verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Нецелосната вест треба да се провери

on 6 - 10 - 2015       

recenzija-filip-plocnik-crop-resize

 

[Рецензија: ПОЛИЦИЈАТА ПРОНАЈДЕ БЕЗЖИВОТНО ТЕЛО: Филип скокнал на плочник со исцртано срце!]

 

Неподнослива практика на некои бескрупулозни „медиуми“ да изоставаат детали во веста, преку кои би се видело каде се случила тргедијата. Користат настани од регионот (намерно е изоставено презимето кое го има во истата вест на другите веб-страници) со конструиран наслов, како тука да се случило, за да привлечат публика“. Ова е пораката на читателот кој текстот го предложил за рецензија и кој е речиси целосно во право.

recenzija filip plocnikЛинкуван наслов на анализираниот напис: ПОЛИЦИЈАТА ПРОНАЈДЕ БЕЗЖИВОТНО ТЕЛО: Филип скокнал на плочник со исцртано срце!

Датум и време на објавување: 30.09.2015, 04.33

Датум на рецензирање: 05.09.2015

Рецензент: Владо Ѓорчев

Прво што мора да се забележи е дека овој текст е намерно направен за читателот да мисли дека настанот се случува во Македонија. Тоа воопшто не е професионално, затоа што написите треба секогаш да бидат објективни и содржајни, што овде не е случај. Насловот треба точно да го определи местото каде што се случил настанот.

Почетокот на веста, исто така, не е коректен, односно нема одговорено на сите пет плус две прашања во новинарството. Во овој текст нема одговор на прашањето „каде“? Има локација дека рипнал од Бранков мост, ама нема каде се наоѓа овој мост. Над која река? Не секој мора да знае каде е овој мост, најмалку, пак, поради тоа што нема ни која е реката? Инаку, за помладите и за оние кои досега не слушнале, Бранков мост се наоѓа во Белград и под него поминува реката Сава. Тој е доста познат, но тоа не значи дека не треба да се лоцира неговото место.

Целиот текст е без критички осврт и е буквално преведен. Не се прочепкало повеќе околу случката. Така како што бил даден во српски „Ало“, така е и кај нас.

Една изјава завршува со „раскажува една жена во продавницата во која Филип често пазарувал“.

Ова вака оставено не дава голема верба во вистинитоста на изјавата, па ниту на целиот текст. Не може да не се лоцира местото и продавницата каде што, наводно, е земена изјавата.

Во целиот текст нема ниту податок каде живеел Филип, дали учел, каде студирал.

Спорен, исто така, е и начинот на известување за самоубиство, каде што не се запазени препораките за вакви случаи. Текстот е полн со шпекулации кои треба да се избегнуваат при вакви трагедии, особено за настани што не се од јавен интерес. На крајот на краиштата, сè е на база на шпекулација, нема ништо потврдено, а текстот, ниту преведениот, ниту српскиот, не нуди информации од МВР или од некоја служба надлежна за тоа.

Сè на сè, овде се работи за некомплетен текст. Нема потврда за случката, а нема ниту основни новинарски елементи. Кога се преведува еден текст, тој не мора буквално да биде преземен. Треба да се повнимава и на квалитетот, па ако има потреба, и критички да се осврне на него.

SOS_linija_3136-400


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести