verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Владо Ѓорчев

Веста никогаш не смее да биде еднострана

на 3. 11. 2015 | |

[Рецензија: Заев и СДСМ прават се за да нема избори и да нема препорака од ЕК]

  Ова е вест која не е целосна вистинита. Од една изјава на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во која тој никаде не вели експлицитно дека е за одложување на изборите, медумите блиски до власта почнаа хајка на омаловажување. Еве, што изјави Заев: „Роковите се точно врзани и прецизирани за до 24 април. Мора да се испочитуваат роковите кои треба да обезбедат прочистување на избирачкиот список.“ Ова е изјавата што ја даде Заев за „24Вести“. Оттука провладините медиуми објавија серија напади врз првиот човек на СДСМ, импутирајќи му дека тој се плаши од избори и затоа бара нивно одложување. Линк до оригиналниот напис: Заев

Текст од кој ве обзема срам

на 3. 11. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Ќерката на Наум Петрески потполно гола ги распамети фановите]

  Пред нас имаме информација од која, кога ќе ја прочитате, веднаш ве обзема срам. Измешана вест со коментар, со фотографија преземена од „Фејсбук“ и градена со вулгарноси, омаловажувања, навреди. Не само на личноста, која ниту виновна, ниту должна се појавила овде, туку се инволвира и нејзиниот татко, како и еден новинар, без притоа да се каже зошто. Иако написот не е дефиниран дали е вест или коментар, во секој случај дисквалификува и оцрнува една јавна личност. Линк до оригиналниот напис: Ќерката на Наум Петрески потполно гола ги распамети фановите Датум и време на објавување: 30.10. 2015 Датум на рецензирање: 02.11.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев Во новинарството се знае дека

Вулгарностите и ниските страсти преку телевизорот ни влегоа на голема врата

на 24. 10. 2015 | |
„Големиот брат“ – голема мизерија. Фото: veliki-brat.org  

Вулгарностите го спуштат реалното шоу „Големиот брат“ на најниски гранки и примитивизам. Пцости, секс пред камера, вулгарно омаловажување на другиот.

  Пишува: Владо Ѓорчев   Телевизиите во Македонија, во грчевитата борба за што поголема гледаност, не водат сметка за квалитетот и за јавниот интерес, туку посегаат до лесни, претежно вулгарни емисии кои немаат никаква морална димензија. Последен таков пример е реалното шоу

Неоправдан атак врз личност, крајно понижувачки за новинарската професија

на 23. 10. 2015 | |
 

[Рецензија: Со што е платена пристрасноста на Ванхауте?]

  Ова е текст кој е целиот шпекулативен, без извори, без аргументи и без докази. Притоа е навредувачки за еден посредник на ЕУ, кој помага во решавањето на политичката криза во Македонија. Нарачката од политички центар е видлива од авион. Крајно понижувачки текст за новинарството и за професијата. Линк до оригиналниот напис: Со што е платена пристрасноста на Ванхауте? Датум и време на објавување: 21.10.2015, 17:43 Датум на рецензирање: 22.10.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев Да почнеме со ред. Првото што овој текст го нема, а без кое не може да постои професионален текст, е изворот на информација. Тука го нема. И втората битна работа во новинарството е што не е прашана засегнатата

Текстот мора да биде целосно точен, без импровизации

на 22. 10. 2015 | |
 

[Рецензија: ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК ОСТАНУВА ИСТ, ЌЕ СЕ ДОПОЛНУВА СО ФОТОГРАФИИ]

  Овој текст почнува со невистина уште во насловот. Тој е неточен и е изваден од контекст. Со изместување на вистината се создава теза преку која потоа се гради целиот текст. Иако во медиумите имаше и изјави од засегнатите страни, тие не се користени во текстот за да се дообјаснат нештата. Затоа, во написот има полувистини и недокажани работи – намерно или од незнање, не се знае, но, сепак, факт е дека постојат. Линк до оригиналниот напис: ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК ОСТАНУВА ИСТ, ЌЕ СЕ ДОПОЛНУВА СО ФОТОГРАФИИ Датум и време на објавување: 15.10.2015, 17:52 Датум на рецензирање: 19.10.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев Ова е текст кој не е докрај содржаен. Има

„Како што дознаваме“, всушност, ништо не знаеме

на 16. 10. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Героски и Зекири во караница за уредничкото место во МРТ]

  Целиот текст е на база на шпекулација, без ниту малку аргуметни за да може да се оправда зошто ова четиво се нашло во медиумскиот простор. Линк до оригиналниот напис: Героски и Зекири во караница за уредничкото место во МРТ Датум и време на објавување: 14.10.2015, 14:11 Датум на рецензирање: 15.10.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев „Уредничкото столче во МРТ, кое е дел од преговорите на политичките партии, станало причина за кавга помеѓу уредниците Бранко Героски и Мухамед Зекири.“ Уште во првиот пасус има голема невистина. Не е наведено ниту кој кажал, ниту кој потврдил, ниту од каде е информацијата. Битно е да се вмешаат двајца новинари, кои критички ја

Телефонот ѕвони: новинарите во канџите на уредниците и на власта

на 14. 10. 2015 | |
Заробен телефон – заробени новинари. Фото: Matt Reinbold, 2007  

„Новинарот или уредникот на денот никогаш не знаат од кого е СМС-пораката, бидејќи се препраќа од директорот или главниот уредник со посебно внимание да не се види испраќачот. Некогаш диктатот е и со телефонски повик“. Како функционира добро подмачканата машинерија на власта за ширење на пропагандните написи и кординираните напади врз неистомислениците.

  Пишува: Владо Ѓорчев   Провладините медиуми (портали,

Успесите на владата од почеток до крај, како на неколку дена пред избори

на 13. 10. 2015 | |
„Министерски поплави“. Фото: скриншот  

[Критички осврт врз ТВ-дневникот на „Сител“ од 19 часот на 12 октомври 2015 година]

Тоа што може да се заклучи за овој ТВ-дневник е дека целиот, од првиот до последен прилог, беше пропаганден. Немаше ниту еден критички осврт. Вестите беа несодржајни, необјективни.

  Пишува: Владо Ѓорчев  

Временска непогода или природна катастрофа стана „идеален“ момент за пропаганда. Ова се случи во текот на централниот дневник

Насловот е лицето на текстот, затоа треба да е точен

на 9. 10. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Со закон се забранија бомбите]

  Вистината и точноста е најбитната одлика на новинарството. Кон тоа треба да стремат сите медиуми. Сепак, тоа најмногу боде очи во овој прилог. Можеби со поинаков наслов текстот ќе беше во ред, но вака, со категорично тврдење, а кое не е вистинито, не може да се зборува за професионален прилог. Линкуван наслов на анализираниот напис: Со закон се забранија бомбите (Напомена: насловот е во меѓувреме поправен) Датум и време на објавување: 6.10. 2015,18:27 Датум на рецензирање: 07.10.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев Текстот во целост е во ред. Но, тоа што најмногу му штети е насловот. Стaнувa збoр зa предлoг-зaкoн, a тоа знaчи декa уште не се нaшoл нa дневен ред, не е усвoен,

Каде е втората страна?

на 7. 10. 2015 | |
 

[Рецензија: Tендерот за таткото на Заев го избрка Пишев oд говорница]

  Крајно манипулативен и неточен наслов на ова четиво, кое се најде и на насловната страница на весникот. Притоа, со сосема неточни констатации и моменти, текстот сака да ја оцрни опозициската партија и нејзината работа во Собранието на РМ. Згора на сè, написот е и едностран и несодржаен затоа што ја нема и „втората страна од медалот“. Сè на сè, некомплетно четиво кое треба да послужи во пропагандни цели. Линк до оригиналниот напис: ТЕНДЕРОТ ЗА ТАТКОТО НА ЗАЕВ ГО ИЗБРКА ПИШЕВ OД ГОВОРНИЦА Датум и време на објавување: 02.10.2015, 18:35 Датум на рецензирање: 06.05.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев „Дофрлања од места, провокации, меѓусебни обвинувања за коруптивни зделки, мавтање со

Претплатете се за најнови вести