Лепено, сечено и извадено од контекст
Објавено во Рецензии
on 4 - 10 - 2015 Автор: Владо Ѓорчев
[Рецензија: Експертите со факти за администрацијата го разобличија СДСМ]
Ова е текст кој не соодветствува целосно со вистината. Целата забуна почнува уште од насловот и во истиот манир продолжува до крајот на написот. Притоа, експертите и професорите кои учествува во дебатата „Топ тема“ на телевизија „Телма“ се изманипулирани со дел од нивните говори. Земени се парчиња од нив, па преку манипулација се користи замена на тези во интерес на насловот. Значи, целиот текст е направен само да му користи на насловот, кој е тешка манипулација.
Линк до оригиналниот напис: Експертите со факти за администрацијата го разобличија СДСМ
Датум и време на објавување: 29.09.2015, 14:51
Датум на рецензирање: 30.09.2015
Рецензент: Владо Ѓорчев
Да почнеме од насловот. Тој тврди: „Експертите со факти за администрацијата го разобличија СДСМ“.
Прво, СДСМ нема никаква врска со последните случувања околу точната бројка на бројот на административци. Оваа партија, во ниту еден момент не беше вклучена во пласирање на бројката. Имено, првиот текст околу бројот на администрацијата ја објави „Утрински весник“, во текст со наслов: БРИСЕЛ ЌЕ СЕ ВКЛУЧИ И ВО ИЗБОРИТЕ. Во овој текст на крајот стои:
„Најинтересна информација што произлезе од дијалогот на високо ниво зад затворена врата е дека Владата конечно излегла со прецизна бројка за обемот на државната администрација која, како што известиле, во моментов брои 185.000 без тие во јавните претпријатија, за разлика од 2006 година, кога била 65.000 или зголемена за речиси триста отсто!“
Потоа, овој текст беше преземен од поголемиот број портали, а неколку дена подоцна демант имаше од Министерството за администрација и информатичко општество:
„Во интерес на граѓаните и на вистината, информираме дека во јавниот сектор се вработени 128.253 лица во вкупно 1.354 институции, вклучително и во јавните претпријатија и тоа е далеку помалку од бројката со која лажно се шпекулира во јавноста.“
Што врска има неофицијалната информација произлезена од дијалогот на високо ниво со СДСМ, не е откриено во текстот.
Со ова се демантира овој пасус во текстот:
„По низата лаги од опозицијата во врска со бројот на вработени во јавната администрација, експертите излегоа со свои ставови.“
Манипулацијата на текстот продолжува и понатаму и се вели: Со овие цифри се сложуваат и експертите кои гостуваа во „ТОП ТЕМА“ на Телма телевизија.
Исто така и ова не е точно. Со ниту едни цифри не се согласуват учесниците во дебатата, туку тие кажуваат свои видувања, со показатели од ММФ, свои анализи и претпоставки. Па, така, ако убаво се видат изјавите, ќе се забележи манипулацијата на написот. На пример, професорот Драган Гоцевски не тврди така како што сака да каже насловот. Тој, а и во овој текст е пренесено, вели:
„Некаде 1998-ма година чинам дека ММФ за прв опат вади некоја бројка кај нас 120-125.000 вработени во вкупен јавен сектор според некоја нивна методологија, нашиот дефицит односно дефицитот на капацитетите на РМ што не создавале соодветни залихи на информации. Не воделе соодветни регистри колку луѓе каде работат. Податокот за колку луѓе каде работат го има секоја организација само за својата организација, истакна тој.“
Каде тука тој тврди дека бројката од 185.000 е опозициска и манипулација? Никаде. Напротив тој вели дека податокот за колку луѓе каде работат го има секоја организација само за својата организација. Значи, никој точно не може да знае колку вкупно брои државната и јавната администрација. Втората дилема што ја отвора професорот е податокот во кој тврди дека во 1998 година ММФ оперирала со бројка од 120-125.000 вработени во вкупниот јавен сектор. И тоа во 1998 година? А оттогаш досега? Бројката да не е намалена случајно? Овој момент текстот воопшто не го разработува.
Работата која, исто така, воопшто не е земена предвид во текстот, а би требало, е кратко потсетување за начинот на вработување во администрацијата во Македонија. Секаде е предвидено транспарентно работење, секаде е предвидено вработување по „мерит“ систем, а нас ни е совршено јасно дека имаме класичен „споилс“ систем, или т.н. систем на плен. Доаѓа една власт и администрацијата станува нејзин плен. Таа го зема пленот наречен администрација и таму се вршат, пред сè, партиски вработувања.
„Доколку се направи компарација на бројот на вработени во јавната администрација во Македонија со земјите членки на ЕУ, ќе се дојде до резултат дека дека дури 17 земји членки на ЕУ имаат повеќе вработени лица во централната јавна администрација според бројот на жители.“
Можеби овие бројки во овој текст се вистинити. Но, нема направено некоја кратка компаративна анализа да се каже колку е БДП во тие земји. Дали можат финансиски да издржат толкави администрација. Дали таму се врши намалување или зголемување на администрацијата? Овие податоци во текстот ги нема.
Како почнува така и завршува овој напис. Со сечени делови од говорите на учесниците во дебатата. Дел од нивните говори се извадени и од контекст. Притоа, нема критички осврт на темата. Нема колку луѓе се вработиле последниве години и како се доаѓа до работа во државната администрација. Значи, ова е некомплетен, а со тоа и несодржаен текст, кој е манипулативен и зачинет со спин.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
неточни наводи
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
повеќе извори
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор, наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
наведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови