verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Тенденциозно, сензационалистичко, непотврдено четиво

on 4 - 10 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

recenzija-centarnjuz-tepacka-crop-resize

 

[Рецензија: Физичка пресметка помеѓу Мијалков и Камчев при што…]

 

Рекла-кажала, рекла-кажла, рекла-кажала! Ова, накусо, e сижетo на овој текст, кој како да е излезен од жолт печат. Во него има сè и сешто, ама го нема најбитното. Текстот со ништо не може да се потврди. Дури и самиот пристап на пишување е проблематичен. Имено, ако порталот добил писмо од очевидец, зошто нема принтскрин од писмото? Исто така, спорно е и тоа што ако настанот бил во хотелот „Александар палас“ зошто има само еден очевидец кој ја видел случката? Најверојатно во моментот имало повеќе гости, се работи за хотел, каде се претпоставува дека раздвиженоста е поголема.

recenzija centarnjuz tepackaЛинк до оригиналниот напис: Физичка пресметка помеѓу Мијалков и Камчев при што…

Датум и време на објавување: 30.09.2015

Датум на рецензирање: 01.10.2015

Рецензент: Владо Ѓорчев

Насловот е посебна приказна. Пресечен на половина, недоречен. Сензационалистички и тендензицен, накратко – непрофесионален.

Очевидецот тврди дека на средбата дошло најпрвин до вербална, а потоа и до физичка пресметка, при што Мијалков му удрил шамар на Камчев поради незавршување на договорените проекти кои Камчев одбил да ги направи.

Премногу проѕирно, па дури и невозможно. Затоа, текстот е на „стаклени нозе“.

Една од главните причини зошто написот е на „стаклени нозе“ е отсуството на вистински извори на информации.

Пласираните информации, кои навистина се сензационални, не се поткрепени со соодветни извори, а забележливо е високо ниво на импровизација и на произволност. Затоа и не може, а да не се добие впечаток дека овој напис е направен со некаква намера.

Вистинитостa е ептен проблематична затоа што сè што е наведено во овој текст е чиста шпекулација.

Фразата „очевидец на еден непријатен настан се обрати до нашата редакција со писмо“ ништо не кажува. Зошто нема принтскрин од писмото?

Текстот е сензационалистички, ама кога внимателно ќе се прочита, се гледа дека содржината е релативно празна, жолта. Таа не е информативна и најверојатно е неточна.

Како што почнува, така и завршува овој текст. Со шпекулации без аргументи. Поради тоа и е тешко да се поверува дека е вистинит. Тој е зачинет со коментари, дури и со тези од типот „потврдено е дека имале и претходна тепачка“, а никаде нема потврда.

Од друга страна, пак, нема ниту изјави од засегнатите лица, ниту новинарот се потрудил да обезбеди. Тоа, исто така, го прави текстот несодржаен и непрофесионален.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести