Сензацијата носи читатели, но не и доверба
Објавено во Рецензии
on 15 - 12 - 2015 Автор: Fatlume Dervishi[Рецензија: „На паузата за реклами, Груби му се заканил на Селмани декa ќе го гаѓа со чаша”]
Природно е човековото внимание да биде привлечено од необичните работи кои понекогаш се предмет и на вестите. Меѓутоа, хиперболизацијата на некоја случка и нејзината интерпретација како скандал, без да е навистина тоа, не е етички потег. Да не зборуваме за случаите кога на непроверени хипотези им се припишува епитет на скандал.
Линк до оригиналниот напис: „На паузата за реклами, Груби му се заканил на Селмани дек ќе го гаѓа со чаша”
Датум и време на објавување: 04.12.2015, 12:29
Датум на рецензија: 09.12.2015
Рецензент: Фатљуме Дервиши
Авторот толкува една телевизиска дебата од емисијата „Патот кон…“ на „Алсат М“, но притоа не информира за што конкретно се дебатирало, а наведува дека зад камерите се случила голема караница, на работ на физичка пресметка.
„…за време на една пауза за реклами, пратеникот на ДУИ, Груби, излегол од такт и му се заканил на претседателот на ЗНМ дека ќе го гаѓа со чашата со вода што ја имал пред себе.“
Оваа информација доаѓа од „uзвори на весникот Лајм“, анонимни, кои, како такви, ја доведуваат во прашање точноста на нивните информации. Информацијата не е потврдена ниту од Груби, ниту од Селмани.
Не нудејќи ниту еден друг факт, авторот заклучува дека функционерите на ДУИ имаат „уличарско“ однесување, што е закана за новинарите и за медиумите. Овој медиум „му објавува отворена војна“ на „уличарското“ однесување.
„Ваквото уличарско однесување на функционерите на ДУИ (која што има дадено милиони буџетски средства за македонските медиуми, за да не ги корумпира албанските медиуми!), претставува голема закана за нормалното функционирање на новинарите и независните медиуми, во време кога предизборната кампања станува се пожестока. Весникот „Лајм“ ќе ја разгледа ова ситуација и ќе иницира создавање на заедничка стратегија помеѓу независните медиуми, за соочување со ова уличарско однесување.“
Тоа што можел да го направи новинарот е да ја разгледа ситуацијата пред да ја пласира информацијата, а не во самиот текст да се залага за нејзина проверка. Проверката не бара повеќе од еден телефонски повик до учесниците или авторите на емисијата, кои би ја потврдиле или би ја негирале случката.
Видеозаписот што е додаден не е доказ за тоа што се наведува во текстот.
Проверката на податоците и точноста се морални императиви на новинарството, затоа новинарот е должен да ја провери информацијата од што е можно повеќе извори, а најмалку два меѓусебно неповрзани извора.
Изборот на фактите мора да обезбеди објективна информација и согледување на сите значајни аспекти на темата за која се говори.
Потребата од брзина никогаш не смее да ги загрози точноста, кредибилитетот и професионалноста на прилогот, пишува во Прирачникот за етика во новинарстовото.
(Од Сервисот за проверка на факти од медиумите на албански јазик)
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
анонимни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
говор на омраза
не потикнува на насилство
дискриминира
политичка дискриминација
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови