verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Владо Ѓорчев

Игра на проверена карта на мистика и на сензационализам

на 21. 11. 2015 | | sq
 

[Рецензија: ЛУЗНИ ОД МИНАТИОТ ЖИВОТ­ ЕВЕ ШТО ЗНАЧАТ БЕЛЕЗИТЕ ОД РАЃАЊЕ?]

  Дали новинарите треба да известуваат за вакви теми и колкаво е нивното познавање? Ова прашање се наметнува веднаш затоа што овој текст не нуди чувство дека се работи за добро „потковани“ новинари. А, кога се оддава такво чувство, веднаш секој читател треба да се праша зошто написот нема консултирано некое стручно лице. Па, тој да каже што се белезите, како настануваат и што ни кажуваат. Ако во таков контекст се смести и ова суеверно четиво, можеби и ќе му се прогледа низ прсти. Линк до оригиналниот напис: ЛУЗНИ ОД МИНАТИОТ ЖИВОТ­ ЕВЕ ШТО ЗНАЧАТ БЕЛЕЗИТЕ ОД РАЃАЊЕ? Датум и време на објавување: 18.11.2015 Датум на рецензирање: 20.11.2015

Опозицијата во државните институции – веќе вообичаено дочекување на нож

на 20. 11. 2015 | |
На нож – и при враќање во Собрание, и при влез во Влада. Фото: Bart, 2008  

Тоа што истите текстови ги има во различни медиуми не значи дека се збогатил медиумскиот простор. Напротив, само се осиромашил, поради тоа што се работи за непрофесионални производи што создаваат хаос во главите на читателите. А, новинарството, напротив, беше нешто друго, нели?

  Пишува: Владо Ѓорчев   Уште веднаш штом новите министри седнаа

Луѓето влегуваат во зградата на МВР затоа што таму одат на работа

на 18. 11. 2015 | |
 

[Рецензија: Оливер Спасовски наредил вработените во МВР да се пресметуваат со медиуми кои не се под контрола на СДСМ]

  Во овој текст има нафрлени тези, спинувани и невистинити моменти. Притоа, генерално гледано, написот не тргнува од професионалните стандарди, туку ја плете приказната со една цел – да го омаловажи новиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Затоа и е тука за рецензија. Линк до оригиналниот напис: Оливер Спасовски наредил вработените во МВР да се пресметуваат со медиуми кои не се под контрола на СДСМ Датум и време на објавување: 15.11.2015, 11:03 Датум на рецензирање: 16.11.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев „Новиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, од МВР продолжува да си води партиска агенда и на своите вработени им

Вештачки создадена паника

на 14. 11. 2015 | | sq
 

[Рецензија: ХАОС ВО МВР: Спасовски го парализираше министерството]

  Овој текст, кој го има во речиси сите провладини медиуми, нема врска со вистината. Од ништо, се крева паника само за да се омаловажи новиот министер за внатрешни работи. Притоа, што не е толку небитно, се создава паника кај граѓаните. Линк до оригиналниот напис: ХАОС ВО МВР: Спасовски го парализираше министерството Датум и време на објавување: 12.11.2015, 22:34 Датум на рецензирање: 13.11.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев Овој текст вештачки креира некаква криза. Притоа, воопшто не е точно дека со тоа се парализирало Министерството за внатрешни работи. Ако било така, воопшто ќе немаше билтен утринава, но, напротив, имаше известување за сите операции што полицијата ги направила во текот на ноќта. Втората битна

Како не треба да изгледа еден новинарски текст

на 12. 11. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Кој лаже – Хан или перјаниците на СДСМ?]

  Ова е толку конфузен текст што може да се опсервира во некоја научна установа како пример за тоа како не треба да изгледа еден новинарски производ. Нема ниту глава, ниту опашка. Нема правила, ги нема занаетските моменти, нема докази, не е содржаен, не е објективен и, на крајот на краиштата, не е вистинит. Линк до оригиналниот напис: Кој лаже- Хан или перјаниците на СДСМ? Датум и време на објавување: 10.11.2015, 11:58 Датум на рецензирање: 12.11.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев Написот почнува со констатација дека поради ВМРО-ДПМНЕ Македонија добила препорака, а поради СДСМ добила услов. Цело време се обвинува една опозициска партија за неуспехот на државата. Секако дека морале да знаат

Полните имиња и презимиња на осомничени лица не се објавуваат

на 11. 11. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Ова се напаѓачите од Клинички – СДСМ не ги интересира тоа!]

  Ова е текст кој прави значајни грешки неприфатливи за новинарството. Покрај тоа што со него се сака да се плука по опозицијата, неаргументирано бара некаква одговорност од СДСМ. А, зошто оваа партија да има некаква одговорност? Таа не е владејачка партија! Башка што во ниту еден момент овој текст не ја лоцира вината кај министерот за здравство, Никола Тодоров, кој има морална одговорност. Линк до оригиналниот напис: Ова се напаѓачите од Клинички – СДСМ не ги интересира тоа! Датум и време на објавување: 9.11.2015, 15:27 Датум на рецензирање: 10.11.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев Овој наслов, во најмала рака, е чуден. Каква поврзаност има и за што треба

Васко Ефтов: Моите ставови се исти и сега како и пред пет години

на 10. 11. 2015 | |
Ефтов: Немам никаков проблем околу изборот на темите. Сега засега. За понатаму ќе видиме. Фото: лична колекција  

За мене и сега, како и пред пет години, Јосип Броз Тито е најголем политичар од овие простори, Тодор Александров е Бугарин, а не Македонец, Никола Груевски води лоша политика. Што е сменето? Само една работа – на чело на опозицијата дојде Зоран Заев и во две години успеа цивилизациски да девастира

ТВ-дневник: Удри по новите министри уште непочнати со работа

на 9. 11. 2015 | |
Што со коментари, што со прес-конференции: новите министри на удар. Фото: скриншот  

[Критички осврт врз ТВ-дневникот на „Канал 5“ на 8 ноември 2015 година во 18 часот]

 

Првите три вести претставуваа напади врз новите министри и заменици-министри во Владата, предложени од СДСМ, следеше некомплетен прилог за загадувањето на воздухот во Скопје, за потоа да се почне со фалби на економската политика на Владата.

  Пишува: Владо Ѓорчев  

Надвор од сите норми и новинарски стандарди

на 7. 11. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Срамен елитизам: Шекеринска плука по борците кои ги посети (ВИДЕО)]

  Ова четиво, кое се нарекува новинарски текст, на прв поглед предизвикува зачуденост. Читaтелот, просто, не знае дали да се смее или да плаче. Веста од посета на заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, на Здружението на воените ветерани и бранители од Куманово до толку е извулгаризирана што, едноставно не е за верување. Дури е смешно и да се напомене дека текстот не е содржаен и објективен затоа што нема изјава од неа. Тоа не може да се каже, затоа што ова четиво е надвор од сите норми и новинарски стандарди. Во него нема ниту минимум човечност, етика и морал. Линк до оригиналниот напис: Срамен елитизам:Шекеринска плука по борците

Неаргументирано лепење етикети

на 6. 11. 2015 | |
 

Рецензија: СКАНДАЛ: Активисти на СДСМ ја нападнаа директорката на ОУ „11 Октомври“ (ВИДЕО)

  Ова е крајно тенденциозен и невистинит текст. Притоа воопшто не е содржаен, тој е едностран и необјективен. Во него ја има само едната страна, што го прави непрофесионален. Насловот е сензационалистички и предивикува внимание, но тој е невистинит. Линк до оригиналниот напис: СКАНДАЛ: Активисти на СДСМ ја нападнаа директорката на ОУ „11 Октомври“ (ВИДЕО) Датум и време на објавување: 30.10. 2015, 15:57 Датум на рецензирање: 04.11.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев Насловот воопшто не ја доловува вистината на тоа што се случуваше тој ден во ова училиште. Притоа, без докази и аргументи, родителите се нарекуваат активисти на СДСМ. Дури и да се членови на оваа опозициска партија,

Претплатете се за најнови вести