verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Каде е втората страна?

on 7 - 10 - 2015       

recenzija-sobrabie-silegov-pisev-crop-resize

 

[Рецензија: Tендерот за таткото на Заев го избрка Пишев oд говорница]

 

Крајно манипулативен и неточен наслов на ова четиво, кое се најде и на насловната страница на весникот. Притоа, со сосема неточни констатации и моменти, текстот сака да ја оцрни опозициската партија и нејзината работа во Собранието на РМ. Згора на сè, написот е и едностран и несодржаен затоа што ја нема и „втората страна од медалот“. Сè на сè, некомплетно четиво кое треба да послужи во пропагандни цели.

recenzija sobrabie silegov-pisevЛинк до оригиналниот напис: ТЕНДЕРОТ ЗА ТАТКОТО НА ЗАЕВ ГО ИЗБРКА ПИШЕВ OД ГОВОРНИЦА

Датум и време на објавување: 02.10.2015, 18:35

Датум на рецензирање: 06.05.2015

Рецензент: Владо Ѓорчев

„Дофрлања од места, провокации, меѓусебни обвинувања за коруптивни зделки, мавтање со материјали од собраниската говорница, па дури и едно станување од место за да се тргне друг пратеник од говорницата. Ова е сликата веќе еден месец од собраниската сала откако во парламентот, по постигнатиот политички договор од 2 јуни и 15 јули, по повеќе од две години првпат седнаа пратеници од СДСМ и нивната коалиција. Опозицијата ја забрза динамиката во Собранието, но ја врати и грдата слика на која македонските граѓани беа навикнати да ги гледаат народните избраници, особено во 2011 година и во 90-тите. На последната седница, која беше маратонска поради 100-те точки на дневен ред, меѓу кои и оние на СДСМ за екстерното тестирање, минималната плата и за увид во буџетските трошоци, ги иамше засега најлошите моменти во овој пратенички мандат. Најочигледен ваков пример беше кога пратеникот и портпарол на СДСМ, Петре Шилегов, буквално го истурка од говорница својот колега од ВМРО-ДПМНЕ, Васил Пишев, затоа што тој извади документи со кои се покажува како неговиот лидер Зоран Заев како градоначалник му дал тендер од половина милион евра на својот татко.“

Овој пасус ја извртува вистината и ја засилува шпекулацијата. Текстот сака да наметне дека учеството на опозицијата и бурните расправи прават грда слика од Собранието. Тоа, пак, предизвикува зачуденост затоа што работата на пратениците е да дебатираат. Понекогаш гласно, понекогаш тивко и нечујно, но Собранието е место на дебата. И тоа не може да биде грдо. Дали авторот сака да каже дека во бојкотираниот парламент, без СДСМ, сликата била поубава? Можеби да, било тивко. Но, дали авторот не требало да направи компарација и критички осврт на состојбата и да анализира зошто е тоа така. Дали, можеби, поради тоа што пратениците од власта, кои беа единствени во Собранието, слушале наредби? Или, како ќе им кажеле, така постапувале. Сега веќе не е така, затоа што опозицијата се врати во Собранието.

И во понатамошниот дел, текстот е едностран во однос на полемиката помеѓу пратениците Васил Пишев и Петре Шилегов. Не е точно дека Шилегов го избркал. Вистината е дека на Пишев му заврши предвиденото време за реплика, по што Шилегов стана и се доближи до говорница. Точно е дека имаше невербална комуникација со рака, но тоа е далеку од непристојно однесување. Башка што по укажувањето од претседатателот на Собранието, Шилегов продолжи со зборот, без некоја поголема расправија за каква се алудира во текстот.

„Проблемот меѓу Шилегов и Пишев настана кога на дебатата за јавни набавки пратеникот на СДСМ во својот говор почна да ги реди сомневањата за коруптивни зделки од материјалите за прислушување. На ова реплицира Васил Пишев.

– Петре, момче, да ми ти кажам еден уникатен пример за неколку јавни набавки на твојот лидер и твојата партија каде што си портпарол ти. Овој уникатен пример за јавни набавки е во светски рамки. Можно е да има само во Северна Kореја, но таму не можев да проверам, таму нема медиуми, барем не толку многу како тука, кои ги имате вие и СОРОС. Зоран Заев е единствен опозиционен лидер и градоначалник во овој свет каде што делел тендер на својот татко, својот брат, својот братучед, неговата снаа. Попрецизно, Зоран Заев, лидерот на СДСМ, на својот татко му дал тендер во вредност над 25 милиони денари или околу 500.000 евра или во вредност од 5 стана – рече Пишев од говорницата.“

Дека е текстот едностран, покажува и овој пасус. Го има говорот на Пишев, а го нема тој на Шилегов. Нели, пак, ако двајца се караат, мора да се каже кој што кажал. Како може текстот да тврди дека имало расправија, а да ја нема другата страна. Ако зборуваме за професионален текст, во него ќе го имаше и прашањето на Шилегов до неговиот колега, а кое се однесување на тоа дали Пишев навистина има хотел во Бугарија. Само така текстот би бил содржаен и објективен.

„По Вељаноски, реагираше и заменик-координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Kрсто Мукоски, кој го опомена Шилегов за неговото непристојно однесување и за обидите за пренесување на уличната демократија на СДСМ во законодавниот дом.

Хари Локвенец од СДСМ, пак, завчера одзеде еден час од работата на Собранието со пример за негов пријател – за најголемиот прилепски бурекчија, кој поради високите казни што ги предвидела власта, успевал да обезбеди плата само за еден вработен.“

И последниот пасус продолжува во истиот стил. Се обвинуваат пратениците од опозицијата зошто зборувале долго на говорницата. Да повториме само дека тоа им е работа и мораат да ги изнесат проблемите на граѓаните. Тие се народни избраници и нормално е да изнесуваат примери од нивните изборни единици. Така само покажуваат грижа за своите граѓани и за својот народ. Впрочем, тоа им е во описот на работнот место.

Башка што тие се ограничени во својот говор и не е за верување дека Вељаноски би им дал екстра време на говорницата. Не се ограничени единствено на седници на кои се расправа за буџетот на државата и на пратенички прашања, но каква и за што била дебатата, текстот не открива. Затоа и не може да се процени дали ја зборува вистината.

Од ова се гледа дека написот нема врска со професионалноста. Тој не се ни труди да биде објективен, туку намерно е едностран.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести