verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Повелете, текст погоден за партиско соопштение

on 6 - 10 - 2015       

Скандал-Во-Куманово-нема-роднина-на-Дамјановски-што-не-е-вдомен-NetPress-crop-resize

 

[Рецензија: Скандал: Во Куманово нема роднина на Дамјановски што не е вдомен во локалните институции]

 

Единствениот скандал во оваа објава се обвинувањата кои се дадени без цитирање на извор и без докази. Мотивацијата за вакви обвинувања му останува позната само на анонимниот автор, но ваквиот материјал, кој несреќно се нашол во рубриката за анализи, може да биде корисен само за партиска прес-конференција во Куманово.

Скандал  Во Куманово нема роднина на Дамјановски што не е вдомен во локалните институции   NetPressЛинк до оригиналниот напис: Во Куманово нема роднина на Дамјановски што не е вдомен во локалните институции

Датум и време на објавување: 30.9.2015, 12:18

Датум на рецензирање: 05.10.2015

Рецензент: Александар Пешев

Текстот ветува информации, констатира финансиски состојби и обвинува за партиски вработувања, а сето тоа без ниту еден доказ или атрибуција во првите два пасуси. Единственото нешто скандалозно за ваквата објава, која анонимниот автор ја класификува како анализа, е фактот што е објавена без конкретни докази.

„Додека Општината Куманово се дави во долгови, општинските претпријатија врзуваат едва крај со крај, а граѓаните се жалат поради неработа и нефункционирањето на локалната власт …“

Ниту еден од овие елементи не е поддржан со соодветни податоци. На публиката не ѝ се презентира информација со која би се покажало колкави се долговите на Општината, нема изјава од јавно претпријатие за да се поддржи тврдењето дека едвај врзуваат крај со крај и нема ниту една изјава од граѓанин, барем во форма на анкета, за да се покаже дека некој се жали. Новинарска анализа не подразбира трупање непроверени или непотврдени тврдења. А, зошто се прави тоа? Токму во следниот пасус се пронаоѓа индикатор за политичката пристрасност на објавата:

„Куманово е претворено во пашалак на Дамјановски и СДСМ.“

И повторно немаме одговор на елементарните прашања што треба да се постават пред објава на новинарски текст: Кој го вели ова? Кој го тврди ова? Кој е изворот на информацијата? Текстот продолжува со повторување на веќе пласираните непроверени тврдења, кои би можеле да се класифицираат како клевета, за потоа да презентира поконкретни информации. Следи листа на имиња на лица кои, наводно, биле вработени во институциите на локалната власт по налог на градоначалникот. Ризикот при објавата на вакви информации е во тоа што секогаш мора да постојат докази за тврдењата, бидејќи еден ваков текст лесно може да „закачи“ тужба. Како и да е, останува фактот дека имаме еднострана објава. Авторот, освен тоа што не презентира конкретни докази за своите тврдења, не остава впечаток дека се потрудил да му даде можност на прозваниот да се изјасни во врска со обвинувањата. Еднострана, неиздржана и, сè на сè, непрофесионална објава, несреќно класифицирана како „Анализа“.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести