verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Владо Ѓорчев

Нецелосната вест треба да се провери

на 6. 10. 2015 | |
 

[Рецензија: ПОЛИЦИЈАТА ПРОНАЈДЕ БЕЗЖИВОТНО ТЕЛО: Филип скокнал на плочник со исцртано срце!]

  „Неподнослива практика на некои бескрупулозни „медиуми“ да изоставаат детали во веста, преку кои би се видело каде се случила тргедијата. Користат настани од регионот (намерно е изоставено презимето кое го има во истата вест на другите веб-страници) со конструиран наслов, како тука да се случило, за да привлечат публика“. Ова е пораката на читателот кој текстот го предложил за рецензија и кој е речиси целосно во право. Линкуван наслов на анализираниот напис: ПОЛИЦИЈАТА ПРОНАЈДЕ БЕЗЖИВОТНО ТЕЛО: Филип скокнал на плочник со исцртано срце! Датум и време на објавување: 30.09.2015, 04.33 Датум на рецензирање: 05.09.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев Прво што мора да се забележи е

Тенденциозно, сензационалистичко, непотврдено четиво

на 4. 10. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Физичка пресметка помеѓу Мијалков и Камчев при што…]

  Рекла-кажала, рекла-кажла, рекла-кажала! Ова, накусо, e сижетo на овој текст, кој како да е излезен од жолт печат. Во него има сè и сешто, ама го нема најбитното. Текстот со ништо не може да се потврди. Дури и самиот пристап на пишување е проблематичен. Имено, ако порталот добил писмо од очевидец, зошто нема принтскрин од писмото? Исто така, спорно е и тоа што ако настанот бил во хотелот „Александар палас“ зошто има само еден очевидец кој ја видел случката? Најверојатно во моментот имало повеќе гости, се работи за хотел, каде се претпоставува дека раздвиженоста е поголема. Линк до оригиналниот напис: Физичка пресметка помеѓу Мијалков и Камчев при што… Датум

Лепено, сечено и извадено од контекст

на 4. 10. 2015 | |
 

[Рецензија: Експертите со факти за администрацијата го разобличија СДСМ]

  Ова е текст кој не соодветствува целосно со вистината. Целата забуна почнува уште од насловот и во истиот манир продолжува до крајот на написот. Притоа, експертите и професорите кои учествува во дебатата „Топ тема“ на телевизија „Телма“ се изманипулирани со дел од нивните говори. Земени се парчиња од нив, па преку манипулација се користи замена на тези во интерес на насловот. Значи, целиот текст е направен само да му користи на насловот, кој е тешка манипулација. Линк до оригиналниот напис: Експертите со факти за администрацијата го разобличија СДСМ Датум и време на објавување: 29.09.2015, 14:51 Датум на рецензирање: 30.09.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев Да почнеме од насловот. Тој тврди: „

Лепен, сечен, монтиран видеозапис и крајно манипулативен текст

на 28. 09. 2015 | |
 

[Рецензија: Пукна првата „саботажа“ на Среќко Поповски посветена на Зоран Заев]

  Овој текст не е вистинит. Повеќе наликува на козерија, иако, за волја на вистината, и од тоа е далеку. И, што е најспорно во текстот, тоа никаде не е наведено. Основно правило во новинарството е да се објавува вистината, па макар тоа да биде и на шега. Линкуван наслов на анализираниот напис: Пукна првата „саботажа“ на Среќко Поповски посветена на Зоран Заев Датум и време на објавување: 24.09.2015, 20:56 Датум на рецензирање: 25.09.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев „Во оваа најнова „Саботажа“, Среќко Поповски го анализира говорот на Заев, неговото зборување за себе во трето лице еднина и анализира што значи кога некој за себе зборува на овој начин.“

Нема извор, нема име и презиме, ама затоа има пропаганда

на 24. 09. 2015 | | sq
 

[Рецензија: ПОТРЕСНО СВЕДОШТВО: Поминав еден ден со бегалците! Тоа не се сироти бегалци, тоа се луѓе испратени да ја срушат Европа!]

  Вакви текстови со теории на заговор се речиси секојдневна практика на овој портал. Притоа, никогаш не се води сметка за тоа да биде адекватно спакувано или во некоја посебна рубрика со некаква назнака од типот „верувале или не“. Но, напротив, овие текстови секогаш се ударни, во рубриката „актуелни вести“ и постојано се поддржани на „Фејсбук“. Значи целта на ова четиво е да шири пропаганда и воопшто не се грижи за новинарството или професионалните стандарди. Линкуван наслов на анализираниот напис: ПОТРЕСНО СВЕДОШТВО: Поминав еден ден со бегалците! Тоа не се сироти бегалци, тоа се луѓе испратени да ја

Шпекулативна „слобода“ наместо работа со факти

на 22. 09. 2015 | |
 

[Рецензија: Документите од судот во САД потврдуваат: Корумпираноста на Владата на Бучковски и Шекеринска македонските граѓани ги чинела најмалку 38,4 милиони евра]

  Шпекулацијa, неаргументираност, отсуство на вистински извори, пристрасност. Дали е ова новинарство? Во никоја смисла не е професинално. Новинарот секогаш мора да ги проверува фактите, а текстот што е предмет на рецензија е пример за спротивното. Во него има непроверени факти, а нема ниту обид за проверка. Нешто што е во целост спротивно со професионалните и со етичките стандарди. Во Членот 1 од Кодексот на новинари стои: Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес. Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и

Кога текстот е за дневно-политичка намена, сите новинарски стандарди паѓаат во вода

на 15. 09. 2015 | |
 

[Рецензија: Шекеринска мора да и каже на јавноста што знаела за криминалниот Протокол кој обрзува да нема тендер за трет мобилен оператор]

  Текстот има една цел, а тоа е да го наруши угледот на Радмила Шекеринска, која е мета на хајка последниве денови за скандалот со „Маѓар телеком“. Притоа, половина од написот се прашања на кои нема одговор ниту новинарот, ниту јавноста. Линк до оригиналниот напис: Шекеринска мора да и каже на јавноста што знаела за криминалниот Датум и време на објавување: 13.09.2015, 15:03 Датум на рецензирање: 15.09.2015 Рецензент: Владо Ѓорчев Иако Шекеринска уште при првиот текст објавен за наводна нејзина инволвираност во овој скандал веднаш демантираше, во овој напис не се нашло за потребно да се пренесе

Новинарите како бегалци во својата држава

на 15. 09. 2015 | |
Клубот на пратеници – недостапен за влез на новинарите во целиот тек на преговорите. Фото: „Мета“   Последен во низата киксови е тоа што новинарите, кои ги следат работните групи на политичките партии, потписници на Договорот од Пржино, повеќе од еден месец своите работни обврски ги исполнуваат од паркиралиштето пред Клубот на пратеници.   Пишува: Владо Ѓорчев   Кабинетот на премиерот Никола Груевски последните неколку месеци засилено ги игнорира новинарите

Вистинитостa – ептен проблематична или чиста шпекулација

на 11. 09. 2015 | |
 

[Рецензија: ЕКСКЛУЗИВНО: ЖЕСТОКА РАСПРАВИЈА ПОМЕЃУ, КАМЧЕВ, МИЈАЛКОВ И ГРУЕВСКИ]

  Ова е текст како од жолт печат. Во него има сè и сешто, но ништо не може да се потврди. Дури и самиот пристап на пишување на текстот е проблематичен. Текстот е како во цртан филм. Имено, ако биле тројца присутни, сами, во куќа на Водно, кој е изворот? Еден од тројцата присутни? И зошто тие би кажале некому за својата кавга? Или некој ги чул од соседната куќа? Премногу провидно, па дури и невозможно. Затоа, текстот е на стаклени нозе и е денеска на рецензија. Линк до оригиналниот напис: ЕКСКЛУЗИВНО: ЖЕСТОКА РАСПРАВИЈА ПОМЕЃУ, КАМЧЕВ, МИЈАЛКОВ И ГРУЕВСКИ Датум и време на објавување: 07.09.2015 Датум на рецензирање: 11.09.2015 Рецензент:

Празникот не е само на власта и само на владејачката партија

на 9. 09. 2015 | |
Груевски, Груевски, насекаде Груевски… поточно 18 минути Груевски. Фото: скриншот, колаж: СПФМ  

[Критички осврт врз ТВ-дневникот на „Сител“ во 16 часот на 08.09.2015]

 

Во овој празничен ТВ-дневник, на премиерот Никола Груевски му беа доделени 18 од вкупно 29 минути. Целата информативна емисија беше посветена на власта. Другите чинители, како невладините организации и опозицијата, ги немаше никаде.

    Пишува: Владо Ѓорчев   Од еден ТВ-дневник, особено во неговото

Претплатете се за најнови вести