какво што е нашето. Оттаму, стимулирањето на различноста е неопходност која медиумите мора да ја практикуваат.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
Делумно
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални, неофицијални
релевантни, нерелевантни
2 извори
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови