verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Игра на проверена карта на мистика и на сензационализам

on 21 - 11 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Лузни од минатиот живот Еве што значат белезите од раѓање-crop-resize

 

[Рецензија: ЛУЗНИ ОД МИНАТИОТ ЖИВОТ­ ЕВЕ ШТО ЗНАЧАТ БЕЛЕЗИТЕ ОД РАЃАЊЕ?]

 

Дали новинарите треба да известуваат за вакви теми и колкаво е нивното познавање? Ова прашање се наметнува веднаш затоа што овој текст не нуди чувство дека се работи за добро „потковани“ новинари. А, кога се оддава такво чувство, веднаш секој читател треба да се праша зошто написот нема консултирано некое стручно лице. Па, тој да каже што се белезите, како настануваат и што ни кажуваат. Ако во таков контекст се смести и ова суеверно четиво, можеби и ќе му се прогледа низ прсти.

Лузни од минатиот живот Еве што значат белезите од раѓање-finalЛинк до оригиналниот напис: ЛУЗНИ ОД МИНАТИОТ ЖИВОТ­ ЕВЕ ШТО ЗНАЧАТ БЕЛЕЗИТЕ ОД РАЃАЊЕ?

Датум и време на објавување: 18.11.2015

Датум на рецензирање: 20.11.2015

Рецензент: Владо Ѓорчев

Во медиумите неретко се среќаваат вакви текстови. Ако ја разгледуваме вистинитоста, тогаш потрагата нема да нè однесе далеку. Во текстот нема ниту извор што ќе го потврди тоа. Ако извор за ваква работа воопшто и може да се најде?!

Текстот, исто така, не може да се пофали со голема содржајност, а не може ниту да се очекува да биде содржаен кога третира информација што навлегува на полето на мистиката и на сензационализмот. Меѓутоа, новинарот можел да консултира извори што ќе објаснат што се, всушност, белезите по телото.
Текстот не нуди никакви факти. Тој, најверојатно, е преведен од некаде, но ниту тоа не е посочено.

По сè изгледа, на проверената карта на сензационализмот медиумот протуркал текст за некаква мистичност на појавувањето на белезите.

Текст кој се повикува на „луѓе кои веруваат во реинкарнација“, не може да се земе за сериозно четиво. Тоа не е посебен извор, ниту поблиску го доловува. Инаку, познато е дека вакви текстови ќе предизвикаат повеќе кликнувања и посети, ама тоа не го прави и написот професионален. Затоа ова е уште една информација која е за дневна употреба, да се искористи и да се фрли.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести