verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

За сè е виновна новата министерка

on 14 - 12 - 2015       

Ременски ги _ - http___www.telegraf.mk_aktuelno_ma 1

[Рецензија: Мигрантите се смрзнуваат: Ременски ги остави прифатните центри без греење (ФОТО)] 

 

Текстот се обидува да ја дискредитира министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски, обвинувајќи ја дека илјадници мигранти во транзитните центри се смрзнуваат, наводно, поради нејзината неажурност. Но, во написот отсуствуваат факти кои реално ќе ја прикажат состојбата на терен, а нема ниту изјави од засегнатите страни, во случајот Министерството за труд и социјална политика и Центарот за управување со кризи, како надлежна институција која именуваше главни координатори во транзитните центри.

telegraf slikaЛинк до оригиналниот напис: Мигрантите се смрзнуваат: Ременски ги остави прифатните центри без греење (ФОТО)

Датум и време на објавување: 10.12.2015

Датум на рецензирање: 14.12.2015

Рецензент: Силвана Жежова

 

НАТЕЖНУВА ОД ТЕНДЕНЦИОЗНОСТ

Насловот и целиот текст имаат цел да ја нападнат министерката Ременски, бидејќи таа се посочува како виновна за неплаќањето сметки за електрична енергија во транзитните центри. Овде, не се прави разграничување дека сметките не ги плаќа лично министерката, туку Министерството. Вината директно се префрла врз личноста, а не врз институцијата. Притоа, нема приложено ниту еден документ што ќе потврди дека сметките не се платени.

„Министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременска еден месец ги нема подмирено обврските на Министерството за обезбедување на електрична енерргија за затоплување на објектите на транзитните центри на северната и на јужната страна.“

Во продолжението на овој напис, кој натежнува од тенденциозност, вината повторно паѓа на Ременски, при што се тврди дека таа (а, не Министерството како институција) ги:

„нема завршено постапките за да овозможи достоинствени услови, греење и затоплени шатори и објекти во транзитните центри.“

При тоа, не е наведно конкретно кои постапки треба да се завршат. Исто така, отсуствуваат и изјави од координаторите на Центарот за управување со кризи, кои  би ја прикажале фактичката состојба.

Во меѓувреме (12 декември 2015 година),  Министерството за труд и социјална политика соопшти кои активности се направени во транзитните центри, вклучувајќи го и тој во Табановце, кој во текстот беше посочен како центар каде што мигрантите се смрзнуваат.

„Обезбедени се 4 агрегати, 2 контејнери за потребите на центарот, трајно напојување со електрична енергија за пунктот во Табановце, поставување на трафостаница, обезбеден шатор-кујна каде ќе се врши дитрибуција на топли напитоци и супа. Во тек се активности за обезбедување грејни тела за затоплување на шаторите, како и поставување на дополнителни тоалети и септичка јама од причини што во моментот низ кампот во кој транзитираат повеќе од 2.000 лица дневно постојат само 10 тоалети.“

Текстот е коментаторски, изворите се анонимни, па иако, можеби, тоа што во него се пишува е вистина, нема факти што ќе го потврдат тоа. Кога се пишува за одредена ситуација на терен, потребни се аргументи што ќе го докажат тоа и, секако, изјави од засегнатите страни. Онака, пак, како што е пласиран овој материјал, тој остава впечаток дека има цел по секоја цена да се оцрни првиот човек на институцијата.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести