verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Текст на стаклени нозе

on 15 - 12 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

recenzija-kongres-sdsm 1

[Рецензија: „Прес 24“: Хаос во СДСМ – делегатите не сакаат да присуствуваат на програмскиот Конгрес на Заев во недела]

 

Станува збор за тенденциозен материјал чија намера е да креира перцепција дека СДСМ се соочува со големо внатрепартиско незадоволство. Главните карактеристики на овој текст се премногу шпекулации и отсуство на кредибилни извори.

recenzija kongres sdsmЛинк до оригиналниот напис:Прес 24“: Хаос во СДСМ – делегатите не сакаат да присуствуваат на програмскиот Конгрес на Заев во недела

Датум и време на објавување: 11.12.2015, 21:46

Датум на рецензирање: 14.12.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

РЕКЛА – КАЖАЛА

Написот стои на стаклени нозе и е со крајно проблематична вистинитост. Тој се повикува на неименувани извори, се темели на шпекулации и на муабети рекла-кажала и ниту едно од изнесените тврдења не може да се докаже:

„Нашиот извор вели дека Конгресот првично требало да се одржи на Скопскиот саем но поради катастрофалната состојба во СДСМ и слабиот интерес меѓу делегатите и членството раководството се решило конгресот да се префрли во хотелот Александар Палас. Но и ова место најверојатно ќе биде сменето поради очајната состојба во која се наоѓа партијата и демотивираноста на членството и конгресот најверојатно ќе се одржи во хотелот Холидеј Ин. Оваа постапка на СДСМ според нашите извори постарото членство ја примило како уште една приватна забава на Зоран Заев и најтесното крило…“

Ваквата (дез)информација, инаку, е преземена од друг медиум и пласирана без никаква дополнителна проверка. Фактички, се покажува стопроцентна доверба кон анонимните извори на кои се потпира оригиналниот напис.

Иако, несомнено, не било никаков проблем да се земе став од СДСМ, очигледно е  дека во овој необјективен и некоректен текст воопшто и не била планирана втората страна. Тоа, пак, е спротивно на новинарските стандарди кои, меѓу другото, налгаат:

  • Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци…
  • Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.
  • Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно. (прв амандман)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести