verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Професионален напис или чаршиски муабет

on 15 - 12 - 2015       

Пукна тиквата во СДСМ Делчево I zurnal.net - http___zurnal.net__p=12565 1

[Рецензија: Пукна тиквата во СДСМ Делчево] 

 

Текстот што е предмет на оваа рецензија повеќе наликува на чаршиски муабет, отколку на професионален новинарски напис.

Пукна тиквата во СДСМ Делчево zurnal.netЛинкуван наслов на анализираниот напис: Пукна тиквата во СДСМ Делчево

Датум и време на објавување: 12.12.2015

Датум на рецензирање: 14.12.2015

Рецензент: Ана Анастасовска

 

САМО АНОНИМНИ ИЗВОРИ

„Расцепот во и онака слабата општинска организација на СДСМ во Делчево деновиве доживува кулминација. Имено, на трибината на Оливер Спасовски во салата на Спомен домот АСНОМ во Делчево, беше евидентно отсуството на претходниот Претседател на ОО на СДСМ во Делчево – Горан Трајковски, заедно со поголем број од членови на претходното партиско раководство, кои важат за блиски на него.“

Од воведот на текстот се добива впечаток дека новинарот бил лично присутен на трибината и дека пренесува свои лични искуства и доживувања. Сепак, подолу во текстот читателот разбира дека не е така. Според тоа, нејасно е од каде новинарот знае дека трибината била слабо посетена, но и дека е на повидок раскол во општинската организација?

Нешто подолу во написот се наведува изворот на информацијата – анонимни партиски активисти, членови од фракцијата на извесен Горан Трајковски. И ова, самото по себе, не е проблем. Имено, дозволиво е изворите да бидат анонимни, но недозволиво и апсолутно непрофесионално е информациите што ги добива новинарот да се пренесат без да бидат проверени.

„Затоа, младите делчевски социјалдемократи, најавуваат комплетна блокада на активностите кои ќе се одвиваат во предизборниот период, со цел да увиди централата дека старите и истрошени кадри не носат резултати и најавуваат дека состојбата во оваа општинска организација ќе доведе до најголем изборен дебакл во историјата на партијата.“

Тоа што авторот на овој текст требало да го направи, е да сврти телефон и да ги провери ваквите информации и најавите за некакви блокади. Можел да го побара Трајковски или некој друг од СДММ – Делчево, и да праша дали има вистина или не во тоа што му го кажале анонимните извори. Така читателот ќе добиел појасна слика за тоа што навистина се случува во општинската организација на СДСМ. Вака пренесените информации повеќе наликуваат на чаршиски муабет, отколку на вест.

На крајот од текстот, анонимните извори се искористени и за да се поентира повисоко, а тоа е дека слична била состојбата и во другите општински организации и поради тоа, наводно, најголемата опозициска партија сакала да ги одложи изборите. Ваквото политичко поентирање за сметка на владејачката партија, само го засилува впечатокот дека на читателите им е понуден нагласено пристрасен текст, скаран со професионалните стандарди.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести