Насловот е лицето на текстот, затоа треба да е точен
Објавено во Рецензии
on 9 - 10 - 2015 Автор: Владо Ѓорчев
[Рецензија: Со закон се забранија бомбите]
Вистината и точноста е најбитната одлика на новинарството. Кон тоа треба да стремат сите медиуми. Сепак, тоа најмногу боде очи во овој прилог. Можеби со поинаков наслов текстот ќе беше во ред, но вака, со категорично тврдење, а кое не е вистинито, не може да се зборува за професионален прилог.
Линкуван наслов на анализираниот напис: Со закон се забранија бомбите (Напомена: насловот е во меѓувреме поправен)
Датум и време на објавување: 6.10. 2015,18:27
Датум на рецензирање: 07.10.2015
Рецензент: Владо Ѓорчев
Текстот во целост е во ред. Но, тоа што најмногу му штети е насловот. Стaнувa збoр зa предлoг-зaкoн, a тоа знaчи декa уште не се нaшoл нa дневен ред, не е усвoен, пoтoчнo не е нa силa.
Како што објавија и медиумите, предлог-законот за забрана на „бомбите“ на опозицијата на веб-страницата на Собранието е на второ читање. Можеби денеска тој ќе биде усвоен, но во моментот кога е правен и објавен овој прилог (6 октомври 2015 година) тој сè уште не беше донесен.
Новинарот морал критички и аналитички да се осврне на можните настани. Тој да биде усвоен, да не биде, да биде повлечен… Имаше низа текстови, претежно со шпекулации, но, сепак, со информации за можните идни настани што би произлегле од овој закон.
Инаку, другиот дел од текстот е во ред. Коректно се пренесени и изјавите и случувањата околу овој закон. Сепак, насловот е многу битен елемент во еден новинарски производ, Ако тој е промашен, не може да се зборува за комплетен и вистинит текст.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
неточни наводи
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
лажни информации
не аплиактивно
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор, наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
наведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови