verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Владо Ѓорчев

Текст на стаклени нозе

на 15. 12. 2015 | | sq

[Рецензија: „Прес 24“: Хаос во СДСМ – делегатите не сакаат да присуствуваат на програмскиот Конгрес на Заев во недела]

  Станува збор за тенденциозен материјал чија намера е да креира перцепција дека СДСМ се соочува со големо внатрепартиско незадоволство. Главните карактеристики на овој текст се премногу шпекулации и отсуство на кредибилни извори. Линк до оригиналниот напис: „Прес 24“: Хаос во СДСМ – делегатите не сакаат да присуствуваат на програмскиот Конгрес на Заев во недела Датум и време на објавување: 11.12.2015, 21:46 Датум на рецензирање: 14.12.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

РЕКЛА – КАЖАЛА

Написот стои на стаклени нозе и е со крајно проблематична вистинитост. Тој се повикува на неименувани извори, се темели на шпекулации и на муабети рекла-кажала и ниту едно

Сечен, лепен и конструиран текст

на 14. 12. 2015 | |

[Рецензија: Стојан Андов удри по заевистите: СДСМ е многу затворен, луѓето околу Заев се единствените што одлучуваат] 

  Едно од правилата во новинарството е да не се извлекуваат од контекст тези од некое интервју. Токму тоа е направено во материјалот што е пред нас, во кој се прави конструкција од еден фрагмент од интервјуто на Стојан Андов за „Плусинфо“. Во написот, инаку,  нема линк до интервјуто за да можат читателите самите да се уверат што точно кажал Андов. Линк до оригиналниот напис: Стојан Андов удри по заевистите: СДСМ е многу затворен, луѓето околу Заев се единствените што одлучуваат Датум и време на објавување: 08.12.2015, 15:21 Датум на рецензирање: 11.12.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев   Текстот обработува само едно прашање од интервјуто

Медиумите на опашката на Договорот од Пржино

на 11. 12. 2015 | |
За решенијата во медиуската сфера ќе почекаме. Новинари и сниматели пред Клубот на пратениците. Фото: „Мета“  

Преговарачите на политичките партии сè уште имаат дијаметрално различни ставови за прашањето на медиумите. Според информациите од преговарачкиот процес, копјата се кршат околу реформите во МРТ и во Агенцијата за медиуми.

  Пишува: Владо Ѓорчев   Медиумите, како сфера за која треба да се преговара во работните групи на политичките партии потписнички на

По секоја цена да се оцрни опозицијата

на 10. 12. 2015 | |

[Рецензија: СДСМ сака тензии со цел да избега од изборите]

  Оваа медиумска содржина се потпира на паушални иформации. Дополнително, целиот напис е коментаторски, без ниту една изјава, ниту, пак, поблиску доловен извор. Никој не вели дека изворот мора да биде со име и со презиме, ама во еден новинарски текст тој треба да биде лоциран, да се добие впечаток дека изворот навистина постои. Написот што е пред нас не остава таков впечаток. Линк до оригиналниот напис: СДСМ сака тензии со цел да избега од изборите Датум и време на објавување: 04.12.2015, 18:19 Датум на рецензирање: 09.12.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев   НА СТАКЛЕНИ НОЗЕ „СДСМ не сака развој, туку сака економијата повторно да се закочи, да се стопира отворањето на

А каде е предлогот на СДСМ?

на 7. 12. 2015 | |

[Рецензија: Дволичноста на СДСМ уште еднаш на виделина]

  Ова е текст кој ги вади работите од контекст и ја извртува вистината. Има повеќе тези со кои се занимава и тие, главно, или се половично пренесени и прокоментирани или се спинувани. Написот е коментаторски скроен, а во таков манир е и насловот. Линк до оригиналниот напис: Дволичноста на СДСМ уште еднаш на виделина Датум и време на објавување: 4.12.2015, 12:03 Датум на рецензирање: 05.12.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев   СПИНУВАЊЕ Со спинување почнува самиот текст: „При расправата за законот за прислушуваните материјали на почетокот од месец октовмри, СДСМ не сакаше да слушне за било какви казни за медиумите, а сега опозицијата бара драконски казни за своите, како што самата ги нарече

Ниту сто ѕвездички не го спасуваат текстот

на 5. 12. 2015 | | sq
 

[Рецензија:Скандалозна изјава на Ван Хауте: „Престанете да сер*те“]

  Ова е целосно недоличен напис кој ве остава без зборови. Ваква навредлива содржина никако не смеела да се пласира како новинарски текст. Линк до оригиналниот напис: Скандалозна изјава на Ван Хауте: „Престанете да сер*те“ Датум и време на објавување: 01.12.2015, 21:24 Датум на рецензирање: 03.12.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев   ОЛИЦЕТВОРЕНИЕ НА НЕВКУС Идејата на оваа медиумска објава е да го нападне белгискиот олеснувач, Ванхауте и притоа користи исклучително непримерен речник кој се граничи со простотилак. „Престанете да се*ете“- рекол европјанинот Ван Хауте на преговорите денеска. Во меѓувреме, Белгиецот како неурамнотежен викал и се заканувал кон жени во текот на сите преговори.“ Иако во овој пасус на едно место е ставена

ТВ-дневник: Фали го премиерот, нападни ја опозицијата и имаш дневник

на 3. 12. 2015 | |
Нова спортска сала, нова ударна вест во централни вести. Фото: скриншот  

[Критички осврт врз ТВ-дневникот на „Сител“ во 19 часот на 2 декември 2015 година]

 

Сè на сè, ова се вести кои немаат ниту „п“ од професионалност, ниту „н“ од новинарство. Кога во половина ТВ-дневник се напаѓа опозицијата, елементарно е да ѝ се даде дел од времето и неа да одговори на нападите. Таа е, сепак, важен чинител

Текстот заборава кој е на власт, а кој во опозиција

на 2. 12. 2015 | | sq

[Рецензија: Заев исто како Шекеринска ќе ја внесел Македонија во Европа]

  Под превезот на информација, на читателите им се нуди коментар кој ги напаѓа првите луѓе на СДСМ, Зоран Заев и Радмила Шекеринска. Во ова четиво јасно се препознава намерата да се оцрнат претседателот и заменик-претседателката на најголемата опозициска партија. Линк до оригиналниот напис: Заев исто како Шекеринска ќе ја внесел Македонија во Европа Датум и време на објавување: 30.11. 2015, 16:36 Датум на рецензија: 01.12.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев ИЗМЕШАНИ „ЛОНЧИЊА“ Текстот неуспешно прави споредба помеѓу сегашниот лидер на СДСМ и поранешната претседателка на партијата. „Ваквите зборови на Заев потсетуваат на ветувањата на неговата заменичка Радмила Шекеринска. Пред неколку години Шеќеринска ветуваше влез во НАТО и ЕУ за само

Текст потпрен само на фејсбук-статус

на 1. 12. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Во Сити Мол во Скопје фатено возило со пушки, муниција и оружје]

  Овој материјал е преземан од друго место, каде што е направен текст од статус на „Фејсбук“.  Тоа е крајно несериозно за еден новинарски текст, како и за самата телевизија, која е доста гледана во регионот. Притоа, текстот се служи со погрдни зборови со кои се претендира да се омаловажи министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Линкуван наслов на анализираниот напис: Во Сити Мол во Скопје фатено возило со пушки, муниција и оружје Датум и време на објавување: 29.11.2015 Датум на рецензирање: 30.11.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев Статус на „Фејсбук“,  напишан по „дојава на очевидец“, станува текст во еден „портал“, а оттаму „веста“ добива место на веб-страницата

Новинарски организации: Тие што ги создаваат проблемите, не можат да нудат и решенија

на 26. 11. 2015 | |
Новинарски протест. Фото: В.Ѓ. (СПФМ)  

Изборниот законик, а и законите што моментно се договараат во Клубот на пратеници, и тоа на крајно нетранспарантен начин, ги предизвика на реакција новинарските здруженија. Тие бараат да бидат вклучени во преговорите затоа што таму се разговара за нив. Исто така, бесни се и на измените кои се на штета на медиумите, а за кои воопшто не биле консултурани. Политичките партии засега го игнорираат

Претплатете се за најнови вести