verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Вистинитостa – ептен проблематична или чиста шпекулација

on 11 - 09 - 2015       

recenzija-kavga-Mijalkov-crop-resize

 

[Рецензија: ЕКСКЛУЗИВНО: ЖЕСТОКА РАСПРАВИЈА ПОМЕЃУ, КАМЧЕВ, МИЈАЛКОВ И ГРУЕВСКИ]

 

Ова е текст како од жолт печат. Во него има сè и сешто, но ништо не може да се потврди. Дури и самиот пристап на пишување на текстот е проблематичен. Текстот е како во цртан филм. Имено, ако биле тројца присутни, сами, во куќа на Водно, кој е изворот? Еден од тројцата присутни? И зошто тие би кажале некому за својата кавга? Или некој ги чул од соседната куќа? Премногу провидно, па дури и невозможно. Затоа, текстот е на стаклени нозе и е денеска на рецензија.

recenzija kavga MijalkovЛинк до оригиналниот напис: ЕКСКЛУЗИВНО: ЖЕСТОКА РАСПРАВИЈА ПОМЕЃУ, КАМЧЕВ, МИЈАЛКОВ И ГРУЕВСКИ

Датум и време на објавување: 07.09.2015

Датум на рецензирање: 11.09.2015

Рецензент: Владо Ѓорчев

Вистинитостa во oвој напис е ептен проблематична затоа што сè што е наведено во овој текст е чиста шпекулација.

Една од главните причини за тоа е отсуството на вистински извори на информации. Фразата „извори блиски до Центарњуз“ ништо не кажува. Напротив, изворите би требало да бидат блиски до лицата што биле во куќата. Изворот, во сериозно новинарско четиво, е точно одреден и приближно објаснет.

Се шпекулира дека причината за оваа расправија биле одредени бизнис- зделки кои не биле завршени поради турбулентноста на македонската политика од објавувањето на „бомбите“ од страна на опозицијата. Голема реакција имало и околу губењето на контролата врз „Медиа Принт Македонија“ и новинарите кои работат внатре.

Текстот е сензационалистички, ама кога внимателно ќе се прочита, се гледа дека содржината е релативно празна, жолта. Таа не е информативна и најверојатно е неточна.

„Веќе одреден период се зборува за тоа како платите на вработените во МПМ се видно намалени и се спремаат отказни решенија во трите дневни весници за сите оние кои нема да бидат послушници на режимот. Дел од расправијата биле и поплаките на Камчев за тоа како државата му должи голема сума на пари и дека истиот не бил во можност да ги сервисира обврските како последица на долгот кој држата го има кон него.“

Во дел од текстот веќе познати работи (вработените од МПМ протестираа поради намалените плати) се објавуваат како сензационални и ексклузивни. И понатаму текстот „везе“ шпекулации, непотврдени, дел познати…

Како што почнува, така и завршува овој текст. Со шпекулации без аргументи. Поради тоа и е тешко да се поверува дека е вистинит. Од друга страна, пак, нема ниту изјави од засегантите лица, ниту новинарот се потрудил да обезбеди. Тоа, исто така, го прави текстот несодржаен и непрофесионален. Затоа, ова е уште еден текст кој повеќе е за во жолт печат, отолку за во медиум кој претендира да биде сериозен.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести