verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Упорно со приказната „добил вазна во глава“

on 6 - 10 - 2015       

http___netpresscom_mk_bivsiot-grad-crop-resize

 

[Рецензија: Бившиот градоначалник на Охрид добил вазна во глава во тепачка]

 

Текстот што го рецензираме погрешно ја информира јавноста дека „бившиот градоначалник на Охрид добил вазна во глава во тепачка“. Дезинформирањето се прави уште со самиот наслов, а целосно идентична порака се испраќа и со поднасловот, кој е во иста форма, што изгледа некако чудно.

Инаку, според изјавата на поранешниот охридски градоначалник, Александар Петрески, тој воопшто не бил мета на напад, туку бил инволвиран во инцидент, при што го спречил напаѓачот да употреби огнено оружје во расправија со друга личност.

http___netpress.com.mk_bivsiot-gradЛинк до оригиналниот напис: Бившиот градоначалник на Охрид добил вазна во глава во тепачка

Датум и време на објавување: 03.10.2015

Датум на рецензирање: 04.10.2015

Рецензент: Оливера Војновска

 

ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Написот се потпира на неофицијални информации, кои иако не се потврдени барем од уште еден извор (како што налагаат професионалните новинарски стандарди), сепак, се пласираат како стопроцентна вистина. А, фактички се неточни.

Имено, повикувајќи се на неофицијални извори, на читателите им се соопштува дека:

„Александар Петревски бил удрен со вазна во глава. Инцидентот се случил денес околу 14 часот во канцеларии на Агенција за недвижности…

… во канцелариите избувнала тепачка помеѓу неколку лица од Охрид и Струга. Во канцеларијата биле три лица, а еден од нив е бившиот градоначалник на Охрид

Како што дознаваме, Петрески е префрлен во болница и е хоспитализиран“

Но, Петрески  ја демнатираше ваквата објава (слични написи имаше во повеќе медиуми), раскажувајќи што, всушност, се случило во споменатата канцеларија на улицата Туристичка во Охрид.

„Откако сопственикот на фирмата, кој воедно е сопственик и на угостителскиот објект за кој тој водеше разговор со друго заинтересирано лице, ги соопшти условите под кои е подготвен истиот да го продаде, потенцијалниот купувач, кој инаку претходно го поседувал па го продал тој објект, наеднаш ја крена вазната која беше на стаклената маса пред него и се обиде да ја фрли кон соговорникот, во што беше спречен од моја страна. Потоа тој се обиде да извади пиштол, но успеав да го спречам во неговите намери, во што помогна уште едно лице кое во меѓувреме влезе во канцеларијата. Беше повикана полиција, а напаѓачот се даде во бегство.“

Неговата верзија, пак, се совпаѓа со официјалната информација за инцидентот, соопштена од МВР наредниот ден, на 4 септември 2015 година. Интересно е што медиумот го објавува полициското соопштение, но и покрај тоа, на крајот од текстот ја повторува приказната дека „поранешниот градоначалник учествувал  во тепачка  и добил вазна по глава…“

Тоа дополнително го засилува впечатокот дека во написот постои тенденција Петрески да се претстави во негативно светло. И, веројатно, тргнувајќи од таквата идеја, намерно е пласирана неточна информација за настанот.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести