verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Владо Ѓорчев

Илјадапати повторената лага расклопена пред нашите очи

на 11. 02. 2016 | |
Агрегаторски репетиции – рај за пропагандата. Колаж: СПФМ  

Пропагандата на власта работеше без прекин во текот на интервјуто на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, со уредникот на ТВ „Сител“, Драган Павловиќ – Латас. Она што беше кажано во самото интервју беше подложно на постојано и непрекинато спинување, а сè за на јавноста која ги следи, пред сè, интернет-медиумите, да ѝ се натури еднострана пропаганда, чија цел беше оцрнување на

Од петни жили се брани формирањето на новиот универзитет

на 11. 02. 2016 | |
   

[СДСМ со тешки опструкции: Насилно спречуваат формирање на универзитет за национална безбедност]

  Каде се втората страна, содржајноста, објективноста во овој текст? Такво нешто тука нема. Па, како тогаш можеме да зборуваме за професионален производ кога ги игнорира овие најбитни моменти за една информација. Линк до оригиналниот напис: СДСМ со тешки опструкции: Насилно спречуваат формирање на универзитет за национална безбедност Датум и време на објавување: 7.02. 2016, 11:00 Датум на рецензирање: 08.02.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

А КАКВИ АМАНДМАНИ ПОДНЕЛА ОПОЗИЦИЈАТА?

Написот што го рецензираме е коментаторски скроен и ја турка тезата дека СДСМ сака да предизвика нова политичка криза. „Тие не сакаат да се донесе одлука и да се формира универзитетот со цел да се предизвика нова

Броење кликнувања и новинарство – има разлика!

на 7. 02. 2016 | | sq

[Спектакуларно: Црвено небо над Македонија – на што предупредува оваа појава?]

  Оваа објава напишана во сензационалистички манир има прилично дискутабилна веродостојност. Провокативниот наслов навестува некакво спектакуларно предупредување, а внатре во текстот ни открива дека до крајот на февруари ќе има ниска температра и силна зима! Но, во содржината на веста не може да се прочита ниту еден елемент на кој би се потпрела  „стручната прогноза“: „црвено небо – студена зима“! Линк до оригиналниот напис: Спектакуларно: Црвено небо над Македонија – на што предупредува оваа појава? Датум и време на објавување: 3.02.2016, 09:14 Датум на рецензирање: 05.02.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

„СТРУЧНА ПРОГНОЗА“: ЦРВЕНО НЕБО – СТУДЕНА ЗИМА!

Да одиме по ред. Носечкиот елемент на материјалот што го рецензираме е

Намибија, земјата која е на врвот по слободата на медиумите во светот

на 6. 02. 2016 | |
Намибиски весници . Фото: namibiatourismexpo.wordpress.com, 2015  

Во Намибија со Устав се гарантира и се заштитува слободата на печатот. Општо земено, медиумите во Намибија се послободни отколку во многу други африкански земји, иако судирите се зголемени меѓу владата предводена од партијата Југо-западна африканска народна организација (СВАПО) и четвртата власт.

  Пишува: Владо Ѓорчев   Неодамна објавениот индекс за слобода на печатот во светот, откри дека Намибија е меѓу првите 20

АПСУРД: Од 13 институции, видлива само една!

на 4. 02. 2016 | | sq

[АПСУРД: СДСМ бара ако не сте биле на лекар да не може да гласате на избори]

  Овој напис е полувистина,  која,  инаку,  најлесно се спинува. Во конкретниот случај се користи одлуката на Државната изборна комисија од 20 јануари 2016 година, која се однесува на вкрстување на податоците од 13 институции при проверка на избирачкиот список, но тука се третира само еден нејзин сегмент. Згора на сè, тоа во текстот се прикажува како апсурдно барање на СДСМ! Линк до оригиналниот напис: АПСУРД: СДСМ бара ако не сте биле на лекар да не може да гласате на избори Датум и време на објавување: 01.02.2016,14:36 Датум на рецензирање: 02.02.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ОД РАКАВ ИСТРЕСЕН КОМЕНТАР

Текстот почнува со паушален, од

Презумцијата на невиност не смее да се заборави

на 3. 02. 2016 | |

[Рецензија: ФОТО: Зоран Заев – магнет за криминалци]

  Текстот што го рецензираме се потпира на неофицијални информации, за наводни криминални дејства на луѓе што биле во близина на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, но во него нема никаква поткрепа за тоа. И покрај тоа што се напаѓа Заев, во написот нема негова изјава, а нема индиција ниту дека за тоа е побаран став од него или од партијата. Линк на оригиналниот напис: ФОТО: Зоран Заев – магнет за криминалци Датум и време на објавување: 29.01. 2016,10:17 Датум на рецензирање: 01.02.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ИЗВРТУВАЊЕ ТЕЗИ

Прво што мора да се каже за овој текст е дека не се почитува презумцијата на невиност. Во новинарството мора да се знае

Поделени мислења за начинот на финансирање на МРТВ

на 2. 02. 2016 | |
Финансирање на МРТ: буџет или претплата, односно колку од буџет, колку од претплата. Фото: ФОСИМ, 2015  

Според новинарите, преку медиумските кампањи власта во име на заштита и на унапредување на информирањето на јавноста, во суштина, изразува огромен страв и недоверба кон работата на медиумите.

  Пишува: Владо Ѓорчев   Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ во преговорите за имплементација на Договорот од Пржино излезе со предлог за кој вели дека ќе претставува

Какофоничен текст од почеток до крај

на 26. 01. 2016 | | sq

[Двоен аршин на опозицијата: Во кое својство Заев сечеше ленти]

Текстот е какофоничен од почеток до крај. Тоа значи дека е неусогласен, збркан и хаотичен. Истовремено, тој е несодржаен, не е објективен, нема изјава од нападнатата страна… Линк до оригиналниот напис: Двоен аршин на опозицијата: Во кое својство Заев сечеше ленти Датум и време на објавување: 22.01.2016, 21:54 Датум на рецензирање: 25.01.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

НЕ ЗАЕВ, ТУКУ ЖЕРНОВСКИ СЕЧЕЛ ЛЕНТА

Написот прави споредба помеѓу Заев и првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по пишувањата во медиумите дека поранешниот премиер сè уште се однесува како прв човек на Владата. Текстот во ниту еден момент не го проблематизира однесувањето на Груевски, туку го критикува однесувањето на Заев. Самиот наслов, пак,

ТВ-дневник: Браво за Груевски, уа за Јанева

на 21. 01. 2016 | |
Удри на пропаганда и уживај. Фото: скриншот колаж

 

[Критички осврт врз првиот ТВ-дневник на „Сител“ на 20 јануари 2016 година (среда) во 19 часот]

 

Како и другите досега и ова може да се каже дека беше „нормално“ издание на ТВ-дневник на оваа телевизија. Во него, стандардно, доминираат прилози со омаловажување, недостига објективност, а царува пристраност.

  Пишува: Владо Ѓорчев   ТВ-дневниците треба да бидат објективни, содржајни и вистинити.

Нагласено пристрасен текст

на 18. 01. 2016 | | sq

[Рецензија: Заев сака продолжување на агонијата- бара одложување на изборите]

Основни одлики на овој текст се премногу шпекулации, непроверени информации и голема доза тенденциозност. За сметка на тоа, се забележува отсуство на аргументи, поткрепени тврдења и на кредибилни извори. Линк до оригиналниот напис: Заев сака продолжување на агонијата- бара одложување на изборите Датум на објавување: 15.01. 2016, 23:34 Датум на рецензирање: 18.01.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

БЕЗ ПОЛИТИЧКА ДИСТАНЦА

Вистинитоста на текстот што го рецензираме е крајно проблематична, тој не нуди докази дека изнесените тврдењата се точни. „Нашите извори велат дека ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА се за избори на договорениот датум и трите партии предложиле уште многу предлози кои треба да обезбедат дополнителна сигурност во изборите, но Заев се плаши

Претплатете се за најнови вести