verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Луѓето влегуваат во зградата на МВР затоа што таму одат на работа

on 18 - 11 - 2015       

recenzija-toni-mvr-crop-resize

 

[Рецензија: Оливер Спасовски наредил вработените во МВР да се пресметуваат со медиуми кои не се под контрола на СДСМ]

 

Во овој текст има нафрлени тези, спинувани и невистинити моменти. Притоа, генерално гледано, написот не тргнува од професионалните стандарди, туку ја плете приказната со една цел – да го омаловажи новиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Затоа и е тука за рецензија.

recenzija toni mvrЛинк до оригиналниот напис: Оливер Спасовски наредил вработените во МВР да се пресметуваат со медиуми кои не се под контрола на СДСМ

Датум и време на објавување: 15.11.2015, 11:03

Датум на рецензирање: 16.11.2015

Рецензент: Владо Ѓорчев

„Новиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, од МВР продолжува да си води партиска агенда и на своите вработени им дава наредби да се пресметуваат со медиумите кои не се под контрола на СДСМ.“

Со текстов и со овој почеток како да се сака намерно да се извртуваат тезите. Тоа што до вчера важело за владејачката партија, како да се сака намерно да ѝ се припише на опозициската, СДСМ. Сепак, ако сакале да играат на тој начин, тоа морале и добро да го направат. Кога критичките медиуми обвинуваа за вмровизација на МВР, тоа го правеа со факти кои беа црпени од прислушуваните материјали, а не со муабети „рекла-кажала“. Тука, пак, тоа се прави со пазарџиски „финти“. Некој нешто, наводно, видел – не довидел. А, кој видел, како и што – никаде нема во текстот.

Потоа, се вади некој лик од социјалните мрежи и ако тој ја напаѓа власта или некој нивни текст, веднаш му се лепат етикети. Притоа, воопшто и не се размислува дали е тоа вистина, дали тој навистина критикува со причина или не. Важно е да им легне на нога и да удираат со сета сила колку што е можно повеќе. Дали некој тоа го демантира или слично, воопшто не ги интересира. Така, ако сакале овој текст да биде објективен и содржаен, морале да ги пренесат реакциите од СДСМ и од самиот Тони Димитриевски, кого и го напаѓаат.

Еве ја реакцијата на СДСМ:

„Добра вест е најавата на медиумските курири дека ќе повикаат меѓународни институции за медиумите во Македонија.

СДСМ едвај чека тоа да се случи. Ги повикуваме и ги охрабруваме медиумските курири што поскоро да ги повикаат сите меѓународни институции за состојбата со медиумите во Македонија.

Граѓаните на Република Македонија најдобро знаат како функционираат  медиумите коишто имаат „про форма“ сопственик, кој го кријат од јавноста.

На пример импресумот на интерент порталот „Курир“ е недостапен за јавноста. Зошто не го објават?

Македонија е најлошо рангирана по слобода на медиумите од сите земји во Европа и регионот на Западен Балкан, според Репортери без граници.“

Реакција имаше и лично од Тони Димитриевски, во која тој вели:

„Тони Димитриевски, т.е мојата маленкост, 10 години секојдневно „влегува во зградата бр.1 во МВР“ бидејќи таму работи сето тоа време, плус нешто малку 2003-та година кога помагаше (на Мира Контевска) да се направи ова што денес е познато како Сектор за односи со јавноста. Значи не влегувам инкогнито (тајно или скришно), туку таму работам, земам плата и ја прехранувам својата фамилија.“

На крајот на текстот има принт-скрин од некој фејсбук-профил на личност која, наводно, се заканувала на новинари во порталот. Ако принт-скринот е вистински, тоа е за секаква осуда и никој нема право да му се заканува на новинар во извршување на својата професионална должност. Може некому да не му се допаѓа како работи новинарот или чии интереси и политики оправдува, но тоа никако не смее да се претвори во напад и во омаловажување. Затоа тој дел е целосно за осуда, секако ако е вистински и ако навистина постои таков лик.

Сепак, секогаш во тоа не мора да се вплеткува опозициската партија, затоа што не може со сигурност да се знае дали некој е член или симпатизер на таа партија.

Ова е текст кој нема изјави, нема никаков податок за да може да му се верува. Само голо нафрлени тези со кои се претендира да се омаловажи новиот министер.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести