verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Полните имиња и презимиња на осомничени лица не се објавуваат

on 11 - 11 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

recenzija-klinika-pukanje-crop-resize

 

[Рецензија: Ова се напаѓачите од Клинички – СДСМ не ги интересира тоа!]

 

Ова е текст кој прави значајни грешки неприфатливи за новинарството. Покрај тоа што со него се сака да се плука по опозицијата, неаргументирано бара некаква одговорност од СДСМ. А, зошто оваа партија да има некаква одговорност? Таа не е владејачка партија! Башка што во ниту еден момент овој текст не ја лоцира вината кај министерот за здравство, Никола Тодоров, кој има морална одговорност.

recenzija klinika pukanjeЛинк до оригиналниот напис: Ова се напаѓачите од Клинички – СДСМ не ги интересира тоа!

Датум и време на објавување: 9.11.2015, 15:27

Датум на рецензирање: 10.11.2015

Рецензент: Владо Ѓорчев

Овој наслов, во најмала рака, е чуден. Каква поврзаност има и за што треба да му е гајле на СДСМ? Тоа не е наведено во текстот, иако како констатација стои во насловот. Најверојатно во текстот е заборавено да се наведе дека „гајле“ за овој случај треба да му е на министерот за здравство и на министерот за внатрешни работи. Освен во насловот, во текстот ниту еднаш не е споменат СДСМ, па затоа оваа насловна конструкција е и повеќе од нејасна.

Тоа што овој текст, исто така, не го зел предвид е Уставот на Република Македонија. Во член 13 пишува:

Лицето обвинето за казниво дело ќе се смета за невино се додека неговата вина не биде утврдена со правосилна судска одлука. Лицето незаконито лишено од слобода, притворено или незаконито осудено, има право на надомест на штета и други права утврдени со закон.

Тука, пак, со име и со презиме се наведени сите осомничени како да се веќе осудени сторители.

Со ова, се врши јавен притисок за предвремено осудување неосудени лица, а со тоа се врши и јавен притисок на судството.

„Лекарите, пак, од Хирургија, наместо да побараат одговорност за инциднтот кај сторителите, вината ја лоцираат кај министерот за здравство, Никола Тодоров, од кого побараа итна оставка. А, во спротивно, доколку не им се испонело барањето, лекарите се заканија дека нема да оперираат на хируршките клиники.“

Овој пасус, пак, е целосно неразбирлив. Одговорност, секако, ќе има. За тоа се задолжени МВР, па обвинителството, па судот. Лекарите вчера побараа одговорност, но тоа е обврска на некој друг. И зошто да е спорно да побараат одговорност од министерот за здравство? Па, тој им е претпоставен. Во негова надлежност е непреченото функционирање на здравствените објекти.

Ако се сакало да има сериозен текст, во него морало да се најде место и за изјавите на лекарите, во кои се точно наведени нивните ставови за тоа каде и зошто ја лоцират одговорноста.

Исто така, во текстот е прекршен член 8 од Кодексот на новинари во кој се вели:

Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми.

Во судските постапки треба да се почитува принципот на пресумпција на невиност, да се известува за сите инволвирани страни во спорот и да не се сугерира пресуда.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести