verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Можно ли е јахтата да е изнајмена?

on 1 - 09 - 2015       

recenzija-jahta-sekerinska-crop-rezise

 

[Рецензија: Дали ова е приватна јахта на Радмила Шеќеринска?]

 

recenzija jahta sekerinskaЛинк до оригиналниот напис: Дали ова е приватна јахта на Радмила Шеќеринска?

Датум и време на објавување: 16.08.2015, 12:47

Датум на рецензирање: 20.08.2015

Рецензент: Владо Ѓорчев

Веста не е вистинита. Тоа го потврди и заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска на гостувањето во емисијата Топ тема на телевизија Телма. Таа рече:

Овие плукачи, оваа власт, со овие институции владее девет години. Дај боже да имам, ама не е така. Нешто да докажеа, нешто да најдеа, точка, запирка. Ме слушале десет години, нешто ќе дознаеја.

Првото правило, кое е и основа на новинарството, е веста да се провери. Тоа не е сторено. А, што требало да направи новинарот? Секако, да ѝ се јави на Шеќеринска и да ја праша: Дали оваа јахта е Ваша? Такво нешто нема во текстот.  Шеќеринска подоцна се огласи во јавноста и побара да се направи една дебатна емисија во која би се разговарало за тоа кој каде бил на одмор и колку пари потрошил. Во овој медиум овој одговор од неа не беше објавен во ниту еден текст потоа.

Луксузот е познат за Шеќеринска. Таа со својот сопруг и неговата фамилија, имаат неколку станови во Скопје и Охрид, имаат вила во Маврово, возат скапи возила и џипови, не штедат на имиџ и облека. Овие слики од одморот само ја оформуваат сликата за тоа како живее едно семејство во убав и луксузен живот. Тоа не е проблем, но е проблем што станува збор за политичар кој многу од тоа сака да скрие од очите на јавноста.

Тенденцијата на овој пасус е да се омаловажи Шеќеринска и таа во лошо светло да се претстави во јавноста. Тоа го има во сите текстови во провладините медиуми кои се дел од хајката против неа.

Од новинарски аспект спорно е тоа што не е контактиран ниту еден извор за да се поткрепи вистинитоста.

Несодржајноста оди дотаму што не се наведува ниту од кога е јахтата, како ја купила, каде ја чува…? Поради тоа излегува дека целата приказна е непотврдена, со неосновани информации. Но, кому му е гајле за неоснованоста кога хајката против Шеќеринска се води извесно време.

Кога еден текст ќе потврди ваква информација нормално е да се очекуваат докази и факти за ваквата теза. Кои се фактите со кои авторот го поткрепува ваквото свое тврдење?

Исто така, спорно е што не е наведен изворот на фотографиите и како е дојдено до нив. Објаснувањето е фотографиите кои ги добивме. Дали им ги испратил некој читател, турист, била следена или новинарот се потрефил на исто место со неа?

Дали е сосема случајно што името на јахтата е исто како името на ќерката на Шеќеринска ќе треба таа да даде одговор, но за нас е сосема доволно за да поставиме прашање до неа. На следната слика покрај името на јахата се гледа дека таа плови под грчко знаме, што значи дека како сопственост е регистрирана во Грција.

И на овој пасус не може да му се потврди веродостојноста. Тука се шпекулира дека станува збор за името на ќерката на Шекеринска. Сепак, ако се провери, ќе се дојде до податок дека АДА е и скратеница од име на компанија што произведува јахти. Дали можеби станува збор за име на компанија? Секако дека е можно, а ова како дилема требало да се наведе и во текстот.

Затоа може да се заклучи дека текстот е неверодостоен, необјективен и несодржаен. Во него морало да се постави и дилема дека можеби не е така. Не може само голо да се пласира шпекулација која не е проверена.

Ова е уште еден текст кој има цел да омаловажува. Тој е дел од хајка која сè уште трае и мора да се каже дека е надвор од новинарските стандарди.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести