verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Владо Ѓорчев

Политички памфлет за оцрнување на Ванхауте

на 30. 03. 2016 | | sq

[Рецензија: Делегацијата на ЕУ повторно се оградува од Ван Хауте]

  Од авион се гледа дека вистинската намера на текстот што го рецензираме e да се оцрни експертот Питер Ванхауте, што, пак, е на линија со ставовите и на постапките на владејачката партија кога е во прашање белгискиот преговарач. Политичката пристасност на оваа тенденциозна објава е видлива од насловната констукција, па до последниот ред. Материјалот повеќе наликува на политички памфлет отколку на новинарски производ. Линк до оригиналниот напис: Делегацијата на ЕУ повторно се оградува од Ван Хауте Датум и време на објавување: 25.03.2016, 18:16 Датум на рецензирање: 29.03.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

НЕПОТВРДЕНИ ОБВИНУВАЊА

Во написот нема веродостоен доказ дека Канцеларијата на ЕУ во Скопје се оградила од Ванхауте, како

Земи фејсбук-статус и направи текст!

на 24. 03. 2016 | | sq

[Рецензија: ВРИЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Јанева е првата Македонка што јавно ја негира македонската држава- граѓаните и експертите згрозени]

  Ова е пример како не треба да се направи текст. Веднаш паѓа в очи дека надвладела намерата да се нападне специјалната обвинителка Катица Јанева. Материјалот е без потребните елементи што треба да ги има секој ангажиран новинарски напис. Нема изјави, не е објективен и воопшто не е содржаен. Од фејсбук-статус не може да се изгради приказна. Линк до оригиналниот напис: ВРИЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Јанева е првата Македонка што јавно ја негира македонската држава- граѓаните и експертите згрозени Датум и време на објавување: 23.03.2016, 13:07 Датум на рецензирање: 24.04.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

КАДЕ ЈАНЕВА ЈА НЕГИРА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА?

Текстот

„Новинарска“ тирада без факти, извори и стил

на 22. 03. 2016 | | sq
[Деструкцијата продолжува, СДСМ ја напушта ДИК, резултатите од проверката се најмалку четири ипол пати помалку од тоа што го тврдеа]   Ова е текст со понудена приказна која ама баш со ништо не е поткрепена. Нема наведено релевантни извори, има целосно неприфатлив наслов, а целата содржина може да се поистовети со политичка конструкција. Написот е граден со паушални, непроверени информации, при што како резултат е добиена тенденциозна приказна. Линк до оригиналниот напис: Деструкцијата продолжува, СДСМ ја напушта ДИК, резултатите од проверката се најмалку четири ипол пати помалку од тоа што го тврдеа Време на објавување: 18.03.2016, 23:55 Датум на рецензирање: 21.03.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев   Прво што паѓа в очи кога се чита овој текст, е отсуството на факти, отсуството

Фејсбук-статус и вест, не е исто

на 16. 03. 2016 | | sq

[Рецензија: Стефани имала дечко, ги разделиле поради верата]

  Во овој материјал „Фејсбук“ се користи како извор, иако во новинарството тоа не треба да биде така. Социјалните мрежи може да бидат показател за некакво однесување, но во никој случај тие не смеат да се користат како релевантен извор за еден новинарски напис. „Текстот“ пред нас е токму таков, базиран исклучиво на фејсбук-статуси, па затоа е и предмет на оваа рецензија. Линк до оригиналниот напис: Стефани имала дечко, ги разделиле поради верата Датум и време на објавување: 14.03.2016, 15:32 Датум на рецензирање: 15.03.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

НЕКОРЕКТНА ОБЈАВА

Професионалното новинарство се потпира на факти, веродостојни извори и ја прикажува сликата од  сите агли. Оваа медиумска објава е многу далеку од

Пуста желба да си замине Ванхауте!

на 15. 03. 2016 | | sq
 

[ОФИЦИЈАЛНО: Нема да има преговори за медиумите, Ванхауте си заминува од Македонија]

  Не треба голема мудрост за да се препознае вистинската намера на текстот што го рецензираме: да се оцрни ликот и делото на олеснувачот Питер Ванхауте, што, пак, е на линија со ставовите и на постапките на владејачката партија кога е во прашање белгискиот преговарач. Во напливот на „емоции“, написот прави суштински пропусти, кои се недозволиви во новинарството. Тоа се непровереност, несодржајност, невистинитост и необјективност. Линк до оригиналниот напис: ОФИЦИЈАЛНО: Нема да има преговори за медиумите, Ванхауте си заминува од Македонија Датум и време на објавување: 10.3.2016, 12:15 Датум на рецензирање: 14.03.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

КОЈ ПОТВРДИЛ ДЕКА ВАНХАТУТЕ ЗАМИНУВА?

Но, да почнеме по ред. Насловот

Две секунди за спин!

на 11. 03. 2016 | | sq
 

[Рецензија: Спасовски манипулира како Заев: За него кршењето на крстот не е нарушување на јавниот ред и мир]

  Овој текст е класична спинерска конструкција, креирана за да се оцрни техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски. За таа цел се искористени само две секунди од одговорот на Спасовски на новинарско прашање, поврзано со тензичните настани во Бутел ( кои настанаа по поставувањето камен-темелник за 55-метарски крст, кога за малку ќе дојдеше до судир на две групи граѓани), при што комплетно се изместува контекстот на неговата изјава. Линк до оригиналниот напис: Спасовски манипулира како Заев: За него кршењето на крстот не е нарушување на јавниот ред и мир Датум и време на објавување: 6.03.2016, 17:47 Датум на рецензирање: 10.03.2016

Стереотип во 15 реченици

на 9. 03. 2016 | | sq
[Рецензија: Една Холанѓанка ги опиша Македонците во 15 реченици!] Овој текст е класичен стереотип. Написот пласира (дез)информација дека една Холанѓанката, наводно, на својот блог постирала 15 најчудни работи за Македонците. Но, притоа не го наведува името на Холанѓанката, а не го посочува ниту блогот (нема ни линк) на кој, наводно, таа го опишала искуството од својот престој во Македонија. Така, тешко може да се поверува дека оваа медиумска објава е веродостојна. Линк до оригиналниот напис: Една Холанѓанка ги опиша Македонците во 15 реченици! Датум и време на објавување: 04.03.2016, 11:34 Датум на рецензирање: 07.03.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ТЕПИСИ НАСЕКАДЕ!

Стереотипите, во суштина, се поедноставени, неоправдано генерализирани и неточни мислења за припадници на групи луѓе. Се темелат на недоволно познавање

Текстот „глуми“ и експерт и толкувач и сезнајко

на 7. 03. 2016 | | sq

[Рецензија: ОКОЛУ 90.000 АЛБАНЦИ СЕ ИСЕЛИЛЕ ОД ДРЖАВАВА, АМА НЕ ПРИЈАВИЛЕ ВО МВР?]

  Текстот што го рецензираме е премногу шпекулативен. За да оддаде чувство на вистинитост, тој мора да запази неколку новинарски елемeнти што тука  ги нема. Написот не нуди точни и проверени факти, нема издржана аргументација и не ги лоцира конкретно изворите на информации, туку користи непрецизна формулација „дознаваме неофицијално од извори во ДИК“, која не кажува ништо. Затоа што во овој распон од можни „поткажувачи“, хипотетички гледано, може да се најде кој било од лицата вработени во ДИК, па и тие што не мора де се поврзани со стручната работа на оваа институција. Линк до оригиналниот напис: ОКОЛУ 90.000 АЛБАНЦИ СЕ ИСЕЛИЛЕ ОД ДРЖАВАВА, АМА

ТВ-дневник: „Да се остави ВМРО-ДПМНЕ да владее секогаш“

на 6. 03. 2016 | |
Репортер, говори и изјави од една страна, пресечена изјава од друга страна. Фото: скриншот, ефект: funphotobox
 

[Критички осврт врз ТВ-дневникот на „Сител“ во 19 часот на 05.03.2016 година]

 

Спинови, воздигнување на власта, прескокнување на цели настани и сегменти од настани кои не ѝ одговараат на онаа „вистина“ што дневникот решил да ја протурка уште пред да се проследат настаните, напади врз вообичаните личности и партии, крајна необјективност, неизбалансираност

Новинарството треба да се изгради од почеток

на 4. 03. 2016 | |
  Се уште во дупка. Фоторепортeри на стадионот на Атлетико Мардид во 1954 година. Фото: elcromaticom, 2014  

На прашањето дали има време за промени и дали медиумските реформи можат да се завршат до 5 јуни за кога се закажани и предвремените парламентарни избори – нашите соговрници беа поделени. На маса се два предлога – оној на Владата и владеjaчката партија  и предлозите на меѓународната заедница, претставени од преговарачот Питер

Претплатете се за најнови вести