verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Владо Ѓорчев

Димитровски: Обвинителот бараше од новинарот да го открие изворот за фалсификуваните лични карти

на 18. 01. 2016 | |
„Зошто цела година МВР и Обвинителството не спроведоа истрага за т.н. фабрика за пасоши?“ Зоран Димитровски, одговорен уредник на „Фокус“. Фото: лична колекција
 

Новинарот Љубиша Арсиќ беше на распит, како што велите, во својство на сведок, одговараше на прашања на обвинителот неколку часа, и, колку што знам, обвинителот сè уште не завршил со распитот, ќе има и продолжение кое беше одложено. Скандалот е што обвинителството барало од нашиот новинар

Неодговорно новинарство

на 16. 01. 2016 | | sq

[Рецензија: Славен руски научник ви го открива најмоќниот природен лек]

  Текстот што го рецензираме„информира“ дека еден руски научник го открил „најмоќниот природен лек“. Но, во написот нема линк до неговата биографија или, пак, до неговите трудови. Ниту, пак, може да се прочита некаква медицинска – експертска експликација која би ги убедила читателите дека е во прашање „револуционерен лек“! Линк до оригиналниот напис:  Славен руски научник ви го открива најмоќниот природен лек Датум и време на објавување: 13.01.2016, 21:31 Датум на рецензирање: 15.01.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

РЕВОЛУЦИОНЕРЕН ЛЕК?!

Во насловот на текстот е наведено е дека  се работи „за славен руски научник“, ама во содржинскиот дел на написот нема докази дека тоа е навистина така.  Од самиот напис не

Равенство меѓу пријател и фејсбук-пријател

на 14. 01. 2016 | | sq

[Рецензија:Катица Јанева е пријателка со Захир Бекири Чаушот]

  Овој текст има спинерски наслов: „Катица Јанева е пријателка со Захир Бекири Чаушот“.  Специјалната обвинителка Јанева, всушност, е пријател со Бекири на „Фејсбук“, што е различно. Линк до оригиналниот напис: Катица Јанева е пријателка со Захир Бекири Чаушот Датум и време на објавување: 10.01.2016, 23:32 Датум на рецензирање: 14.01.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев  

„ФЕЈСБУК“ – КРУНСКИ ДОКАЗ!

Тоа што Катица Јанева е со некого пријател на „Фејсбук“, не значи дека е пријател со таа личност и во приватниот живот. Таа може и воопшто да не го познава Бекири, како што, впрочем, е случај со голем број  ФБ-пријателства. А и да го познава, тоа не  е некаков грев. Тоа не

Непотврдени информации како стопроцентна вистина

на 12. 01. 2016 | | sq

[Рецензија: Истрагата за Фабриката за афери на СДСМ добива меѓународни димензии]

  Текстот што е пред нас има сензационалистички наслов и во јавноста пласира непроверена информација. Написот содржи тенденциозни напади, не ја почитува презумцијата на невиност и само врз база на претпоставки како виновни посочува конкретни личности наведувајќи ги со име и со презиме. Инаку, текстот се повикува на друг портал и тоа е коректно наведено, но не е ставен линкот до медиумот. Линк до оригиналниот наслов: Истрагата за Фабриката за афери на СДСМ добива меѓународни димензии Датум и време на објавување: 09.01.2016, 14:10 Датум на рецензија: 11.01.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

СО ЛЕСНОТИЈА ИСКАЖАНИ ОБВИНУВАЊА

Написот е целосно преземен од  друга веб-страница (вклучувајќи ги и насловот и фотографијата) и

Вистинското истражувачко новинарство секогаш е под „Spotlight”

на 12. 01. 2016 | |
Злоупотреба на деца од страна на католички свештеник – графит во Лисабон. Фото: Wikipedia.org  

Во 2003 година, по серија написи, „Бостон глоуб“ доби Пулицерова награда. Весникот ја доби наградата за својата храброст, комплетна покриеност, напор кој предизвикал да биде откриена тајна, да испровоцира локална, национална и меѓународна реакција, како и тоа што текстовите произведоа промени во Римокатоличката црква

  Пишува: Владе Ѓорчев   Филмот „Spotlight“ (слободен превод: рефлектор, центар

Каква врска има ФБ-статусот за Белизе со граѓаните?

на 11. 01. 2016 | | sq

[Рецензија: ФОТО: Портпаролот на Заев, Шилегов, со потсмев за бадниковата вечер]

  Овој текст е напишан со единствена цел да се оцрни портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. Притоа, се користи негов фејсбук-статус и од него се извлекува  теза  дека Шилегов за Бадник им се потсмевал на граѓаните, што е неточно.
Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Портпаролот на Заев, Шилегов, со потсмев за бадниковата вечер Датум и време на објавување: 6.12. 2016, 20:27 Датум на рецензирање: 08.01.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

РАВЕНСТВО МЕЃУ ВМРО-ДПМНЕ И ГРАЃАНИТЕ

Написот се потпира само на објавата на Шилегов на „Фејсбук“ и од неа се прави конструкција во која тој се претставува во негативно светло. „Гласноговорникот на Зоран Заев и на Бадник покажа целосно непочитување кон

Како од сообраќајка се конструира случај!

на 8. 01. 2016 | |
 

[Рецензија:„Нетпрес“: Специјална јавна обвинителка завршила во провалија со својот автомобил ]

Од сообраќајна несреќа во која има самo материјална штета, се прави приказна со која се сака да ѝ се наштети на обвинителката од Специјалното јавно обвинителство. Станува збор за напис преземен од друг портал (што е наведено, но не е ставен линкот), кој се повикува на неименувани полициски извори и не ја вклучува втората страна. Материјалот што го рецензираме целосно се потпира на овој текст и го пласира без никаква дополнителна доработка, односно без да ја провери информацијата и да побара став од засегнатата страна – обвинителката (и портпаролка) во Специјалното јавно обвинителство. Дотолку повеќе, истиот ден за овој случај имаше соопштение од Специјалното јавно обвинителство, кое не

Гревот на министерката!

на 5. 01. 2016 | | sq

[Рецензија: Ременски без чувство за човечност – не посети првородено дете]

Овој напис е скроен наменски за да ја нападне министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски. Притоа, се форсира теза дека таа морала да го посети првороденото дете. Линк до оригиналниот напис: Ременски без чувство за човечност – не посети првородено дете Датум и време на објавување: 2.01. 2016, 15:02 Датум на рецензирање: 04.01.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ТЕНДЕНЦИОЗНОСТ И НАВРЕДЛИВ ТОН

Од самиот почеток на текстот е видлива намерата министерката за труд и социјална политика да се претстави во лошо светло. Тенденциозноста особено се забележува во насловната конструкција, која има навредлив тон. „Ременски без чувство за човечност – не посети првородено дете“ Изборот, пак, на една од

Највулгарна манипулација за повеќе кликови

на 3. 01. 2016 | |

[Рецензија: Полудувам кога ќе ми влезе: Пиев дури и апчиња, но залудно]

  За содржината на овој напис не се знае дали е  вистинита или не. Се  тврди дека е „исповед објавена на една Фејсбук страна на која жените од регионот си ги споделуваат „маките“ и пролемите со кои секојдневно се соочуваат, делат совети и разменуваат рецепти“. Но, такви страници на „Фејсбук“ има премногу. А тука не е наведно името на страницата ниту, пак, има линк. Така, тешко може да се поверува во веродстојноста на напишаното. Од друга страна, како  може статус на „Фејсбук“ да биде релевантен и единствен извор за некоја вест? Линк до оригиналниот напис: Полудувам кога ќе ми влезе: Пиев дури и апчиња, но залудно Датум и

Фотографијата мора да ја долови вистината во текстот

на 16. 12. 2015 | | sq

[Рецензија: ФОТО: Сендвичи за контрадемонстрантите пред УКИМ]

  На читателите им е понуден текст кој наводно презентира факти. Притоа, поголемиот дел од овој кус материјал е коментар, а тезата што ја промовира не може да се докаже. Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Сендвичи за контрадемонстрантите пред УКИМ Датум и време на објавување: 14.12.2015, 15:20 Датум на рецензирање: 15.12.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев Написот се повикува на една фотографија, која во конкретниот случај не би можела да биде добар извор за информацијата што се пласира. Точно е дека на сликата е прикажано комби, но не се гледа дека „контрадемонстрантите добиваат сендвичи“, како што тврди текстот. Веднаш по појавувањето на оваа вест, на социјалните мрежи имаше реакции дека е невистинита. На пример,

Претплатете се за најнови вести