verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Преземена вест употребена во политички цели

on 18 - 11 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Луѓе-на-Заев-удрија-по-Горан-Пандев-Press24-crop-resize

 

[Рецензија: Луѓе на Заев удрија по Горан Пандев]

 

Написот што е предмет на оваа рецензија претставува делумна копија на друг напис, односно е преземена вест, но употребна во политичка цел.

Луѓе на Заев удрија по Горан Пандев Press24Линкуван наслов на анализираниот напис: Луѓе на Заев удрија по Горан Пандев

Датум и време на објавување: 10.11.2015

Датум на рецензирање: 16.11.2015

Рецензент: Ана Анастасовска

Тенденцијата на овој напис се гледа уште во насловот. Новинарска вест е преземена и употребена за политички атак врз лидерот на опозицијата.

„Газдата на ФК Беласица Славчо Пинда, инаку познат и како многу близок човек на Зоран Заев со низа сериозни обвиненија „удри“ по Горан Пандев, пренесува струмичкиот портал „Струмица Денес“. “

Веста е дека газдата на ФК „Беласица“ упатил критики кон фудбалерот Горан Пандев. Но, ваквата вест е преформулирана и ѝ е дадена политичка нота. Имено, она што е нагласено во текстот, а нема врска со него, е дека Славчо Пинда бил близок човек на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Ваквата констатација се пренесува и подолу во текстот.

„Блискиот пријател на Заев се жали и дека Горан Пандев „нанел срам за фудбалот во Струмица и ги уништил амбициите на ФК Беласица оваа година“. “

Каква врска има Заев во целата работа? Очигледно никаква. Но, има врска за авторот на оваа манипулација. Тој сака по секоја цена да го оцрни опозицискиот лидер и да го наведе читателот дека и тој, како и газдата на ФК „Беласица“, чијшто пријател можеби е, удрил по фудбалскиот репрезентативец, Пандев. Ова е пример за класична политичка манипулација, протната во новинарска вест, што е спротивно на новинарските професионални стандарди.

Доволно ќе било новинарот да ја пренесе веста како што е направена и која нема врска со Заев, туку само пренесува за што Пинда го нападнал и го обвинил Пандев. Ваквата вест, иако пренесена во овој текст, губи тежина покрај веста дека Пинда му е пријател на Заев.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

наведен извор со линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести