Фотографијата мора да ја долови вистината во текстот
Објавено во Рецензии
on 16 - 12 - 2015 Автор: Владо Ѓорчев[Рецензија: ФОТО: Сендвичи за контрадемонстрантите пред УКИМ]
На читателите им е понуден текст кој наводно презентира факти. Притоа, поголемиот дел од овој кус материјал е коментар, а тезата што ја промовира не може да се докаже.
Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Сендвичи за контрадемонстрантите пред УКИМ
Датум и време на објавување: 14.12.2015, 15:20
Датум на рецензирање: 15.12.2015
Рецензент: Владо Ѓорчев
Написот се повикува на една фотографија, која во конкретниот случај не би можела да биде добар извор за информацијата што се пласира. Точно е дека на сликата е прикажано комби, но не се гледа дека „контрадемонстрантите добиваат сендвичи“, како што тврди текстот.
Веднаш по појавувањето на оваа вест, на социјалните мрежи имаше реакции дека е невистинита.
На пример, во еден од коментарите на „Фејсбук“ (во кој имаше и фотографија) се вели: „Порталите што објавуваат дека имало „сендвичи за контрапротестантите“ денес на УКИМ – лажат. Сендвичите биле за работниците што садат, како што се гледа многу јасно од оваа слика.
Исто така, при консултација со колеги кои биле на местото на настанот не може да се потврди дека сендвичите завршиле во рацете не студентите. Тие за „Сервис за проверка на факти од медиумите“ велат дека такво нешто не виделе.
Од друга страна, нејасно е зошто ако фоторепортерот бил на местото на настанот, не го фатил и моментот кога, наводно, сендвичите им се делат на студентите?
Истовремено, текстот нема ниту една изјава. Доколку, навистина студентите зеле сендвичи, тоа било добра можност и тие да се прашаат. На пример: „По чиј налог дошле? Дали се согласуваат со изградбата на овие факултети?… “
Но, манирот во кој е напишан и пласиран овој новинарски производ, не остава впечаток дека целта е да пренесе објективна информација и да ја долови вистинската слика од теренот.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
друга пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови